3.8 C
Скопје
28/11/2022 03:19
МАКТЕЛ

   

Бојкот на СП: „Катар е капката која ја прели чашата“

 

Бројни кафулиња во Германија нема да ги пренесуваат натпреварите од фудбалското првенство во Катар. Репортерот на ДВ посети едно од овие култни места. Во Германија нема ни трага од типичната атмосфера пред еден Мундијал. Поголем дел од луѓето дури тврдат дека нема да ги гледаат натпреварите. Кон бојкотот се приклучуваат и голем број кафулиња кои вообичаено имаат телевизори и пренос на фудбалски натпревари. Репортерот на ДВ посети едно од култните места во Келн.

Култната келнска кафана „Лота“ речиси веќе три децении е чувар на убави сеќавања поврзани со незаборавни фудбалски моменти. Кога победува фудбалскиот клуб Келн, тука се случува ерупција на возбуда и славење. Луѓе кои не се познаваат меѓусебе се гушкаат од радост, додека на шанкот се точи познатото келнско пиво во тенки чаши.

 

„Лота“ беше преполна и онаа вечер кога Марио Геце го даде легендарниот гол во продолжението на финалниот натпревар против Аргентина. Така Германија го освои Мундијалот во 2014 година и овде сите се сеќаваат на тој момент во кој се случи ерупција од радост.

Оттука воопшто не е шега тоа што ко-сопственикот на кафеаната, Петер Цимерман, кој дваесет години нема пропуштено ниту еден натпревар на ФК Келн на стадион, реши дека телевизорите нема да бидат вклучени додека трае Светското првенство во Катар и во кафеаната нема да се гледаат натпреварите.

„Сакаме да ставиме до знаење дека не се согласуваме со овој до срж корумпиран систем на ФИФА, каде всушност се работи само за пари, а никого не го интересираат човековите права и фудбалската култура. Катар е круна на таквата пракса – угнетување на жените,  дискриминација на хомосексуалци, катастрофални услови за работа,“  вели Цимерман.

Мнозинството Германци ќе го игнорираат Катар?

Додека ќе се игра во Катар, во „Лота“ ќе има квизови, турнири во пикадо и фудбалчиња, и ќе се играат турнири во фудбал на Плејстејшн. Ќе има и дебата за ФИФА, Катар и бојкотот.

Оваа идеа на келнската каефана стана вирална на социјалните мрежи, па дури и јапонска телевизиска екипа дојде да ја сними дружината кај „Лота“.

„Како што се приближува Светското првенство, ни стануваше сè појасно дека Катар е капката која ја прелеа чашата и дека не можеме да го поддржиме тоа,“ вели Цимерман. Тие уште во април објавија дека ќе го бојкотираат првенството. „Реакциите беа веднаш позитивни и со воодушевување, иако тогаш се уште бевме малцинство.”

Според една скорешна анкета сега таков став има мнозинството. Дури 56% од Германците изјавиле дека нема да гледаат ни минута од фудбалот од Катар, 15% ќе гледаат помалку од досега, 18% ќе гледаат исто како до сега, а само два проценти ќе гледаат повеќе од досега. Од оние кои нема да гледаат, половината како причина наведуваат дека не се интересираат за фудбал, а другата половина вели дека тоа ќе го прави од протест.

Во Германија нема ни трага од еуфорија која би била вообичаена пред еден Мундијал. Нема автомобили со знаменца, а речиси никој не го собира официјалниот Панини албум со сликички. Можеби е поради студеното време, но двата најголеми синџири за спортска опрема велат дека продале само половина од бројот на дресови споредено со пред четири години.

Навивачите го прифатија протестот

Во „Лота“ дури ги исфрлија од понуда сите марки на пиво кои на етикетата го имаат додадено пехарот од Светското првенство. Додуша, во „Лота“ добиваат и по некој критички коментари по мејл или на Инстаграм – ги нарекуваат лицемери кои не сакаат да гледаат фудбал од Катар, но дека радо би се грееле на енергенси од таа земја.

Но Цимерман воопшто не жали за одлуката. „Секако дека Светско првенство секогаш носи добар дополнителен приход, пред се кога игра Германија. Но, имаме и редовни гости, а се надевам дека нашата алтернативна програма ќе привлече и други луѓе. Тие велат дека го сакаат фудбалот, но дека ова со Катар отиде предалеку.”

Во вторник (22 ноември) во „Лота“ ќе дојде и Дитрих Шулце – Мармелинг. Авторот на бројни книги за фудбалот веројатно ретко оди во овој келнски паб, бидејќи тој е страстен навивач на Дортмунд, но ќе учествува во дебатите во „Лота“. Шулце – Мармелинг е пионер на оваа акција, бидејќи уште пред две години повика на бојкот и напиша книга за контроверзниот избор на Катар да го организира Светското првенство.

„Ме изненади до која мерка протестите сами од себе пораснаа во изминативе недели. Особено протестите на навивачите во последните три кола од Бундеслигата,“ вели Шулце – Мармелинг за ДВ.

„Мислам дека со години се таложеше ова и Катар за многумина беше уште полош избор од Русија. За Русија можеше да кажете дека е барем голема земја со некаква фудбалска традиција. Но, Катар со своите 350.000 граѓани е апсурд,“ додава Шулце – Мармелинг.

Германија – светски шампион во морализирање?

Неговата идеја е никој од навивачите да не патува во Катар, ниту да купува производ со логото на Светското првенство. Тој се надева дека на организаторите повеќе нема да им биде привлечно да организираат вакви „перверзни“ првенства и „ понатамошно да го уништуваат фудбалот“. Дали Шулце – Мармелинг има разбирање за оние кои ќе навиваат покрај ТВ екраните?

„Јас не осудувам никого, дури имам и разбирање. Дали сите што сега велат дека нема да гледаат ќе издржат до крај и во случај ако Германија игра добро? Важно е само да не се изгуби критичкиот поглед на турнирот“, вели тој. „Потребна ни е дискусија за тоа каде да ја насочиме иднината на фудбалот.

Во Германија протести од навивачите не се невообичаени – против расизмот, хомофобијата или влијанието на инвеститорите врз фудбалот. И во оваа ситуација бојкотот е најгласен во Германија, додека во поголемиот дел од земјите чии репрезентации играат во Катар ова воопшто не е тема. Некои дури со потсмев велат дека  Германија е светски шампион во морализирање.

„Ако темата за човековите права има посебен одек во Германија, тогаш можеме да бидеме горди на тоа“, вели Шулце-Мармелинг. На обвинувањата дека бојкотот е важен само во „германскиот меур“, вели дека нивната акција е забележана во целиот свет и дека често добива барања од други земји, на пример од Англија. Од него, вели, бараат совет како да го направат нивниот бојкот успешен.

   

Најново

БОМБА НА ЉУБЧО ЗА СТОЈМЕНОВ: Постојат документи дека зел милион евра провизија за продажбата на Стопанска Банка на Грците

Sase Ivanovski

ТАМАН КОГА ЌЕ ЗАБОРАВИШ КОЛКАВО ЗЛО СЕ ВМРОВЦИТЕ, ЌЕ ТЕ ПОТСЕТИ БРАНЕ ОД КУМАНОВО

Sase Ivanovski

МАЛО МАЛО, АМА ТЕХНИЧАРЧЕ

Sase Ivanovski

ПРОДОЛЖУВА ЗАКАЧКАТА НА ОХРИЃАНИ СО СКОПЈАНИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАПОНЦИТЕ СЕ ОД ДРУГА ПЛАНЕТА: Новинарка ги прашува јапонските навивачи зошто чистат на стадион после утакмица, они викаат дека така се научини од мали секаде да е чисто

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) РТС СЕ ИЗГЛУПИРАА СО ХОЛОГРАМ ЗА СВЕТСКО

Sase Ivanovski

ПОРАНО ВОЛКУ ГЛУПИТЕ ГИ ЈАДЕЛЕ ЛАВОВИТЕ И МЕЧКИТЕ, СЕГА КОМЕНТИРААТ НА СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Sase Ivanovski

НЕ ВАКА БРАЌА ХРВАТИ: Коцкастите се избрукаа со транспарент во кој го навредија фудбалерот на Канада кој е Србин со потекло од Книн, Хрватска

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОВАА ЛИ Е ТАА МОЌНА ЈУГОСЛАВИЈА ОД КОЈА СЕ ТРЕСЕЛ ЦЕЛ СВЕТ: Документарец од 1972-ра за возот Ќирчо од Скопје до Охрид кој патувал 20 часа!

Sase Ivanovski

СЕ КРЧКА НОВ 27-МИ АПРИЛ: ВМРОВЦИТЕ ПАК ЌЕ УПАЃАЛЕ ВО СОБРАНИЕ СО СТАПОВИ?!

Sase Ivanovski

БРАТСКА ХРВАТСКА ПОБЕДИ И НА ТРИБИНИТЕ – НАПРЕД ЛИПА НАША

Sase Ivanovski

КОИ ЛУДАЦИ СЕ ЛЕВИЦА – ЌЕ ВОВЕДУВАЛЕ ПЛАНСКА ЕКОНОМИЈА?!?! А УШТЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОПРАВИМЕ ОД ЗАГУБАРИТЕ ОД КОМУНИЗМОТ….

Sase Ivanovski

ПО АЈВАРОТ НА МАМАС ИМАМЕ НОВ СВЕТСКИ БРЕНД

Sase Ivanovski

Николоски: Онишченко цел свој живот бил само 2 дена присутен во земјава, а му дале државјанство, моите сознанија говорат дека има други вакви случаи, Спасовски да си даде оставка

Tamara Ivanovska

ОСМАНИ ВО БУКУРЕШТ НА МИНХЕНСКА ЛИДЕРСКА СРЕДБА

Tamara Ivanovska

Николоски: Да не прави политика, Арсовска да најде решение со превозниците

Tamara Ivanovska

Николоски: Вакво епско бегање од избори на актуелната Влада немало до сега, знаат дека ќе изгубат

Tamara Ivanovska

(ВИДЕО) Големи нереди на улиците на Брисел откако Мароко ја победи Белгија на светско

Tamara Ivanovska

Спектакуларен концерт на Калиопи во Велес, прв по седум години во земјава

Tamara Ivanovska

„Tерапија“, Драгшиќ и Herzel ќе бидат наши амбасадори на доделувањето на наградата амбасадор во Загреб

Tamara Ivanovska

124 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола 

Sase Ivanovski

МИЛАНОВИЌ САКАШЕ ДА МЕ СМЕСТИ ВО ЗАТВОР, ТОА ГО ДОЗНАВ ОД ДОВЕРЛИВА ЛИЧНОСТ – поранешниот лидер, на ИДС, Јаковчиќ, за хрватскиот претседател

Sase Ivanovski

КОЈ ЌЕ ГО „КОНТРОЛИРА“ РАБОТЕЊЕТО НА МЕНАЏМЕНТОТ НА ТТК БAНКА – Народната банка даде соглсност за двајца членови на Надзорниот одбор

Sase Ivanovski

Русите се подготвуваат да ја напуштат нуклеарната централа во Запорожје?

Sase Ivanovski

Измамник лажно се претставувал како д-р Дејан и крадел од десетици угостители

Sase Ivanovski

ТРАГЕДИЈА: Загина маж во струмичко, со трактор удрил во метална шипка – ова се деталите

Sase Ivanovski

Македонскиот филм „Преекспонирано“ заедно со уште пет филма забранет за јавно прикажување во Каиро

Sase Ivanovski

Водостојот на реките се зголемува, нивото на езерата во рамки на просекот

Sase Ivanovski

Пронајден мртов 26- годишник од Скопје

Sase Ivanovski

Во куќа во Кучково пронајдено тело на старец во распаѓање

Sase Ivanovski

Никогаш не биле забранети обдукции на починати од ковид

Sase Ivanovski

Ковачевски најави скоро пуштање во употреба на експресниот пат Крупиште-Кочани

Sase Ivanovski

Во вакцината на Фајзер нема наночипови и графен оксид

Sase Ivanovski

Хрватските куни во земјава ќе се разменуваат до крајот на годината, соопшти Народна банка

Sase Ivanovski

И здравствените установи ќе штедат и ќе добијат повластена цена за струјата преку договори со ЕСМ продажба

Sase Ivanovski

Сараево и Кијив ќе потпишат договор за пријателство

Sase Ivanovski

Вакцините против ковид не убиле, туку спасиле 20 милиони животи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО)ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА: Митови и дезинформации за сеопфатно сексуално образование

Sase Ivanovski

Девојката која е жртва на струен удар додека се снимала за ТИК-ТОК е сместена на КАРИЛ

Sase Ivanovski

Лек против контаминирана свест!

Sase Ivanovski

Ништо од канабис-револуцијата: Владата го повлекла предлог-законот за извоз на сув цвет

Sase Ivanovski

Борисов предложи експертска влада, Петков одби

Sase Ivanovski

Ранет ловџија од Љуботен

Sase Ivanovski

Грчки владика и офицери го организираат масакрот врз Бугарите во Сер од 1913 г.

Sase Ivanovski

(Видео)Правниците со нови дилеми, кој му дал на синот на Џафери изјава за стаж и нотарски заверена диплома?

Sase Ivanovski

СУГАРЕСКИ: Со лага ага не бидува – влезот во Прилеп од страната на Крушево, или како што прилепчани го викаат „крушевско џаде“, ќе го реконструира Министерството за транспорт и врски кое е и инвеститор, а не Борче Јовчески и ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Посебен режим на сообраќај во понеделник (28.11.2022) во Скопје

Sase Ivanovski

(Видео)Трипуновски: Земјоделците се незадоволни од новиот модел на субвенционирање кој го презентираше власта

Sase Ivanovski

Османи во Ријад на средба со Ал Сауд

Sase Ivanovski

СДСМ:ВМРО-ДПМНЕ да престане да манипулира, договорот што го споменува е за период од 18 месеци

Sase Ivanovski

Не се сите исти. Социјалдемократите се подобри, и тоа сите го знаат

Sase Ivanovski

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Еве како изгледа новиот експресен пат Штип – Кочани, кај Крупиште

Sase Ivanovski

Почнува исплатата на поддршката до 3.000 денари месечно за социјалните категории, од следната година покачување на минималецот и пензиите

Sase Ivanovski

30% ПОПУСТ НА КОЛЕКЦИЈАТА ЕСЕН-ЗИМА Најдобрите понуди за Black Friday во брендовите на Fashion Group! (ГАЛЕРИЈА)

Sase Ivanovski

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Sase Ivanovski

Премиерот на ручек со студентите: Треба да ги слушаме ставовите на студентите и да го подобриме нивниот стандард

Sase Ivanovski

НАЈГОЛЕМОТО ИСТЕКУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИ НЕКОГАШ – од Whatsapp украдени 500 милиони броеви, има и од Србија, Албанија, Грција, Хрватска и Словенија

Sase Ivanovski

Политичарите и експертите алармираат за опасност која доаѓа од радикалната Левица

Sase Ivanovski

Започна со работа првата дестилара за македонска ракија во Северна Америка

Sase Ivanovski

Приватните превозници утре со 30 автобуси ќе ја блокираат крстосницата кај „Мавровка“

Sase Ivanovski

Рама: Ќе дојде конечното признавање, Косово нема да чека колку што чекаше за независноста

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ковачевски на гравче и риба со студентите

Sase Ivanovski

Уапсена внуката на иранскиот врховен лидер, се сврте против Техеран

Sase Ivanovski

ВМРО манипулира, договорот во РЕК Битола е за 18 месеци, реагира СДСМ

Sase Ivanovski

СЕ БОРИМЕ СО САТАНАТА И НАЦИСТИТЕ! Чеченскиот претседател Кадиров ги објасни целите на војната во Украина

Sase Ivanovski

ТРАГЕДИЈА: ДЕВОЈЧЕ УДРЕНО ОД СТРУЈА НА ЖЕЛЕЗНИЦА Несреќата се случила во населбата Маџари (Обновено)

Sase Ivanovski

Тетово има нов водовод ама изграден со многу маани.Водата е за пиење само кога реката е бистра

Sase Ivanovski

Курти: Да бидеме заедно почесто не само на прослави

Sase Ivanovski

Грчкиот весник „Документо” објави нова листа со прислушувани со софтверот „Предатор”

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Жестока тепачка меѓу навивачите на Аргентина и Мексико

Sase Ivanovski

Албанскиот „крал на кокаинот“ избега од затвор во Еквадор

Sase Ivanovski

Облачно со сончеви периоди и слаб северен ветер утре, наместа ќе провејува снег

Sase Ivanovski

Дачиќ: Лицемерен потегот на ФИФА за покренување дисциплинска постапка против репрезентацијата на Србија

Sase Ivanovski

Отстранета спомен плочата на Горан Стефановски во Охрид ?

Sase Ivanovski

Секој 3 имигрант кој го минува Ла Манш е Албанец, тврдат британските медиуми

Sase Ivanovski

Ким Јонг -ун позираше со ќерката и најви дека Северна Кореја ќе стане најмоќна светска сила

Sase Ivanovski

Професорката Ристова: Доказите за малиот на Џафери може да се најдат на Универзитетот, во Академијата..

Sase Ivanovski

ЗНМ со реакција за „Фокус“: Поранешен министер се обидува да цензурира теми од јавен интерес

Sase Ivanovski

Трамп победи во десетина судски постапки што се водеа против него

Sase Ivanovski

Пејачката Шер си фати 40 години помлад дечко

Sase Ivanovski

Leave a Comment