„Ако ги земеме статистичките податоци кои ги потенцирам изминативе денови, ние 2021 и 2022 месеците декември и јануари имаме некаде бројка околу 50.000 барања на луѓе за смена на некој личен документ. И тоа мислам дека тие бројки беа ниски заради таа политичка битка која се водеше на социјалните медиуми и телевизиите дека ќе се укине Преспанскиот договор. Тоа траеше до моментите кога и граѓаните увидоа и самите политичари признаа дека нема да го менуваат Преспанскиот договор, дојдовме до ситуација кога МВР овој декември и јануари прима над 170.000 апликации. Со тоа сакам да потврдам дека МВР е подготвено да прими и толкав број на апликации, да ги услужи граѓаните и во одреден момент да им ги издаде патните документи. И вчера како што знаете, добивме одредена пратка на обрасци и темпото на издавање продолжува со несмален интензитет.“, потенцираше Бојмацалиев.
На сугестија на новинарот дека МВР треба во секое време да биде подготвено со доволен број обрасци, без разлика дали граѓаните сите наеднаш решиле во последен момент да ги сменат личните документи, Бојмацалиев потврди дека МВР е подготвено да ги задоволи потребите на граѓаните.