По повод претстојниот голем јубилеј на нашата монашка заедница – триесет години од замонашувањето на нашиот Старец, Епископот Антаниски г. Партениј и возобновата на монашкиот живот, денеска браќата монаси од Бигорски и сестрите монахињи од Рајчица и Пречиста, заедно со Старецот, го посетивме нашиот драг Митрополит, Неговото Високопреосвештенство г. Тимотеј Дебарско-кичевски, во неговата Света Митрополија во Охрид.
Целта на нашата посета беше да му се заблагодариме на нашиот монахољубив архипастир што точно пред 29 години го повика и на 5 август 1995 година го замонаши нашиот Старец, благословувајќи го неговиот иден подвиг за обнова на Бигорски и на монашкиот живот општо. Всушност, со неговиот благослов започна сè.