Новоименуваниот бугарски амбасадор во земјава Жељашко Радуков беше повикан во попладневните часови во Министарството за надворешни работи, како би му била врачена протестна нота поради случајот на неистакнувањето на македонското знаме на состанокот во Софија помеѓу претседателите на двете земји, Гордана Сиљановска Давкова и Румен Радев. Во Министерството за надворешни работи за „Слободен печат” потврдија дека амбасадорот Радуков одбил да ја прими протестната нота од нашето министерство.
Најновите тензии во односите меѓу Скопие и Софије настанаа откако на официјалната фотографија на состанокот во Софија меѓу Сиљановска Давкова и Радева го немаше македонското знаме. Софија одговори дека посетата на македонската претседателка не е ниту државна ниту работна и дека Сиљановска-Давкова ќе биде дочекана со државно знаме кога ќе дојде во официјална државна посета.