Eкипата на Црвена Звезда славеше важна победа против Олимпијакос во рамките од 30. коло во Евролигата со 73:81 и тоа среде Атина. Српскиот гигант уште од почетокот најави дека се цврсто решени да дојдат до победа, па по првата четвртина Звезда водеше со високи 8:20. Звезда продолжи да биде подобар противник и во продолжение, a на пауза заминаа со предност од 27:43.
Олимпијакос ја доби третата четвртина со 28:15 и дојде до минус четири во последната четвртина. Сепак, Звезда не дозволи предност и набрзо со три тројки ја врати сигурната предноста која не ја испушти до крајот на натпреварот. Најефикасен беше Геидраитиси со 20 поени, додека во редовите на Олимпијакос Везенков уфрли 19 поени. На табелата во Евролигата Олимпијакос е лидер, додека Звезда е на седмата позиција и води битка за шестата која е последна што обезбедува место во четвртфиналето.