Наспроти тврдењето во постот дека вакцините убиле 20 милиони луѓе, студијата за математичко моделирање објавена во „Лансет заразни болести“ во јуни 2022 година, покажува дека вакцините против ковид-19 спасиле речиси 20 милиони животи ширум светот во текот на првата година кога беа пуштени во употреба, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.Пост на Фејсбук тврди дека вакцините против ковид-19 „убиле“ 20 милиони луѓе. Ова не е точно. Запомнете, сетете се на единаесетти ноември! Во Првата светска војна загинаа околу 20 милиони луѓе, исто толку колку што досега беа убиени од таканаречените „вакцини“ за Ковид-19! Наспроти тврдењето во постот дека вакцините убиле 20 милиони луѓе, студијата за математичко моделирање објавена во „Лансет заразни болести“ во јуни 2022 година, покажува дека вакцините против ковид-19 спасиле речиси 20 милиони животи ширум светот во текот на првата година кога беа пуштени во употреба.Студијата проценува дека вакцините против ковид-19 помогнале да се намали глобалниот број на смртни случаи за 63 отсто во текот на првата година кога станале достапни. Студијата, исто така, покажа дека поправедната дистрибуција на вакцините за ковид-19 можела да спречи значителен број смртни случаи во земјите со ниски приходи.Во врска со ова д-р Оливер Вотсон, истражувач на Империал колеџ во Лондон, вели:

   

Нашите наоди нудат најкомплетна проценка до сега за извонредното глобално влијание што вакцинацијата го имаше врз пандемијата ковид-19. […] Нашите наоди покажуваат дека милиони животи веројатно се спасени со тоа што вакцините се достапни за луѓето насекаде, без оглед на нивното богатство. Сепак, можеше да се направи повеќе. Доколку целите поставени од СЗО беа постигнати, проценуваме дека приближно 1 од 5 од проценетите животи изгубени поради ковид-19 во земјите со низок приход би можеле да бидат спречени.Вакцините спречија 19,8 милиони од потенцијалните 31,4 милиони смртни случаи во текот на првата година, откако првпат беа воведени во декември 2020 година до декември 2021 година, се вели во студијата, која ги прегледа записите за смртни случаи од ковид и податоците за вишокот смртни случаи од 185 земји и територии, пренесува ФорбсВакцините спасија најмногу животи во земјите со високи и високи средни приходи, каде што истражувачите проценија дека зголемениот пристап до вакцините спречи 12,1 милиони смртни случаи.Студијата го покажува „извонредното глобално влијание“ на вакцинацијата врз пандемијата, посочи д-р Вотсон, водечкиот автор на студијата и научен соработник на Шмит во Центарот за глобална анализа на заразни болести на Советот за медицински истражувања на Империал колеџ во Лондон.

 

Скоро 600.000 повеќе смртни случаи би можеле да се избегнат доколку се постигнеше целта на Светската здравствена организација за вакцинирање на 40 отсто од населението во секоја земја до крајот на 2021 година, открија истражувачите.Додека скоро 80 отсто од смртните случаи биле избегнати поради директната заштита обезбедена со вакцинација, 4,3 милиони смртни случаи биле спречени поради индиректна заштита понудена од други вакцинирани, што доведе до намалување на преносот на ковид и намален товар на здравствените системи, открија истражувачите.Неколку регионални студии го процениле бројот на спасени животи со вакцинација против ковид, но студијата на Лансет е првата што го квантифицира влијанието на вакцините на глобално ниво преку моделирање, заклучува Форбс.Имајќи го предвид сето ова, може да се заклучи дека вакцините против ковид-19 не „убиле“ 20  милиони луѓе, тука спречиле смрт на 20 милиони луѓе. Поради тоа, постот кој го анализираме, го оценуваме како невистинит.