Марјанчо Малинов, татко на 23-годишната Теодора од Велес, вчера пријавил во СВР Велес дека таа заедно со нејзината двегодишна ќерка се оддалечила од нивниот дом. Од СВР Велес информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на мајката и нејзиното дете, а за „Фокус“ Марјанчо појаснува зошто го пријавил заминувањето на возрасната ќерка во полиција.
– Загрижен сум затоа што не знам каде се, со неа е внуката која има само две години. Теодора е среде бракоразводна постапка, сопругот и е во притвор и таа две години живееше со нас, има кат во куќата за неа и за внуката. Дента кога таа замина, имавме расправија дома, и знам дека заминала во полиција. И било кажано дека со неа ќе разговара социјален работник, но мислам дека се исплашила да не и го земат детето, и затоа заминала.
Потоа дознавме дека отишла на автобуската станица, и со автобус заминала во Струмица. Ние во Струмица никого не познаваме, ниту пак имаме пријатели кај кои би можела да оди. Замолувам ако некој ја видел, веднаш да ме побара на телефон – вели таткото на Теодора. Додава дека ќерка му две години немала мобилен телефон, со себе не зела пасош, туку само картичката на која и пристигала социјалната помош.
– Таа нема доволно средства за може да опстане со детето, помошта која ја добиваше изнесува околу осум илјади денари. Со тие пари не може да се грижи за детето, овде кај нас имаа се што им треба. Апелирам ако го прочита ова, да ми се јави и да се врати, или пак ако некој ја забележи веднаш да ме побара на 078 409 579, порача велешанецот.