30.8 C
Скопје
12/06/2025 12:07
МАКТЕЛ

   

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

      

Обединетото Кралство соопшти дека неговите санкции ќе бидат насочени кон десетици субјекти кои „ја поддржуваат руската воена машинерија, извозот на енергенси и информативната војна, како и финансиските институции што ја финансираат инвазијата на Путин врз Украина“. Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, ја обвини Русија дека „се обидува да купи време за да ја продолжи својата војна и окупација“. Обединетото Кралство соопшти дека неговите санкции ќе бидат насочени кон десетици субјекти кои „ја поддржуваат руската воена машинерија, извозот на енергенси и информативната војна, како и финансиските институции што ја финансираат инвазијата на Путин врз Украина“.

„Путин сѐ уште нема воспоставено целосен, безусловен прекин на огнот каков што побара претседателот Трамп, а кој претседателот Зеленски го поддржа пред повеќе од два месеца“, соопшти британското Министерство за надворешни работи. Кратко потоа, шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, изјави дека ЕУ одобрила санкции насочени кон „сенчестата флота“ на Русија која брои околу 200 бродови, и дека се подготвуваат дополнителни санкции. „Нов бран санкции против Русија е во подготовка“, објави Калас на мрежата Х. „Колку подолго Русија води војна, толку поостар ќе биде нашиот одговор“. Зеленски изјави дека Украина нема сомнеж дека војната „мора да заврши на преговарачка маса“, но додаде дека мора да има јасни и реални предлози, и повика на зголемен притисок врз Русија. „Работиме со партнерите за да извршиме притисок врз Русија да се однесува поинаку. Санкциите се важни, и сум благодарен на сите кои ги прават почувствителни за извршителите на војната“, рече тој.

   

Трамп, по повикот со Путин, даде на знаење дека САД не се подготвени да се приклучат кон санкциите на Европа. Како реакција на новите санкции, руското Министерство за надворешни работи ја обвини Европа дека се обидува да го спречи обновувањето на директниот дијалог, додавајќи: „Русија никогаш не одговара на ултиматуми“. Објавата за новите санкции ја потенцираше неуспешната медијација на Трамп во војната, бидејќи стана јасно во Киев и во други европски престолнини дека Трамп, всушност, ја прифатил тврдоглавоста на Путин и одбивањето на повикот за итен прекин на огнот. Наместо тоа, Трамп го префрли товарот на Киев и Москва да преговараат меѓу себе, можеби под покровителство на папската дипломатија. Тој се потруди во понеделникот да го истакне „одличниот“ разговор со Путин, сугерирајќи дека преговорите меѓу двете страни ќе започнат „веднаш“, но брзо стана јасно дека се повлекол од какво било барање до Русија за прогласување итен прекин на огнот. Описувајќи ги идните разговори, Трамп рече: „Условите ќе бидат преговарани меѓу двете страни, како што и треба да биде, бидејќи тие знаат детали од преговорите што никој друг не ги знае“.

Коментарите на Трамп изгледа ја одразуваат неговата сѐ помала заинтересираност за ангажман во обидите да се стави крај на војната во Украина, по изјавите од Белата куќа дека тој е „изморен и фрустриран“, и повторно се закани дека „само ќе се повлече“ по разговорот со Путин. Повторно изгледаше дека се потчинува на Москва, поддржувајќи го повикот на Путин за преговори меѓу Украина и Русија. Иако Трамп сугерираше дека ја губи трпеливоста со Путин поради тврдоглавоста на Москва, таа расположба не се одрази во официјалниот извештај од Белата куќа за разговорот. Некои аналитичари сметаат дека Трамп повторно применува позната тактика од неговиот втор мандат: тврди дека постигнал успех и продолжува понатаму – како што тоа го направи со кратката кампања против Хутите во Јемен и со некои аспекти од трговската политика. Позицијата на Русија останува непроменета – таа инсистира дека договорите за нејзините долготрајни и максималистички барања се предуслов за можен привремен прекин на огнот.

Тоа го потврди и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, по повикот Трамп–Путин, кога рече дека „нема временска рамка“ за подготовка на меморандум за идни разговори. Песков изјави: „Јасно е дека сите сакаат ова да се случи што е можно побрзо, но ѓаволот е во деталите“. Во вторникот, Русија изгледаше како да поставува уште една пречка, велејќи дека откако предложила работа на меморандум за завршување на војната, сега било на Украина да соработува со мировниот договор што го предлага Москва. На прес-конференција во понеделник навечер, Зеленски ги потврди извештаите од минатонеделните неуспешни разговори во Истанбул меѓу двете страни, во кои Русија барала Украина да ги повлече своите сили од пет региони, вклучувајќи и територии што не се под руска окупација. „Тоа е наша земја, нема да ги повлечеме нашите трупи од нашата територија … тоа значи дека тие не сакаат мир … ако бараат нешто за кое знаат дека нема да се согласиме“, изјави Зеленски. Неуспешниот исход од повикот ја нагласи растечката загриженост кај високите претставници во Киев дека САД постојано губат во дипломатската игра со Путин, кој има јасна визија за своите цели – особено откако Трамп дојде на власт. Неуспехот на Трамп да изврши притисок врз Путин ги потврди стравувањата во Киев дека Трамп е повеќе заинтересиран за идни деловни договори со Русија отколку за искористување на американското влијание за брз прекин на огнот. Со САД во најдобар случај делумно ангажирани, Украина ги насочува своите напори кон убедување на Европа да ја поткрепи својата реторика против Москва со повеќе санкции и воена помош. Извор: Новинска агенција МЕТА

   

Најново

Филипче од Атина: Работниците мора да знаат дека само со социјалдемократија нивните права и стандард ќе растат

Sase Ivanovski

СДСМ: Згаснаа 62 млади животи а власта ги штити вистинските виновници за Кочани

Sase Ivanovski

СДСМ: Расипничка власт, 3 милиони евра за мобилни телефони додека народот нема за леб!

Sase Ivanovski

СДСМ: Срамота е Славески кој е цел живот во фотелји да им порачува на граѓаните да работат по 2-3 работи

Sase Ivanovski

Во најновиот извештај на Државниот завод за ревизија за работењето на друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт ЕЛЕМ Турс, ревизорите утврдиле недоследности во неговото работење

Sase Ivanovski

Четворицата француски активисти од бродот „Мадлин“ до петок ќе бидат депортирани од Израел

Sase Ivanovski

Деветнаесетгодишно момче уапсено во Полска поради планирање терористички напад

Sase Ivanovski

Влада: За три дена, 109 повредени лица од Кочани ја искористиле телефонската линија 070/355-526

Sase Ivanovski

Шестата рунда преговори меѓу САД и Иран ќе се одржи овој викенд во Оман

Sase Ivanovski

Полицаец убиен во сериозни судири во Боливија

Sase Ivanovski

Најмалку пет работници од Хуманитарната фондација за Газа се убиени во напад на Хамас

Sase Ivanovski

Нови детали за убиецот од Грац: Тренирал во стрелачки клуб

Sase Ivanovski

Студентскиот дом „Пелагонија“ отворен за сместување студенти од 1 јули

Sase Ivanovski

Парада и протести: Две Америки се среќаваат во сабота

Sase Ivanovski

Напад со беспилотно летало во Харков: 12 повредени, меѓу кои 4 деца, погодени се станбени згради

Sase Ivanovski

Предлог-законот за една изборна единица денеска пред пратениците

Sase Ivanovski

Трамп: Подготвен сум да го продолжам рокот за завршување на трговските преговори по 8 јули

Sase Ivanovski

Полицијата во Лас Вегас го прогласи протестот за нелегален и им нареди на демонстрантите да се разотидат

Sase Ivanovski

САД вршат притисок врз Мексико да ги гони политичарите поврзани со картелите

Sase Ivanovski

Во Собранието седница ќе одржат три комисии

Sase Ivanovski

Рубио го честиташе Денот на Русија: Остануваме посветени на конструктивна соработка со Москва

Sase Ivanovski

Украина тврди дека руските воени загуби од почетокот на војната надминале еден милион луѓе

Sase Ivanovski

Ким Џонг-ун: Зајакнати односите меѓу Русија и Северна Кореја, Путин е мојот најблизок пријател

Sase Ivanovski

Израел наскоро ќе го нападне Иран?

Sase Ivanovski

Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност

Sase Ivanovski

Пецаков: За средствата од Владата за општините аплициравме со 24 проекти и добивме околу 9 милиони евра

Sase Ivanovski

Во сенката на пеколот, се роди човечност: Преживеаните од Кочани зборуваат за бугарските лекари кои им ги спасија најмилите

Sase Ivanovski

Герасимовски со дебармаалци: Безбедни пешачки зони, хигиена и култура за подобар живот

Sase Ivanovski

АРСОВСКИ: Аценце, те чекам на ТВ дуел, а во меѓувреме да ти го разбијам интервјуто дадено на маслиново масло Алфа ТВ

Sase Ivanovski

КАФЕ ЗА 1 ЕВРО: Ова е најевтината европска дестинација

Sase Ivanovski

АКО ОВА СТЕ ГО КУПИЛЕ ОД СРПСКА ИКЕА… Производот се повлекува, итно отстранете го од вашиот дом

Sase Ivanovski

АКО ДОБИЕТЕ 100.000 ЕВРА ПОМОШ, ДАЛИ БИ СЕ ВРАТИЛЕ ДА ЖИВЕЕТЕ НА СЕЛО: Еве што ни одговорија граѓаните…

Sase Ivanovski

САД И КИНА ПОСТИГНАА ТРГОВСКИ ДОГОВОР: САД ќе добие ретки минерали, а што добива Кина?

Sase Ivanovski

ОД 18 ЈУНИ ДОАЃА ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Плиток циклонски систем ќе ги спушти температурите

Sase Ivanovski

Во 2024 година имало повеќе вооружени конфликти отколку во која било година од Втората светска војна

Sase Ivanovski

Косово ќе прифати до 50 мигранти од САД во рок од една година

Sase Ivanovski

Декларацијата од самитот во Одеса повикува на зајакнување на санкциите против Русија

Sase Ivanovski

Се обидела да ги убие сопствените баба и дедо – уапсена девојка од Битола

Sase Ivanovski

Израел го демантира сопствениот амбасадор во Киев: Не сме ѝ ги дале системите „Патриот“ на Украина

Sase Ivanovski

Царина запленила 600 кг анаболици и 200 кг марихуана како дел од акција на Европол

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски праша, еве зошто неговата Влада е авторитарна

Sase Ivanovski

Градоначалникот Николов ги отфрла обвинувањата: Кривичната пријава е политички мотивирана, општината немаше допир со плаќањата

Sase Ivanovski

МВР донесе „Проценка од закани од сериозен и организиран криминал – СОКТА 2025“ – стратешки документ за борба со организираниот криминал

Sase Ivanovski

Мицкоски: Исправена е неправдата, доделени се доживотни признанија, израз на почит и благодарност, а не симболика

Sase Ivanovski

Европол: Сајбер криминалците ги претвораат личните податоци во високо вредна стока

Sase Ivanovski

Касами: Во Владата има место за нови политички партнери

Sase Ivanovski

Уапсен е млад тетовец – возел со 175 км на час на автопат

Sase Ivanovski

Мицкоски: Обвинителство да открива уште одговорни за пожарот во Кочани, ние ќе помогнеме

Sase Ivanovski

Да не дозволиме деца со попреченост да го поминат летото затворени дома: Се собираат донации за летен камп во Скопје!

Sase Ivanovski

Кина со критики за „провокативните“ изјави на Хегсет

Sase Ivanovski

Падна Чет-џи-пи-ти, проблеми за корисниците ширум светот

Sase Ivanovski

СДСМ: Тотален дебакл на Мицкоски во економијата – инфлација од 3,3% го изеде стандардот, платите, растот

Sase Ivanovski

Александар Нацев бил дел од Владата на ВМРО-ДПМНЕ во периодот 16-17та година, обавувал некаква функција тој период и тоа е последното нешто што го познавам и е поврзано со Александар Нацев, рече Мицкоски

Sase Ivanovski

Администрацијата за пет месеци „изела“ три милиони евра само во нови договори за телефони и претплата

Sase Ivanovski

ИЗДАВАЛ ЛАЖНИ ОДОБРЕНИЈА ЗА ГРАДЕЊЕ, ТРОШЕЛ ОПШТИНСКИ ПАРИ ЗА ДОМАШНИ НАБАВКИ: финансиска со кривична против градоначалникот на Росоман

Sase Ivanovski

Министерство за економија и труд објави јавни повици за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија, занаетчии и компании од преработувачката индустрија

Sase Ivanovski

САД СЕ ВО ДЛАБОКА КРИЗА Протестите во Лос Анџелес се доказ за внатрешен распад, вели Москва

Sase Ivanovski

Украински војник ослободен од руско заробеништво покажа лузни на телото

Sase Ivanovski

ИРАН СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ГИ ГАЃА АМЕРИКАНСКИТЕ БАЗИ АКО ДОЈДЕ ДО КОНФЛИКТ Министерот за одбрана тврди дека сите цели се во дострел

Sase Ivanovski

Постариот или помладиот партнер: Кој е посреќен во врските со голема разлика во годините?

Sase Ivanovski

МНР СО ОСТРА РЕАКЦИЈА ДО СДСМ „Амбасадите не се партиски трофеи, туку државни институции“

Sase Ivanovski

Одржана работилница за јакнење на капацитетите на полицијата за заштита на новинарите

Sase Ivanovski

СДММ: Дали СВР Велес фалсификува службени документи за да ги заштити УМС на ВМРО-ДПМНЕ?

Sase Ivanovski

ПЕНЗИОНЕРКА ОСТАНА БЕЗ 232.000 ДЕНАРИ Скопјанка измамена со приказна дека ќерка ѝ прегазила дете во странство

Sase Ivanovski

БУЈАР ОСМАНИ ЗАБОДЕ НОЖ ВО БЕЛИТЕ ДРОБОВИ НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ Бугарија води несмасна дипломатија, а Македонија добива симпатии во светот

Sase Ivanovski

Клековски вели дека новата директорка на кочанската болница, д-р Катерина Мирчовска, „импресионира на прв впечаток“

Sase Ivanovski

Врховниот суд ја потврди 6-годишната затворска казна за експретседателката на Аргентина поради корупција

Sase Ivanovski

Северна Ирска: трета ноќ по ред немири во Балимена

Sase Ivanovski

Координирана акција на БЈБ за спречување на нелегална трговија со дрога, извршени претреси на повеќе локации во Велес

Sase Ivanovski

Во Полска пристигнуваат уште 180 тенкови

Sase Ivanovski

Тошковски вели дека не сакал да собира медиумски поени, ама откри дека тајно се сретнал со семејствата на загинатите во Кочани

Sase Ivanovski

Славески: Дополнителна работа не е срамота, и јас во Америка работев во супермаркет

Sase Ivanovski

ПАПАТА ЛАВ Е ДАЛЕЧЕН БРАТУЧЕД СО ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА Неочекувано откритие во светот на спортот

Sase Ivanovski

ПАПАТА ГИ КРИТИКУВА НАЦИОНАЛИСТИЧКИТЕ ПОЛИТИКИ „Нема простор за зони што нè одделуваат од соседите“

Sase Ivanovski

ЕУ и Велика Британија постигнаа договор за статусот на Гибралтар

Sase Ivanovski

НБМ: Внимателно да се следи инфлацијата, нема промена во монетарната политика

Sase Ivanovski

Леа (15) од Косово е меѓу убиените во масакрот во австриски Грац

Sase Ivanovski

На пациент во прилепската болница за првпат му е вграден имплант во рака

Sase Ivanovski

Јаневска ќе ги враќа децата од странство – Вратете се тука нема ни учебници да ви тежат на грбот

Sase Ivanovski

Макрон: Ќе ги забраниме социјалните мрежи за лица под 15 години

Sase Ivanovski
Вчитувам....