27.4 C
Скопје
18/07/2024 03:52
МАКТЕЛ

  

     

 

Весна Јаневска – поранешна в.д. претседателка на ВМРО-НП и несудена ректорка на УКИМ, која ќе министерува со ресорот образование!

      

Новата министерка за образование е професорка на Медицински факултет. Во нејзината биографија доминираат постигнувањата на професионален план, но изостануваат податоци за нејзината политичка кариера. Единствено, наведено е дека била пратеник од 2006 до 2008 година, но не и дека била в.д претседател на ВМРО-Народна на Георгиевски, која откако загуби на првиот партиски конгрес почнува да делува како независен пратеник. За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ на Груевски, пак, беше претседателка на Пописната комисија, но се повлече еден ден пред пописот. Исто така, имаше и неуспешен обид да стане ректор на УКИМ.

„Државата ќе биде во рацете на граѓаните и сите институции ќе работат за граѓаните. На граѓаните им е потребен фокус на нивните реални проблеми и предизвици, создавање стабилен и професионален здравствен систем кој ќе биде во функција на секој граѓанин, создавање образовен систем базиран на знаење, вредности и во чекор со модерните светски трендови“.

   

Ова, меѓу другото, пред пратениците во Собранието го порача премиерот Христијан Мицкоски за време на изборот на новата Влада, ставајќи акцент на двата витални сектори кои долги години се соочуваат со хронични проблеми – здравството и образованието. Како што е познато, старо-нов министер за здравство ќе биде Арбен Таравари, доктор кој доаѓа од коалицискиот партнер ВЛЕН, додека по долгогодишно управување на образованието од страна на ДУИ, кој имаше и министер и заменик-министер за образование, во следниот период овој ресор ќе го управува кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Станува збор за универзитетската професорка Весна Јаневска, која во изминатиот период ја предводеше партиската комисија за образование во рамки на ВМРО-ДПМНЕ. Поточно, таа е доктор на науки на Медицинскиот факултет при УКИМ во Скопје, специјалист по патологија. Во нејзината биографија навела дека од 1990 година работи во Институтот за патологија на Медицинскиот факултет, каде ја реализира професионалната кариера почнувајќи од специјалист патолог, асистент, доцент, вонреден професор, а од 2011 година станува и редовен професор на Катедрата по патологија.

   

     

Од 2009 -2010, пак, била визитинг професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, а во 2009 година предавач на „International Pristina Summer Unuversity“ во Приштина. Од 2005 до 2009 година таа била претседател на Здружението на патолози на Македонија. Потоа, нотирала и 48 кратки престои, работилници, симпозиуми, курсеви и конгреси од областа на патологијата, од кои 18 се во странство, и тоа во Европа, Северна Америка, Јужна Америка, Азија, Африка. Автор и коавтор е на повеќе стручни и научни трудови објавени во интернационални и домашни списанија.

Воедно, учествувала во повеќе домашни и меѓународни научно-истражувачки проекти. За исклучителни резултати во унапредувањето на медицинската наука, практика и развојот на здравствената заштита добитник е на наградата Повелба „Др Трифун Пановски“ што ја доделува Македонско лекарско друштво. Но, што се однесува до нејзината политичка кариера и извршувањето на јавни функции и должности, таа единствено навела дека била пратеник во Собранието на Република Македонија од 2006 до 2008 година, како и член на собраниската Комисија за соработка со Бугарија.

Она што го нема во биографијата на Јаневска е фактот што таа беше в.д. претседател на ВМРО-Народна партија, која се формираше во 2004 година од страна на приврзаници на актуелниот лидер на оваа партија Љубчо Георгиевски, по кулминацијата на конфликтот меѓу него и неговиот наследник на врвот на ВМРО-ДПМНЕ – Никола Груевски.

Денеска се случи вистински историски чин – ВМРО-НП и официјално стана најголемата опозициска партија. Тоа значи дека Македонија по 2 години доби вистинска опозиција и вистински опозициски пратеници. Дури сега власта ќе го почувствува опозициското дејствување и конечно ќе добие вистинска контрола… – говореше Јаневска во 2005 година, кога НП ја добиваше битката со ДПМНЕ за превласт во рамки на опозицијата. За потсетување, веќе во следната 2006 година ВМРО-ДПМНЕ на Груевски победи на парламентарните избори и формираше Влада со НСДП на Тито Петковски и ДПА на Мендух Тачи, успевајќи да ја заобиколи победничката партија во албанскиот блок – ДУИ, а поддршка за ваквата анти-ДУИ операција тогаш даде и ВМРО-НП.

Една година подоцна, односно во 2007 година, се одржа првиот Конгрес на ВМРО-НП, на кој Ѓорги Трендафилов ја победи противкандидатката Јаневска, дотогашна в.д. претседателка на партијата и републичка пратеничка, по што таа и Валентина Божиновска ја напуштија пратеничката група на НП и почнаа да делуваат како независни пратенички. Вусшност, тоа беше преодна фаза кон целосно префрлување кон ВМРО-ДПМНЕ на Груевски. Па така, за време на неговото владеење, Божиновска беше претседателка на Комисијата за односи меѓу верските заедници, а Јаневска стана претседателка на Пописната комисија во 2011 година.

На само еден ден од почетокот на пописот, Јаневска поднесе оставка, обвинувајќи дека се подготвува фалсификат. Иако пописот започна, сепак, тој никогаш не се заврши, од причина што власта одлучи да го прекине. За пропаднатиот попис истрага отвори и СЈО, но изостана обвинение против Груевски и Али Ахмети.

Покрај тоа, Јаневска имаше и неуспешен обид да стане ректор на УКИМ во 2012 година, и покрај тоа што имала силна поддршка од министерот за образование и труд и социјала во владите на ВМРО-ДПМНЕ, Спиро Ристовски, кој, исто како и Јаневска, своевремено бил дел од ВМРО-НП.

Оттука, Јаневска не успеа да стане избран претседателка на ВМРО-НП, не успеа да го истера целиот мандат на чело на Пописната комисија, не успеа да стане ниту ректор на УКИМ, но тоа што застана на чело на партиската комисија за образование на ВМРО-ДПМНЕ по доаѓањето на Мицкоски го трасираше нејзиниот пат до функцијата министер за образование.

Немаме намера да импровизираме во образованието. Имаме првичен и добар план за промени кои се креирани врз база на темелна анализа на моменталните состојби, во консултации со стручни лица и пошироката популација. Така што, од сите чинители на воспитно – образовниот систем очекувам поддршка за процесите кои предвидуваат крупни промени. Секако, во меѓувреме секоја сугестија ќе биде добредојдена – рече таа при преземањето на функцијата.

    

Најново

(ВИДЕО) АНГЕЛОВ: Морам да го пофалам Митко Јанчев, неговите пожарникари се најдобри и најспремни и ги користам како специјална единица и ги праќам секаде каде е критично

Sase Ivanovski

ИСУСЕ ХРИСТЕ, ЧУДО Е КАКО АМЕРИКАНЦИЕ СЕ УШТЕ ЖИВИ: КАКО ИЗГЛЕДА СМЕТКА ОД БОЛНИЦА ВО САД

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АНГЕЛОВ: Сите граѓани кои имаат викендици во планините да одат и да ја искосат тревата, не смее трева да има до нивните куќи тоа е многу опасно

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АНГЕЛОВ: Пред 1 месец од Македонски Шуми ни пратија мејл во кој не известија дека немаат пари за гориво и да не сметаме на нив при гаснење пожари

Sase Ivanovski

Пукање во Чаир: Еден ранет, еден приведен

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АНГЕЛОВ: ОВИЕ ДЕНОВИ СПИЈАМ САМО ПО 1 ДО 2 ЧАСА ДНЕВНО

Sase Ivanovski

ИВАН МИРЧЕВСКИ: ТИЕ ШТО ГО ГУШКАА ГТЦ ЗА ДА ГО СПАСАТ ОД РЕНОВИРАЊЕ СЕГА ТРЕБА ДА ДОБИЈАТ ПО ЕДЕН СТАП

Sase Ivanovski

ФОТО: ГТЦ се распаѓа, падна дел од плафонот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Грчки аналитичари: „Тајното оружје“на Мицотакис не е вето ниту замрзнување на европски фондови

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Остри критики од Европскиот фронт – „не е добро тоа што Таравари ни се обраќа на македонски јазик“

Sase Ivanovski

ГЛАВНАТА КАПИЈА БИЛА ЗАКЛУЧЕНА, ПРОБАЛ ПРЕКУ ОГРАДАТА Осуденик од Идризово се здобил со тешки повреди

Sase Ivanovski

ВО АМЕРИКА СЕ ПУКА СО СРПСКИ КАЛАШНИКОВИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: Ангелов е одличен директор на ЦУК ама никој не го ферма затоа што е од мала партија, на тоа место треба да биде моќен функционер од ВМРО ДПМНЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Град Скопје ја спушти рампата за доизградба на кулата на Водно

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДУИ со три резолуции – ВЛЕН: Чувствуваат дека немаат поддршка на терен

Sase Ivanovski

НЕОНАЦИСТ УАПСЕН ВО ФРАНЦИЈА Осомничен е дека планирал напади за претстојната Олимпијада

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: Тој што дозволил Ер Тракторите да останат без пилоти и без технички сервис треба да оди во затвор, загрозена е безбедноста на државата!

Sase Ivanovski

САМО AKO МИ СЕ ЈАВИ НЕКОЈА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА Бајден го откри условот за негово повлекување од претседателската трка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: Мора да поставиме дежурни служби кои ќе ги чуваат шумите и ќе ги гасат пожарите уште кога се мали а не вака да се рашират на 30 километри па господ не може да ги изгаси

Sase Ivanovski

Не ни требаат реформи, туку централизација во гаснењето на пожари, смета Ангелов

Sase Ivanovski

Генералниот секретаријат на владата има рок од 15 дена да ги достави до ДКСК сметките за патувањето на синот на Мицкоски

Sase Ivanovski

ЌЕ ЗБОРУВАМЕ ЗА ЕНЕРГЕТИКАТА И ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ИНТЕРЕСИ Мицкоски утре ќе учествува на самит на ЕПЗ, ќе оствари и билатерални средби

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВО НИГЕРИЈА, ОТВОРАЧОТ НА ВРАТИ ИМА СВОЈ ОТВОРАЧ НА ВРАТА

Sase Ivanovski

Шест пратеници од новиот парламентарен состав не поднеле изјава за имотна состојба до ДКСК

Sase Ivanovski

Продавници на Армани и Диор во Италија под истрага за наводна експлоатација на вработени во нивниот ланец

Sase Ivanovski

Русија и Кина започнаа поморски воени вежби во Јужното Кинеско море

Sase Ivanovski

Месец дена никој не приметил дека во ПС-Карпош фали калашников

Sase Ivanovski

Исчезнаа шест лица од Непал, биле вработени во Пехчево и Свети Николе

Sase Ivanovski

Ќучук: Северна Македонија мора да го спроведе францускиот предлог, друг пат нема

Sase Ivanovski

Отворањето на ОИ во Париз ќе го обезбедуваат 45.000 полицајци

Sase Ivanovski

За Рама вестите за помал број туристи ги оцени како организиран напад за да му се наштети на домашниот туризам

Sase Ivanovski

До 600.000 евра грант од ИПАРД за микро и мали бизниси: Целосна листа на 110 прифатливи дејности во мерка 7

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОМИЧАРИТЕ НАЧЕКАА, СЕГА ИМААТ ДОБАР ПЕНАЛ СО ТРАМП И БАЈДЕН

Sase Ivanovski

„Призма“: Временска дупка на часовниците на Мицкоски

Sase Ivanovski

Славјанка Петровска: Одговорете како за помошник министер во МВР е поставено лице со активна кривична пријава?

Sase Ivanovski

СО АЛАТ РАЗМОНТИРАЛЕ МОТОРИ НА ФАРМА ЗА СВИЊИ Кумановчани направиле тешка кражба

Sase Ivanovski

Вучиќ: Во петок разговор со Шолц за сите теми и потпишување меморандум за минерални суровини

Sase Ivanovski

Орбан на одмор во Хрватска – Ги чекаме Путин и Трамп, каснат

Sase Ivanovski

ПО 1 ДЕНАР ОД АКЦИЗАТА НА ДИЗЕЛ ГОРИВАТА ЌЕ ОДИ ВО КУЛТУРАТА Тоа се 3 милијарди денари за капитални проекти, вели министерот Љутков

Sase Ivanovski

Ангелов: Пожарот на планината Серта се приближува кон селото  Калањево, но селото не е загрозено

Sase Ivanovski

Пожарот во штипскиот дел на Серта се шири кон селото Пиперово

Sase Ivanovski

Ѝ ГИ ЗЕЛ ПАРИТЕ БЕЗ ДА ИЗВРШИ ГРАДЕЖНИ РАБОТИ 54-годишна жена од Демир Капија била измамена за 100.000 денари

Sase Ivanovski

Ангелов: Немам волшебен џојстик во раце да ги управувам авионите и хеликоптерите

Sase Ivanovski

Неготинскиот кризен штаб за утре бара интензивна воздушна поддршка за гасење на пожарот!

Sase Ivanovski

Неготинци го дочекаа хеликоптерот на Серта со: Браво, браво!

Sase Ivanovski

Жител на Сирково заврши со изгореници при гаснење на пожар

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ШЕФИЦАТА НА ДКСК: Нема притисок врз нашата работа, јас не би го понела моето дете на службено патување

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДЕНЕСКА ВО ГАСЕЊЕТО СЕ ВКЛУЧИ И ХЕЛИКОПТЕР ОД ЦРНА ГОРА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Авиони „Ер трактор“ полнат вода од Преспанско Езеро

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПРИСТИГНАА РОМАНСКИТЕ СПАРТАН И ХЕРКУЛЕС, ЌЕ ГАСАТ СО ВОДНИ БОМБИ

Sase Ivanovski

УКРАИНЕЦ СНИМАЛ МАКЕДОНКА ПРЕКУ ПРОЗОРЕЦ ВО ПУЛА Му го зела мобилниот, па морал да ги избрише сликите! Хрватската полиција му стегна кривична

Sase Ivanovski

НОВО ЖАРИШТЕ, ПОЖАРОТ ОД СЕРТА ОДИ КОН СЕЛО ПИПЕРОВО Се разгоре и кај Калањево, жител на Сирково се здобил со изгореници

Sase Ivanovski

Сијарто со порака до ЕУ: Заканите со бојкот нема да ја принудат Будимпешта да ја прекине мировната мисија

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: СДС ја доведе државата до раб на банкрот, трагично е што после целиот криминал оваа партија има дрскост да коментира состојби без чувство на елементарна одговорност

Sase Ivanovski

ПРОФЕСОРОТ НА ФИНКИ, КУЛАКОВ: Да го укинеме Уставен Суд и да го замениме со CHAT GPT

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДИМИТРИЕВСКИ: На тропскиве горештини разладување и миење на јавните површини во Куманово

Sase Ivanovski

Димитриеска Кочоска ги укина буџетските ковид-мерки од 620 милиони денари

Sase Ivanovski

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Гаши во септември пред пратениците, молитвата во Собрание и секуларноста не одат заедно

Sase Ivanovski

Средба Јаневска-Гир: Посветено работиме да создадеме европски образовен систем за македонските ученици

Sase Ivanovski

Зајакнување на македонските компании за пренасочување кон соларна енергија

Sase Ivanovski

СДСМ: Јаневска потврди дека не планира да ги покачува платите во образованието

Sase Ivanovski

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги малтретира скопјани, ЈСП пред колапс тие не набавуваат автобуси

Sase Ivanovski

ПА ДОБРО ШТО Е ОВА ЉУДИ?! Во дворот на полицијата во Штип во службено „шкода јети“ пронајдена дрога?!

Sase Ivanovski

Работна средба на претседателката Сиљановска Давкова со амбасадорите на земјите од Вишеградската група

Sase Ivanovski

Средба Николоски и Клековски/Аџигогов: Квалитетна здравствен систем и заштита е приоритет на Владата

Sase Ivanovski

Армијата во координација со ЦУК и со помош од пријателски земји ја продолжува борбата со огнената стихија во неготинско

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Комплетна невистина е дека сопругата на Муцунски патувала за Вашингтон, Филипче продуцира лажни вести, да одговори како се стекна со луксузната хациенда и возило

Sase Ivanovski

Сите хеликоптери утрово продолжија со гаснење на пожарите на Серта и Огражден, се очекува да пристигне авион од Романија

Sase Ivanovski

Активни се 13 пожари низ Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сајкоски: Македонски Брод со скромниот буџет и посветеноста на градоначалникот се развива секој ден

Sase Ivanovski

ЦИВИЛ: Стоп за славеничкото пукање. Твојот куршум може да убие некого!

Sase Ivanovski

Пензионер од Кавадарци пријавил настан во полиција лажно претставувајќи се како градоначалникот Јанчев!

Sase Ivanovski

Нашето најголемо оружје е тоа што сме надзорник на европскиот курс на Скопје, вели Мицотакис

Sase Ivanovski

МНР: Постои дипломатска пракса министер за надворешни работи на официјални настани од ваков вид да биде формално придружуван од брачен партнер, вистината е дека на ова патување министерот не беше придружуван од својата сопруга

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски да престане да се правда на буџетот, пари имаат за се

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски лаже, кредитот од Будимпешта е негов политички интерес, СДСМ обезбеди поповолни кредити

Sase Ivanovski

СДСМ: Тошковски нема решено ниедно убиство за шест месеци

Sase Ivanovski

Мицотакис откри дека го опоменал Мицкоски пред сите на самитот во Вашингтон дека на масата седи заради потпишаниот договор и државата се вика Република Северна Македонија

Sase Ivanovski

Мицкоски: Покрај душманското трошење на Буџетот од претходната власт, ќе обезбедиме повисоки пензии согласно ветеното

Sase Ivanovski

Мицкоски: Финансиската соработка со Унгарија подразбира рамки која може да искористи над 500 милиони евра, под камата дупло пониска од еврообврзницата на минатата влада

Sase Ivanovski
Вчитувам....