Политичката култура не е нешто што еднаш се случила. Таа носи со себе багаж низ историјата и затоа секоја држава или регион има различна политичка култура. Генерално е познато дека низ историјата постојат многубројни крвави настани, револуции или војни, од една страна и тоа доведувало до промена во ставовите, вредностите, мислењето и погледот на светот. Ова го изјави Д-р Марија Андреева, политиколог во емисијата Слободен печат. Во почетокот на минатиот век се случуваат две светски војни што ја одредуваат политичката култура во европските држави како и во други делови на светот. Според Андреева, овие две војни се случуваат како резултат на непријателството меѓу државите и народите многу претходни години.
-Европа учи од своите грешки по Втората светска војна. Според мене утврдени се системи што се трудат да спречат такви грешки. Постои Еропска конвенција за човекови права, потоа организации каде што европските држави заедно дискутираат. Сакам да верувам дека поставените механизми би спречиле ескалација од ваков вид – изјави Андреева.
Германија ги даде на човештвото Маркс, Бетовен, Гете, но од оваа држава дојде и Хитлер. Демократијата можеби е на удар токму од сили што демократски, значи на избори ја освојуваат власта, а потоа ја злоупотребуваат. Според Андреева нема гаранција за демократијата. Повеќе од разговорот со Д-р Марија Андреева во видеото во продолжение.