13.8 C
Скопје
18/04/2025 03:50
МАКТЕЛ

    

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Протуѓер: Не „како помина во школо“, туку „како се чувствуваш“, тоа треба да ги прашуваме децата

      

Психолозите велат, во овие први денови на шок, тага, болка, бес, многу е важно да се внимава да не се заборави на физиолошките потреби, храна, вода, сон и терапијата кај хронично болните. Исто толку важно е и присуството на друштво кај ужалените. Начинот на воспитувањето на децата, образовниот систем и културата на животот во едно општество испливуваат на површина при трагедија. Ида Протуѓер, психолог и тренер за личен и организациски развој, поминала тренинг за справување со кризна состојба во Виена, и оттаму ни го пренесува искуството.

– Во Австрија не е невообичаено да слушаме сирени, како подготовка. Мислам, во Скопје многу години не сум чула, а тука редовно се прават тестирања кај населението од таков тип. Во училиштата децата имаат специјални подготовки за евакуација при пожар, се симулира аларм и децата мора да ги поминат сите чекори, за таа евакуација да се изврши безбедно. Имаше дојава за бомба во училиштето на мојот син пред неколку месеци, и многу ми се допадна тоа дека ние родителите бевме информирани за сите активности, бидејќи во кризна интервенција многу е важно луѓето од институциите, навремено и транспарентно на населението да му ги кажуваат сите информации. Тоа е многу важно, за да се смири населението, за да се воспостави повторно таа доверба дека ништо не може да излезе од контрола, дека тука е системот и ќе ги преземе сите можни чекори – вели Протуѓер за „Слободен печат“.

Таа додава дека пред две години добиле писмо од државата што да се прави доколку се случи „блекаут“ (комплетно исклучување на струја, превоз) во градот.

– Во писмото стои, доколку настане тотален колапс во Виена, кои би биле постапките, дали детето треба да остане во школо или некој да го земе, дали може безбедно да се врати дома, дали пешки може да се врати дома, колку е оддалечен домот од училиштето. Исто така, при секое запишување на училиште, секоја година, има прашалник за контакт, кој родител прво се контактира, кое лице второ, кое лице трето и кое лице четврто! Во Македонија треба да се види кои се тие дупки во системот за да се пополнат со стандарди или каде што има веќе пропишани процедури, да се ревидираат, бидејќи процедурите во Македонија многу лесно се видоизменуваат или не се следат поради таа коруптивна спрега, која е и причина за оваа трагедија во Кочани – рече Протуѓер.

Што ако мене ми се случи ова?

   

Врсниците се поистоветуваат со трагедијата, се ставаат во улога на настраданите, на очевидците. Според Протуѓер, коренот на проблемот доаѓа и од повеќедецениската култура на домашно воспитување и комуницирање.

– Ние во Македонија имаме една култура, не ги прашуваме децата „како се чувстваат“ туку „како поминаа во школо?“. Повеќе зборуваме за однесувањето на децата, за тоа како се однесуваме за што се случило, а помалку сме фокусирани на тоа како се чувствуваме, како децата се чувствуваат. И оттука е многу важно да се валидираат емоциите – вели таа.
Скопје тагува - Фото Слободен печат / Методи Здравев
Скопје тагува – Фото Слободен печат / Методи Здравев

Безбедност, смиреност, поврзување, стабилизирање и одредена надеж. Тие се петте принципи кои треба да се следат.

– Родителот прво треба да ја валидира сопствената емоција, како тој се чувствува, а потоа корисно е да сподели со детето дека и тој е тажен. Ако родителот забележува дека неговото дете е тажно, но детето е повлечено, тогаш мајката или таткото во негово име може да каже „гледам дека си тажен“, но „ќе помине“ или тешење не функционира затоа што тоа ја негира емоцијата. Често ќе слушнам при изразување сочувство, „биди силен“. На тој што тагува не треба да му се вели „биди силен“, тоа не помага – вели таа.

Во оваа колективна траума, како што вели Протуѓер, потребно е да се каже гласно дека сме тажни, да се остане свесен со таа емоција и да се сподели.

– Мислам дека е добро тоа што пред неколку дена се собраа луѓето на плоштадот во Скопје, затоа што заедно сме во тагата, тоа е едно спојување на емоционално ниво. И децата, ако се деца, и тие сакаат да изразат сочувство, а бидејќи е далеку Кочани, можат да се направат некои ѕидови каде што ќе можат да остават цртеж, порака, едноставно да има простор каде што ќе може да ја покажат емоцијата во ова колективно тагување – вели Протуѓер.

Покрај тоа што е неопходно да се формира кризен штаб во училиштата, просветните работници треба да имаат огромно разбирање овие денови за децата, и, како што вели таа, потребно е да им дадат голема поддршка за учениците.

– Прочитав дека во основните училишта наставниците им забраниле на децата да излезат од часови на собирот посветен на жртвите, тоа е погрешно – рече нашата соговорничка.
Фото: Инстаграм/Андреј Ѓорѓиески/Фејсбук/Ана Костадиновска

Загуба на позната личност

Музиката на бендот ДНК е омилена за младата публика. Смртта на членовите од бендот ги погоди фановите.

– Се работи за дневно поврзување со тие песни, дневен идентитет. Ние растеме и сите тие искуства, песни што ни се случуваат со соучениците, настани, сите тие се дел од нашите искуства што го градат нашиот идентитет. И тоа сега е тагување. Кога ќе се присетиме на омилениот бенд, на пријателот, на другарот, на партнерот… Емоционалното искуство кога сме ги слушале тие песни, кога сме биле поврзани со друштво, тоа е тоа што ни предизвикува толку силна тага, затоа што сме биле на емоционален начин поврзани. Тоа исто така треба да се одболува – вели таа.

Покрај семејствата и блиските на настраданите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, трагедијата ја погоди цела Македонија, регионот… болката ја чувствува секој еден човек. Но како оваа тага се рефлектира врз ранливата категорија на граѓани кои не се директно погодени од несреќата, а ја чувствуваат како рефлексија, како родители коишто некогаш загубиле дете во пожар или при некаква несреќа, бремени жени, идни мајки, врсниците на жртвите, бебињата… Во останатиот дел од интервјуто со психологот Протуѓер опфаќаме теми поврзани со ранливите категории на граѓани во оваа колективна тага.

  

Најново

ЕУ ЗНАЕ ДЕКА СКОПЈЕ И СОФИЈА ЌЕ СЕ ДОГОВОРАТ ЗА БУГАРСКОТО МАЛЦИНСТВО Еврокомесарката Кос е убедена дека ќе има исчекор

Sase Ivanovski

И НАТАМУ 5 ДЕНАРИ ДНЕВНО ЗА ТЕРАСА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ Одбиена иницијативата за враќање на цената од 15 денари за квадарат

Sase Ivanovski

ЈОТОВА КОНТРА МЕРЦ, НЕ СЕ СОГЛАСУВА ДА СЕ УКИНЕ ВЕТОТО ПРИ ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ „Не може да има компромиси со условите“

Sase Ivanovski

ЈОТОВА МИСЛИ ДЕКА БУГАРСКИТЕ БАРАЊА ЗА МАКЕДОНИЈА СЕ НОРМАЛНИ, А НЕ КАПРИЦ „Не е вистина дека го блокираме Скопје“

Sase Ivanovski

ПЛАТИЛ ВРАБОТУВАЊЕ И СТАН, НЕ ДОБИЛ НИШТО 64-годишник остана без 22.500 евра, измамничка лажела дека работи во МВР

Sase Ivanovski

ПАДНАЛ ОД СЛУЖБЕНИОТ КАМИОН И ЗАВРШИЛ СО СКРШЕНИЦИ Тешко повреден вработен во „Нискоградба“ во Битола

Sase Ivanovski

„КОКЕТИРА СО РЕЖИМОТ НА ДУИ“ Муртезани вели дека Таравари се откажал од борбата против криминалот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОПЛАВЕНИ УЛИЦИ, ИЗЛЕАНИ РЕКИ, СООБРАЌАЈОТ СТОПИРАН Апокалиптични сцени од невремето во Италија

Sase Ivanovski

ЗАХАРОВА ЈА ПРЕДУПРЕДИ ГЕРМАНИЈА ДА НЕ СЕ ШЕГУВА Русија во еден случај ќе се смета во директна војна со Берлин

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПАДНА КАБИНА НА ЖИЧАРНИЦА, ИМА ЗАГИНАТИ Несреќа во Неапол откако се скинаа кабли

Sase Ivanovski

Неколкумина повредени во сообраќајна несреќа во струмичко

Sase Ivanovski

Странските студенти во САД масовно поднесуваат тужби против нивна депортација

Sase Ivanovski

Бугарската влада, предводена од Жељазков, го помина второто гласање за доверба

Sase Ivanovski

Трамп најави засилени трговски преговори, Кина подготвена за разговори

Sase Ivanovski

Алкалоид“ трета година по ред е апсолутен победник – најпосакуван работодавач за 2024 година

Sase Ivanovski

Радев на средба со Кос, изразил надеж дека С. Македонија ќе го спроведе европскиот консензус за почеток на преговорите со ЕУ

Sase Ivanovski

Неколкумина повредени во сообраќајна несреќа во струмичко

Sase Ivanovski

Среде ноќ се запали стан во Гази Баба

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тамара Тодевска на 8. мај, 20:00 часот, МКЦ ќе одржи хуманитарен концерт за сите погодени од трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОЛОВИНА ОД НОВОСОМНИЧЕНИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ СЕ ПЕНЗИОНЕРИ – ОД 59 ПРИВЕДЕНИ САМО ДВАЈЦА СЕ АКТУЕЛНИ ФУНКЦИОНЕРИ, А ЕДЕН Е ПОЛИЦИСКИ НАЧАЛНИК

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дурмиши: Се формира комисија која треба да утврди дали, кој и колку лица земале плата, а не оделе на работа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Општина Кочани од денеска официјално почна да функционира

Sase Ivanovski

Приведени четворица крадци од Скопје, одзеле повеќе предмети од објект на ЈП Железници

Sase Ivanovski

ОТСТРАНЕТИ 550 КУБНИ МЕТРИ ОТПАД ОД ДИВИ ДЕПОНИИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА МЕСЕЦ АПРИЛ

Sase Ivanovski

Трипуновски: Од доставени 1.600 понуди за закуп на земјоделско земјиште, донесени се 982 одлуки за вкупна површина од околу 2.862 хектари

Sase Ivanovski

ТРАМП Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА КИНА СО ЦАРИНИ ДО 245% Дали ќе ескалира трговската војна?

Sase Ivanovski

Радост во ЗОО Скопје: Се роди пони

Sase Ivanovski

Бугарија со најмногу смртни случаи во сообраќајни несреќи во Европа, во првите пет се и Србија и Хрватска

Sase Ivanovski

Скопјанец добил на рулет, па бил претепан и ограбен од обезбедувањето на казиното

Sase Ivanovski

За седумте кандидати на Претседателските избори во 2024 година се потрошиле 354.257 илјади денари од Буџетот

Sase Ivanovski

Тошковски од Приштина најави заедничка контрола со Косово и на граничниот премин „Јажинце“

Sase Ivanovski

Мафијашка конкуренција во текстилниот сектор заврши фатално: Брачен пар екзекутирани среде Рим

Sase Ivanovski

Медведев ги нарече украинските преговарачи „фашистичка банда“

Sase Ivanovski

Реакции за препораките на ДКСК – Комисија за антикорупција или за корупција!?

Sase Ivanovski

Италија ги зголемува трошоците за НАТО на 2% од БДП

Sase Ivanovski

Обновени неколку од најстарите улици во Дексион

Sase Ivanovski

Битолчанец се здобил со тешки повреди откако паднал од комунално возило

Sase Ivanovski

ЕНЕРГЕТСКИ ШОК ЗА ЕУ Алиев тврди дека без Баку и Тбилиси, Европа ќе остане без гас

Sase Ivanovski

Студентите продолжуваат да го блокираат РТС, јавниот сервис ја менува програмската шема

Sase Ivanovski

Црвениот крст собра над два милиони евра помош за настраданите од пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Хаос во Кичево: Насилник со нож нападнал ученици, полицајци и обезбедување на болница

Sase Ivanovski

Нов можен удар за македонските компании – ЕУ воведува построги стандарди за извоз на текстил

Sase Ivanovski

Српската полиција го повика ректорот на Универзитетот во Белград на информативен разговор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Грција: Неочекуван гостин во тоалет, змија извлечена од веце – школка

Sase Ivanovski

Вучиќ најави „пресметка“ со државните универзитети, пари ќе се даваат за приватните, најави прераспределба на средства преку нов закон

Sase Ivanovski

Автомобил се судрил со мопед во Скопје, возачот избегал и го оставил тешко повредениот моторџија

Sase Ivanovski

Путин го фали Илон Маск, го спореди со шефот на советската вселенска програма

Sase Ivanovski

Македонското еколошко друштво ја пошумува планината Буковиќ, важен коридор за балканскиот рис

Sase Ivanovski

ЈАВНО СООБРАЌАЈНО ПРЕТПРИЈАТИЕ СКОПЈЕ: Ве информираме дека по повод верскиот празник Велигден, за време на продолжениот викенд од 18.04.2025 год. (петок) до 21.04.2025 год. (понеделник), автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред

Sase Ivanovski

Виктор Паунов: Доградбата на детската градинка во Карбинци ,,Кокичиња” се движи во одлична динамика

Sase Ivanovski

Во сообраќајка во Хрватска загинаа тројца, од кои две се деца

Sase Ivanovski

Обвинителството бара построга казна за возачот кој ја прегази Теодора Ристовска во Тетово

Sase Ivanovski

Продолжен притворот за Бектеши

Sase Ivanovski

Полицаецот за кој се шпекулираше дека е во бегство сам се пријавил во станица, семејството тврдеше дека е дома но никој не го побарал

Sase Ivanovski

Најмалку 23 загинати во израелски напади врз кампови во Појасот Газа

Sase Ivanovski

Путин: Катар е клучен партнер на Русија на Блискиот Исток

Sase Ivanovski

Велигденско послание на г.г. Стефан: Трагедијата во Кочани не сплоти во тага и во молитви за настраданите

Sase Ivanovski

Во несреќа со мотоцикл загина 38-годишник од скопско Буковиќ

Sase Ivanovski

КАЛИФОРНИЈА ГО ТУЖИ ТРАМП Сојузната држава бара да се укинат царините

Sase Ivanovski

mSTART HELLO од МТЕЛ – првата припејд СИМ картичка во Македонија со важност од 3 месеци!

Sase Ivanovski

Андовски: Уште двајца од пожарот во Кочани во релативно тешка состојба

Sase Ivanovski

Дом на млади, (наследство претставено во книгата „Социлаистичкиот модернизам во Бугарија“) Дупница, Бугарија Изградена во 1975 година – Архитект Милчо Сапунџиев

Sase Ivanovski

Слаткар и Сања Николиќ насмеани со синчето Моша на прославата за неговиот 5-ти роденден

Sase Ivanovski

Кога Марк Твен се оженил со Оливија Ленгдон, тој му рекол на еден пријател: „Да знаев колку може да биде среќен брачниот живот, ќе се оженев пред 30 години наместо да губам време со растење на забите“

Sase Ivanovski

Милан сега е трет најбогат град во Европа: 115.000 милионери и 17 милијардери

Sase Ivanovski

Велигденски концерт на женски камерен хор “Св. Злата Мегленска”

Sase Ivanovski

Орце Ѓорѓиевски: Поддршката на зелени политики е клучна за одржлив развој и унапредување на квалитетот на животот!

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) ВУЛКАН ОД ЕМОЦИИ ВО СКОПЈЕ Вардар и Црвена звезда играа за настраданите во Кочани

Sase Ivanovski

Џудо Федерација на Македонија: Со посебна чест ви го најавуваме Европското Кадетско Првенство во Џудо – Скопје 2025

Sase Ivanovski

ХАРВАРД ЌЕ ГО ИЗГУБИ ПРАВОТО ДА ЗАПИШУВА СТРАНСКИ СТУДЕНТИ? Трамп му даде рок, а Универзитетот се повика на Уставот на САД

Sase Ivanovski

Ленче Николовска: Денеска во Винарија КАМНИК присуствував на презентација на Универзалниот земјоделски робот – AgAR е дизајниран да може да ги извршува речиси сите земјоделски работи, почнувајќи од орање, садење, прскање, наводнување, па сѐ до берење на грозјето

Sase Ivanovski

Дигитален мост меѓу Собранието и граѓаните: Презентирани две нови веб платформи за унапредување на отвореноста и дигиталната комуникација на законодавниот дом

Sase Ivanovski

Guns N’ Roses Belgrade_Art: Конкурс за сите креативни уметници и фанови

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Работно време на Управните служби на МВР за време на Велигденските празници

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: СДС е синоним за криминал, неспособност и предавства, лажеа дека уставните измени се последно барање, сега Бугарија ги демантира

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: 1507 сообраќајни прекршоци вчера и завчера на територија на цела држава, 259 за брзо возење

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен насилник од Кичево, со нож нападнал ученици, полициски службеници, обезбедување во болницата

Sase Ivanovski

Концерт на македонско-турското дуо во Даут Пашин Амам

Sase Ivanovski

За Движењето ЗНАМ за наша Македонија е неприфатлива соработка со нереформираната ДУИ и со лица од СДСМ кои учествувале или се дел од организиран криминал и корупција

Sase Ivanovski

Министерството за здравство информира дека согласно информации од Воено Медицинската Академија во Белград, денеска претпладне, за жал, подлегна на повредите Стојанче Стефанов од Кочани, роден 2001 година.

Sase Ivanovski
Вчитувам....