12.8 C
Скопје
25/04/2024 19:04
МАКТЕЛ

  

     

 

(ВИДЕО)Ковачевски: Намалување на цените на основните прехранбени производи е очекувано со успешните антикризни владини мерки

      

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска во Штип ја посети фабриката за масло „Брилијант“ чие производство е рестартирано од страна на АД „Витаминка“. Во овој период на тешка економска криза домашните капацитети за производство на основни прехранбени производи меѓу кои и маслото за јадење, се ставени во полн капацитет, а мерките кои што беа донесени од Владата имаат за цел да се избегнат ценовните шокови и да се заштитат граѓаните.Во продолжение е изјавата на премиерот Ковачевски, пренесена во целост:

„Денеска сме во посета на фабриката за производство на масло за јадење „Брилијант“ во Штип и овој производител покрива значаен дел од пазарот на масло за јадење во нашата земја. Со рестартирањето на производството на „Брилијант“, од страна на нашата реномирана компанија „Витаминка“, овој производствен капацитет влезе во нова фаза од своето работење и отвори нови перспективи за развој. Така, оваа инвестиција добива многу поголемо и пошироко значење, а за „Витаминка“ значи можност за развој и освојување на нови пазари.Во овој период на тешка економска криза домашните капацитети за производство на основни прехранбени производи меѓу кои и маслото за јадење, се ставени во полн капацитет, а мерките кои што беа донесени од Владата имаат за цел да се избегнат ценовните шокови и да се заштити животниот стандард на граѓаните.

   

Токму во таа насока Владата изминатиот период донесе одлуки за повластена тарифа на електрична енергија пониска од берзанската, со што влијаеме на намалувањето на цените на основните прехранбени производи.Според податоците кои ги објавивме неделава вкупно 518 субјекти, од кои 235 производствени капацитети на основни прехранбени производи се пријавија за снабдување со електрична енергија со пониски цени преку „ЕСМ Продажба“ и тие ќе бидат снабдувани со струја по цена од 85 евра за мегават час, која треба да влијае на намалување на цените на основните прехранбени производи.Од 1 декември оваа година треба да ги видиме првичните резултати на пазарот од оваа мерка. Воедно  очекуваме да продолжи намалувањето на цените во интерес на потрошувачите, и според сите параметри реално е да очекуваме намалување за најмалку 10%.Ќе ја искористам оваа прилика да повторам дека никој нема да биде оставен сам да се справува со последиците од кризата оваа зима и дека институциите посветено работат на изнаоѓање на решенија за предизвиците кои се а наметнаа за економската и енергетската криза.
Исто така, би напоменал дека за компаниите од прехранбениот сектор најважно е да имаат домашна суровина, затоа ставаме силен фокус на зголемување на примарното земјоделско производство. Конкретно во случајот на домашното производство на сончоглед. Обезбедивме и продолжуваме да обезбедуваме во иднина навремена исплата на субвенциите и други мерки за зголемување на површините за производство на земјоделски производи.

 

И оваа година пред почетокот на новата сеидбена сезона за сончогледот ги исплативме субвенциите, за да можат земјоделците навреме да сеат, за да имаат пари за производствените трошоци. Платежната агенција исплати над 450 милиони денари субвенции за полјоделски култури меѓу кои и за сончогледот и маслодајната репка на над 24.000 земјоделци.Во ова време на глобална криза навремено и неселективно даваме финансиска поддршка за земјоделците, им помагаме кога е најпотребно, го стимулираме земјоделското производство, даваме поддршка за развој и обезбедуваме сигурност и за земјоделците и за преработувачите.Во таа насока е и новиот модел за распределба на земјоделските субвенции, кој што ќе значи решавање  сите долгогодишни проблеми на земјоделците, брз систем за исплата на субвенциите и спречување злоупотребите и сивата економија.Конкретно, досегашниот систем според кој земјоделците добиваа субвенции без да прикажат дека оствариле производство, се заменува со нов „decoupling систем“. Со новиот модел, ги мотивираме земјоделците да произведат повеќе храна, нешто што е многу важно во услови на светска економска и енергетска криза. Како што реков, струја, енергенси и храна, мора да има, за сите. И на тоа секојдневно и активно работиме, и така и ќе биде и во иднина.Исто така сакам да истакнам дека „Витаминка“ е еден од нашите најзначајни производствени капацитети во делот на основните прехранбени производи и сакам да се заблагодарам за соработката која што ја имавме со менаџментот на фабриката како Влада. Особено во месеци март, април и мај оваа година кога знаете дека постоеја забрани за извоз на основни суровини од страна на земјите од регионот, меѓутоа низ контакти кои што ги правевме и ние како Влада и јас како претседател на Влада со соседна Србија, менаџментот на компанијата, успеавме да обезбедиме суровини доволно за да може да се задоволи домашниот пазар.

   

     

Исто така сакам да истакнам дека фабриката Витаминка е една од далекугледите фабрики во нашата држава и тие веќе имаат инсталирано фотоволтаични централни во рамки на своите капацитети при што 30% од потребите на струја ги задоволуваат од сопствено производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија. Тоа е за пофалба и пример за сите други производствени и услужни капацитети во државата.Врз основа на такво управување со компанијата, навистина вешто во услови на криза и се она што Владата го правеше веќе сме сведоци дека онаа максимална цена која што беше достигната за маслото за јадење од 152 денари е доведена, спуштена е на ниво од 113 денари. Исто така треба да бидеме свесни дека во финалната цена на рафинираното масло за јадење голем удел има цената на суровината а цената на суровината е исклучително погодена од војната која што се води во Украина со нападот на Русија врз Украина. 35% од светското производство на основни суровини кои ги користи „Витаминка“ се произведуваат во Украина и неможноста да се направат посеви во Украина заради константите ракетирања на целата територија во Украина влијае на зголемување на берзанските цени и на сончогледот и на пченицата и на сите други основни суровини потребни за прехранбената индустрија. Од тие причини сакам да искажам почит кон менаџментот на „Витаминка“ и на сите други производствени капацитети за основни прехранбени производи во државата и на сите нивни вработени.

За крај би сакал да им посакам уште многу успеси на менаџментот на „Витаминка“, на „Брилијант“ чиишто и менаџери и вработени ме запознаа со овој високо софистициран и навистина на врвно светско ниво процес. Да им посакам уште многу инвестиции и успех во развојните планови.“

    

Најново

Мицкоски: Со дигитална трансформација ВМРО-ДПМНЕ ќе направи комуникација помеѓу институциите во Македонија, ИКТ секторот државата ќе го стимулира

Sase Ivanovski

ВМРО: Мицкоски: 400 милиони евра во буџетската ставка „други трансфери“, власта ги злоупотребува и краде, ние ќе ги намениме за линеарно зголемување на пензиите

Sase Ivanovski

ОБСЕ/ОДИХР даде позитивна оценка за изборниот ден

Sase Ivanovski

БРУКА Е ШТО АПАСИЕВ НЕ СОБРА ХРАБРОСТ ДА НАПРАВИ НИТУ ЕДЕН МИТИНГ ОД ПУСТИ СТРАВ ОД ФИЈАСКО

Sase Ivanovski

Николоски: За мене најдрага е победата на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица

Sase Ivanovski

ОД ГОЛЕМИТЕ ГРАДОВИ, ПЕНДАРОВСКИ ПОБЕДИЛ САМО ВО КРУШЕВО И ДЕБАР!

Sase Ivanovski

ВО ГАЗИ БАБА И ИЛИНДЕН ОДНОСОТ СИЉАНОВСКА СО ПЕНДАРОВСКИ Е 5:1, БУТЕЛ 4:1, ВО ОХРИД, КИЧЕВО, СВЕТИ НИКОЛЕ И КИСЕЛА ВОДА 3:1

Sase Ivanovski

ЗА МАКСО ГЛАСАЛЕ 25 000 СКОПЈАНИ, 14 000 КУМАНОВЦИ, 5000 БИТОЛЧАНИ И 3500 ПРИЛЕПЧАНИ

Sase Ivanovski

Камшикот, од блиску дојде

Sase Ivanovski

Осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ испратени на Психијатрија на вештачење

Sase Ivanovski

За маџунот се вели дека е хранлив како мајчиното млеко. Изобилува со минерали (калиум, натриум, калциум, фосфор, железо), витамини (Б1, Б2, Б3, Б6, Ц, А, Д), енергетски супстанци, танини, флавоноиди, антиоксиданси, гроздов и овошен шеќер, органски киселини

Sase Ivanovski

Претставник на Хамас вели дека групата ќе го остави оружјето доколку се спроведе решението за две држави

Sase Ivanovski

Пентагон: Моќни балистички ракети со дострел до 300 километри веќе се испорачани на Украина

Sase Ivanovski

Војската на Буркина Фасо масакрирала 223 селани во одмаздничка акција

Sase Ivanovski

Трпение, спасение

Sase Ivanovski

ЕП го усвои досега најамбициозниот план за раст на Западен Балкан

Sase Ivanovski

Макрон на Сорбона: Постои ризик оваа наша Европа да умре

Sase Ivanovski

Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна

Sase Ivanovski

Грчките медиуми за првиот круг од претседателските избори

Sase Ivanovski

КОЈ Е КРИВ ЗА КАТАСТРОФАЛНИОТ ПОРАЗ НА СДСМ? И КОЈА Е СЛИЧНОСТА МЕЃУ КОВАЧЕВСКИ И ЗЕЛЕНСКИ?

Sase Ivanovski

Белгиски медиуми: Северна Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина

Sase Ivanovski

Хамас предлага едногодишен прекин на огнот во Газа

Sase Ivanovski

Бугарија, Турција и Романија потпишаа клучен договор за деминирање на Црното Море

Sase Ivanovski

„МАМО, НЕМОЈ ДА МЕ ОСТАВАШ, ГЛАДНА СУМ И ПОВРЕДЕНА“ Ова се последните зборови што 6-годишната Хинд од Газа ѝ ги рекла на мајка си

Sase Ivanovski

Во Турција осудени девет железничари на повеќе од 108 години затвор поради несреќа во која загинаа 25 луѓе

Sase Ivanovski

Муцунски: Функционален дијалог со ДУИ како опозиција

Sase Ivanovski

Организацијата за набљудување тврди дека Израел го крши меѓународното право и човековите права во Газа

Sase Ivanovski

Норвешка донира 76 неборбени возила за АРМ: „Донацијата ќе придонесе за поголема борбена готовност на нашата Армија“

Sase Ivanovski

Кинескиот извоз во Русија опадна за прв пат од почетокот на војната

Sase Ivanovski

Армијата на САД тестира иновативно решение за неутрализирање нагазни мини

Sase Ivanovski

Камиони влегуваат во Газа на преминот Рафа, ја носат ја многу потребната помош

Sase Ivanovski

Бајден ја поддржува слободата на изразување на кампусите во САД

Sase Ivanovski

ГОЛЕМ УСПЕХ НА МАКСО, УСПЕА ДА ГО НАДМИНЕ АРБЕН ТАРАВАРИ!

Sase Ivanovski

Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март

Sase Ivanovski

ОВА Е ВИСТИНСКИ МАСАКАР ОД СТРАНА НА ИЗРАЕЛ: Oд масовните гробници во Кан Јунис извлечени 392 тела

Sase Ivanovski

Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК

Sase Ivanovski

Историски прв пат СДСМ падна под 200.000 гласови

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГОЛДЕН АРТ: Од запуштен дел на метрополата, до еко-луксузен комплекс. Добредојдовте во комплексот Треска!

Sase Ivanovski

Од Белата куќа изјавија дека Русија во наредните недели може да изврши повеќе тактички придобивки

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛИДЕРОТ НА ТХП, ЕНЕС ИБРАХИМ: СЕМЕЈСТВОТО Е НАЈВАЖНО, МОРАМЕ ДА ГО ЗАШТИТИМЕ И ДА МУ ДАДЕМЕ СВЕТЛА ИДНИНА

Sase Ivanovski

Тинејџер е уапсен во Франција поради планирање терористички напад за време на ОИ во Париз

Sase Ivanovski

Во СБ на ОН,Русија блокираше резолуција на САД и на Јапонија за нуклеарното оружје во вселената

Sase Ivanovski

Петковски: Развиваме култура на доброчинителство

Sase Ivanovski

30 години Маргина, 15 години Окно, на саемот на книгата, 20.04.24. Фото: Зоран Шекеров

Sase Ivanovski

ВИДЕО: “Ќе им оставиме бакшиш” Груби со куфер пред Општина Чаир побара оставка од албанската опозиција

Sase Ivanovski

ПОЧНУВА ЛИ НОВА ВОЈНА?! БЕЛОРУСИЈА ТВРДИ ДЕКА БИЛА НАПАДНАТА СО ДРОНОВИ ОД СОСЕДНА ЛИТВАНИЈА?!

Sase Ivanovski

Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето

Sase Ivanovski

Ордановски: Сега следува матемиката за вториот круг и парламентарните избори, разликата е голема, но не е некоја фантастична цифра

Sase Ivanovski

Во моментите кога не можев да пуштам глас, ниту солза се соочив апсурдни обвинувања, рече таткото на убиената Вања

Sase Ivanovski

Пендаровски го плати цехот на СДСМ

Sase Ivanovski

МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ: Ја поздравуваме одлуката на кандидатот Пендаровски да го истрча и вториот круг

Sase Ivanovski

КОНЕЧНИ РЕЗУЛТАТИ: РАЗЛИКАТА МЕЃУ СИЉАНОВСКА И ПЕНДАРОВСКИ СЕ ИСКАЧИ НА ФАНТАСТИЧНИ 182 000!

Sase Ivanovski

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ – „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

Sase Ivanovski

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

Sase Ivanovski

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА – од пиво добро се живее во Македонија

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ова е жолтиот картон, на 8 мај црвен картон за ДУИ и СДСМ

Sase Ivanovski

Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски: Научена лекција, но не и пораз

Sase Ivanovski

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

Sase Ivanovski

Мицкоски: На прагот сме да ја поздравиме историската победа со мнозинство пратеници, излезете и гласајте, гласајте за вашето семејство, за вашата Македонија

Sase Ivanovski

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ – од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

Sase Ivanovski

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Sase Ivanovski

Спасовски: Новогодишен пакет од 100 евра за пензионерите, пензионерска картичка со попусти

Sase Ivanovski

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Sase Ivanovski

Николоски: Ова не е 2001 година, а и ова ВМРО-ДПМНЕ е многу поцврсто и посилно од 2001 година, сега ќе има одговорност!

Sase Ivanovski

Ковачевски: Ќе има ред и правда, европската иднина носи функционално владеење на правото

Sase Ivanovski

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

Sase Ivanovski

Почина познатиот менаџер Велибор Џаровски-Џаро

Sase Ivanovski

МВР: 108 санкционирани возачи во Скопје

Sase Ivanovski

Нови трговски мамки: Не барајте фискална сметка и ќе добиете попуст од 20 отсто!

Sase Ivanovski

Народната банка учествуваше во пилот проектот на ММФ за оценка на транспарентноста

Sase Ivanovski

Сега се негува стравот, а не храброста и погледите во иднината

Sase Ivanovski

Костадиновска-Стојчевска: Младите се нашата иднина, 5000 денари младински додаток и европски плати дома

Sase Ivanovski

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ЗА КОГО НАВАЛНИ ТРЕБАШЕ ДА БИДЕ РАЗМЕНЕТ? Красиков има чеченско потекло, а убил човек среде Берлин

Sase Ivanovski

Ромите за Демократија: Членови на партијата СДСМ се заканува на Ромите набљудувачи на изборите во Северна Македонија

Sase Ivanovski

„Замисли“ со голема граѓанска акција: Стоп за партиските вработувања во здравството!

Sase Ivanovski

За лажната дилема Албанец претседател и премиер

Sase Ivanovski

Ефектот од првиот круг на претседателските избори

Sase Ivanovski

Меморандумот со кој му се претставивме на светот во август 1991

Sase Ivanovski

Рехабилитација на референдумско прашање од 1991

Sase Ivanovski

Има ли надеж?

Sase Ivanovski
Вчитувам....