11.8 C
Скопје
25/04/2024 16:56
МАКТЕЛ

  

     

 

(ВИДЕО)Ковачевски: Со новите градинки на децата им обезбедуваме среќно детство, заложба ни е да им обезбедиме европска иднина

      

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска во Општината Чучер Сандево во придружба на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и градоначалникот на Општината Чучер Сандево, Сашко Комненовиќ ја посетија и официјално ја отворија градинката „Мило мое” во Општината Чучер Сандево. Оваа Општина за прв пат добива градинка за воспитание и образование на деца до 6 години со простор за да прими 110 деца.

   

Во продолжение е интегралниот говор на премиерот Ковачевски:  „Денес ја отвораме кончено првата градинка во Чучер Сандево, нешто што на граѓаните им било ветувано пред секои избори, меѓутоа никој не го направил тоа досега. Обврска на Владата и на Министерството за труд и социјална политика, заедно со Општината е да обезбеди предшколска возраст за децата и затоа се потврдува уште еднаш правилото дека не треба да има избори за да се отвори градинка или било каков друг инфраструктурен објект.

 

Сакам да им честитам на сите деца, сите родители од Чучер Сандево кои што ќе можат овој прекрасен нов објект  да го користат за предшколска возраст и згрижување на децата. Денес практично го остваривме сонот на Чучер Сандево да имаат градинка која може да згрижи 110 деца. Радува фактот што тука се запишани 70 деца кои никогаш досега не оделе во градинка. Децата од Чучер Сандево мораа да одат во градинките во Општина Бутел и конечно можат да одат тука.

   

     

Ме радува фактот што најголем дел од децата не биле во градинка што значи дека нивните родители сега ќе имаат повеќе простор за да ги извршуваат своите обврски. Владата останува упорна во намерата на децата да им обезбеди најдобри услови за раст и развој, без разлика дали тие живеат во урбани или рурални средини. Сите деца подеднакво се важни, затоа за прв пат овозможивме градинки да се отворат во 10 населени места, а клонови на јавни установи за предучилишно воспитание да се отворат во 17 населени места досега.  Со отворањето на предучилишно воспитни образовни установи не решаваме само проблем на родителите за згрижување на децата, туку вложуваме во унапредување на социјален, интелектуален и физички развој на децата.

Владата предводена од СДСМ досега има дадено поддршка да се отворат 73 градинки, до крајот на годината ќе отвориме уште 10, а идната година ќе следат уште 15. Не ги заборавивме воспитувачките, негувателките, техничкиот персонал, сите оние кои професионално и одговорно се грижат за децата. Како резултат на политиките на оваа Влада, вработените во градинките добија за околу 21% повисока плата, а со Колективниот договор за вработените во оваа дејност, платата на воспитувачките, негувателите и стручниот кадар во градинките од септември се покачи за 15% на сите вработени во оваа дејност. Со Законот за минимална плата, покачување доби и техничкиот персонал. Предучилишните установи се клучот за социјализација на децата затоа ги повикувам сите општини кои сакаат да аплицираат за изградба на нови предучилишни установи и објекти, може да го направат тоа преку Министерството за труд и социјална политика.

Предучилишното образование е исклучително важно, сите треба да бидеме одговорни и да водиме сметка што е подобро можно за децата. Наша должност е да обезбедиме најдобри услови за престој на децата во градинка и за да се оствари таа намера ние како Влада финансиски ќе ѝ помогнеме на секоја општина која што има потреба и која ќе има желба и проект тоа да го направи. Со вложувањето во нови градинки, отвораме нови работни места што значи и економски развој на општината или населеното место, создаваме нови услови граѓаните да гледаат можност за просперитет и за развој за себе и за своите деца, онаму каде што живеат, а не да размислуваат еден од родителите да седи дома или детето да го носат во друга општина во градинка, како што беше примерот со Чучер Сандево.

Јас верувам дека граѓаните ги ценат овие напори на Владата да се овозможи квалитетен живот на сите подеднакво. Секогаш ќе постојат некои кои од свои лични побуди ќе оспоруваат. Но, не може да оспорат факти, не може да го оспорат зголемувањето на минималната плата, покачувањето на пензиите, покачувањето на просечната плата или отворањето на толкав број на градинки само во текот на оваа година. Владата не заборави никого, финансиски ги поддржавме најранливите категории граѓани самохрани родители, социјални случаи, пензионери со најниски пензии и други категории граѓани.

Со субвенционирањето на струјата, граѓаните плаќаат за 5 пати пониски сметки од тоа што би го плаќале доколку не е субвенцијата на државата за сметките за електрична енергија. За стабилизирање на цените на основните прехранбени производи дадовме субвенции на компаниите кои произведуваат млеко, месо, јајца и други основни производи, обезбедивме субвенции и за земјоделците во рекорден износ оваа година и исплативме сé што имаше заостанато дури од 2015 година. Со антикризните мерки за стопанството овозможивме зачувување на работни места и спречивме затворање на компании и пропаѓање на бизниси. Енергетската криза нема да биде пречка за училиштата, градинките, болниците да немаат греење и струја. Децата, болните, просветните и здравствените работници мора да ги имаат потребните услови. Владата овозможи просветните и здравствени установи да имаат поевтина струја со најновите антикризни мерки.

Граѓаните ќе ценат кој што направил за нив, а не кој што кажал, бидејќи со години се изнаслушаа разно разни празни ветувања. Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат квалитетен живот и европска перспектива за нив и нивните деца, оваа земја има голем потенцијал. Јас исправено стојам пред сите предизвици, Северна Македонија да стане економски силна и стабилна држава, полноправна членка на Европската Унија. Тоа им го должиме на граѓаните, најмногу тоа им го должиме на децата. Со отворање нови градинки на децата им обезбедуваме среќно детство, но должни сме да им обезбедиме и среќна и просперитетна европска иднина. И од тоа нема отстапување.Посакувам многу радосни денови во новата детска градинка, сакам да се радуваат тука децата, родителите и целиот персонал којшто тука ќе работи. За убаво нека е!“

    

Најново

Претставник на Хамас вели дека групата ќе го остави оружјето доколку се спроведе решението за две држави

Sase Ivanovski

Пентагон: Моќни балистички ракети со дострел до 300 километри веќе се испорачани на Украина

Sase Ivanovski

Војската на Буркина Фасо масакрирала 223 селани во одмаздничка акција

Sase Ivanovski

Трпение, спасение

Sase Ivanovski

ЕП го усвои досега најамбициозниот план за раст на Западен Балкан

Sase Ivanovski

Макрон на Сорбона: Постои ризик оваа наша Европа да умре

Sase Ivanovski

Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна

Sase Ivanovski

Грчките медиуми за првиот круг од претседателските избори

Sase Ivanovski

КОЈ Е КРИВ ЗА КАТАСТРОФАЛНИОТ ПОРАЗ НА СДСМ? И КОЈА Е СЛИЧНОСТА МЕЃУ КОВАЧЕВСКИ И ЗЕЛЕНСКИ?

Sase Ivanovski

Белгиски медиуми: Северна Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина

Sase Ivanovski

Хамас предлага едногодишен прекин на огнот во Газа

Sase Ivanovski

Бугарија, Турција и Романија потпишаа клучен договор за деминирање на Црното Море

Sase Ivanovski

„МАМО, НЕМОЈ ДА МЕ ОСТАВАШ, ГЛАДНА СУМ И ПОВРЕДЕНА“ Ова се последните зборови што 6-годишната Хинд од Газа ѝ ги рекла на мајка си

Sase Ivanovski

Во Турција осудени девет железничари на повеќе од 108 години затвор поради несреќа во која загинаа 25 луѓе

Sase Ivanovski

Муцунски: Функционален дијалог со ДУИ како опозиција

Sase Ivanovski

Организацијата за набљудување тврди дека Израел го крши меѓународното право и човековите права во Газа

Sase Ivanovski

Норвешка донира 76 неборбени возила за АРМ: „Донацијата ќе придонесе за поголема борбена готовност на нашата Армија“

Sase Ivanovski

Кинескиот извоз во Русија опадна за прв пат од почетокот на војната

Sase Ivanovski

Армијата на САД тестира иновативно решение за неутрализирање нагазни мини

Sase Ivanovski

Камиони влегуваат во Газа на преминот Рафа, ја носат ја многу потребната помош

Sase Ivanovski

Бајден ја поддржува слободата на изразување на кампусите во САД

Sase Ivanovski

ГОЛЕМ УСПЕХ НА МАКСО, УСПЕА ДА ГО НАДМИНЕ АРБЕН ТАРАВАРИ!

Sase Ivanovski

Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март

Sase Ivanovski

ОВА Е ВИСТИНСКИ МАСАКАР ОД СТРАНА НА ИЗРАЕЛ: Oд масовните гробници во Кан Јунис извлечени 392 тела

Sase Ivanovski

Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК

Sase Ivanovski

Историски прв пат СДСМ падна под 200.000 гласови

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГОЛДЕН АРТ: Од запуштен дел на метрополата, до еко-луксузен комплекс. Добредојдовте во комплексот Треска!

Sase Ivanovski

Од Белата куќа изјавија дека Русија во наредните недели може да изврши повеќе тактички придобивки

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛИДЕРОТ НА ТХП, ЕНЕС ИБРАХИМ: СЕМЕЈСТВОТО Е НАЈВАЖНО, МОРАМЕ ДА ГО ЗАШТИТИМЕ И ДА МУ ДАДЕМЕ СВЕТЛА ИДНИНА

Sase Ivanovski

Тинејџер е уапсен во Франција поради планирање терористички напад за време на ОИ во Париз

Sase Ivanovski

Во СБ на ОН,Русија блокираше резолуција на САД и на Јапонија за нуклеарното оружје во вселената

Sase Ivanovski

Петковски: Развиваме култура на доброчинителство

Sase Ivanovski

30 години Маргина, 15 години Окно, на саемот на книгата, 20.04.24. Фото: Зоран Шекеров

Sase Ivanovski

ВИДЕО: “Ќе им оставиме бакшиш” Груби со куфер пред Општина Чаир побара оставка од албанската опозиција

Sase Ivanovski

ПОЧНУВА ЛИ НОВА ВОЈНА?! БЕЛОРУСИЈА ТВРДИ ДЕКА БИЛА НАПАДНАТА СО ДРОНОВИ ОД СОСЕДНА ЛИТВАНИЈА?!

Sase Ivanovski

Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето

Sase Ivanovski

Ордановски: Сега следува матемиката за вториот круг и парламентарните избори, разликата е голема, но не е некоја фантастична цифра

Sase Ivanovski

Во моментите кога не можев да пуштам глас, ниту солза се соочив апсурдни обвинувања, рече таткото на убиената Вања

Sase Ivanovski

Пендаровски го плати цехот на СДСМ

Sase Ivanovski

МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ: Ја поздравуваме одлуката на кандидатот Пендаровски да го истрча и вториот круг

Sase Ivanovski

КОНЕЧНИ РЕЗУЛТАТИ: РАЗЛИКАТА МЕЃУ СИЉАНОВСКА И ПЕНДАРОВСКИ СЕ ИСКАЧИ НА ФАНТАСТИЧНИ 182 000!

Sase Ivanovski

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ – „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

Sase Ivanovski

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

Sase Ivanovski

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА – од пиво добро се живее во Македонија

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ова е жолтиот картон, на 8 мај црвен картон за ДУИ и СДСМ

Sase Ivanovski

Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски: Научена лекција, но не и пораз

Sase Ivanovski

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

Sase Ivanovski

Мицкоски: На прагот сме да ја поздравиме историската победа со мнозинство пратеници, излезете и гласајте, гласајте за вашето семејство, за вашата Македонија

Sase Ivanovski

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ – од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

Sase Ivanovski

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Sase Ivanovski

Спасовски: Новогодишен пакет од 100 евра за пензионерите, пензионерска картичка со попусти

Sase Ivanovski

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Sase Ivanovski

Николоски: Ова не е 2001 година, а и ова ВМРО-ДПМНЕ е многу поцврсто и посилно од 2001 година, сега ќе има одговорност!

Sase Ivanovski

Ковачевски: Ќе има ред и правда, европската иднина носи функционално владеење на правото

Sase Ivanovski

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

Sase Ivanovski

Почина познатиот менаџер Велибор Џаровски-Џаро

Sase Ivanovski

МВР: 108 санкционирани возачи во Скопје

Sase Ivanovski

Нови трговски мамки: Не барајте фискална сметка и ќе добиете попуст од 20 отсто!

Sase Ivanovski

Народната банка учествуваше во пилот проектот на ММФ за оценка на транспарентноста

Sase Ivanovski

Сега се негува стравот, а не храброста и погледите во иднината

Sase Ivanovski

Костадиновска-Стојчевска: Младите се нашата иднина, 5000 денари младински додаток и европски плати дома

Sase Ivanovski

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ЗА КОГО НАВАЛНИ ТРЕБАШЕ ДА БИДЕ РАЗМЕНЕТ? Красиков има чеченско потекло, а убил човек среде Берлин

Sase Ivanovski

Ромите за Демократија: Членови на партијата СДСМ се заканува на Ромите набљудувачи на изборите во Северна Македонија

Sase Ivanovski

„Замисли“ со голема граѓанска акција: Стоп за партиските вработувања во здравството!

Sase Ivanovski

За лажната дилема Албанец претседател и премиер

Sase Ivanovski

Ефектот од првиот круг на претседателските избори

Sase Ivanovski

Меморандумот со кој му се претставивме на светот во август 1991

Sase Ivanovski

Рехабилитација на референдумско прашање од 1991

Sase Ivanovski

Има ли надеж?

Sase Ivanovski

ЕУ бара истрага за масовните гробници околу болниците во Газа, поради можно кршење на човековите права

Sase Ivanovski

Инцидент во училиште во Јужен Велс: Повеќе луѓе се прободени со нож

Sase Ivanovski

„СИТЕ ЖРТВИ СЕ ОФИЦЕРИ, ТАМУ НЕМА ВОЈНИЦИ“ Седуммина руски старешини загинале од украински напад

Sase Ivanovski

ГРАД ГО УБИ БЕЛГРАД! Силно невреме ја погоди српската метропола

Sase Ivanovski

ИНТЕРНЕТ НАРАЧКА ОД НЕПРОВЕРЕНА ФИРМА ГО ЧИНИ 21.000 ЕВРА Тетовски газда тврди дека е измамен од странска трговска фирма

Sase Ivanovski

БОРИС БЕКЕР ПОВТОРНО ИМА „БОМБА“ ПОКРАЈ СЕБЕ Убавата Лилијан го чекаше да излезе од затвор

Sase Ivanovski

Уапсена мрежа на шверцери во БиХ: Превезувале мигранти во Хрватска, за што заработиле 3 милиони евра

Sase Ivanovski

ПОЛИЦИЈАТА ЛАЖЕЛА ДЕКА Е ЖИВ?! Братот на осомничениот за убиството на Данка бил убиен во затворот, новите детали отвораат нови сомнежи

Sase Ivanovski

ИЗРАЕЛСКО-АМЕРИКАНСКИ ЗАЛОЖНИК БЕЗ ЕДНА РАКА МОЛИ ЗА СПАС Хамас објави видео од еден од киднапираните во нападот на 7 октомври

Sase Ivanovski

Врховниот суд на Грција ја отфрли кандидатурата на радикално десничарска партија Спартанци за учество на евроизборите

Sase Ivanovski

Хасани: Началникот на СВР – Тетово продолжува да работи незаконски

Sase Ivanovski
Вчитувам....