Годишнината од своето постоење како и сите досегашни успеси и достигнувања во винскиот свет, винаријата Камник ги прослави во гламурозна атмосфера со домашни и странски гости, партнери и соработници.
Винаријата започна со производство во 2004 година, а од самиот почеток на работа кога се засадени првите лозови насади, до денес Камник претставува исклучителени реномиран производител на висококвалитетни македонски вина. Во овој период создадени се 25 различни видови вина и во процесот се искористени повеќе од 500 дабови буриња.
Вината на Камник се застапени на најпрестижните вински пазари во повеќе од 30 земји, а бројноста на наградите што ги имаат добиено, ја позиционира оваа винарија како вистински амбасадор на македонските вина и на традиционалниот начин на преработка.