Ова владино возило, со кое се превезуваше некој функционер, направи гужва на улицата “Васил Главинов” која се протегаше и долж Партизанска. Бидејќи овој потег на улицата е фреквентен и води кон Рекорд, кога една лента ќе се блокира настанува сообраќаен колапс.
Таблицата е СК-4040-БЛ. Кој е функционерот кој се однесува како Дон Корлеоне и кого го чекаа со вклучени флешери, среде улица?