Во болницата „Пирогов“ веќе се сместени повредени во пожарот во Кочани, објави БГНЕС. По несреќата Бугарија веднаш понуди помош и испрати воен авион „Спартан“ со кој беа пренесени осуммина од настрадните. Според БГНЕС, петмина од нив се тешко повредени и се ставени на респиратор. Тие петмина се пренеси во болницата „Пирогов“, а остантите тројца со авион се пренесени во Военомедицинската академија во Варна.
Според информациите на БГНЕС, уште петмина тешко повредени се очекува да бидат транспортирани подоцна вечерва во Бугарија. Тројца од нив ќе бидат сместени во болница во Пловдив, а двајца во Софија во болницата „Пирогов“. Исто така, во готовност се и други болници во Софија, Варна и во Благоевград за прием на други повредени.