Српската опозициска Партија на слободата и правдата вечерва објави дека околу зградата на телевизијата „Пинк“ во Белград се поставуваат големи бетонски блокови, јави „Н1“ „Монтираат огромни бетонски блокови околу Пинк“, напиша партијата на „Икс“, објавувајќи и снимка од работите пред зградата на српската телевизија.
Montiraju ogromne betonske blokove oko Pinka ⬇️ pic.twitter.com/JhUhOBXZmJ
— Stranka slobode i pravde (@SlobodaIPravda) March 14, 2025
Во Белград за утре е закажан голем протестен собир на студентите, кои вечерва пристигнуваа пеш и со велосипеди во српскиот главен град, каде беа пречекани од белградските колеги, но и од илјадници жител на Белград кои излегоа на улиците да ги поддржат.