Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека досега во војната загинаа десетици илјади луѓе, а исто толку деца беа депортирани. Но, тој тврди дека Русија изгубила поголем број војници од Украина. „Замената на врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни, е резултат на ресетирање на военото раководство“, изјави украинскиот претседател во интервју за каналот „Фокс њуз“.
Зеленски разговараше со американскиот водител на „Фокс њуз“, Брет Баер, на една од локациите во близина на линијата на фронтот во Харков. Тој кажа дека мораат да бидат брзи. „Времето е пари, но во нашиот случај тоа не се пари, тоа се луѓе, животи на луѓе“, додаде тој.Утре се навршуваат две години од почетокот на руската инвазија на Украина.