Државната химна на предлог на градоначалници од владеачката ВМРО ДПМНЕ пробно во некој училишта се пееше пред да почне училишната недела а годинава оваа пракса е воведена во повеќе основни училишта во земјава. Оваа новина наиде и на позитивни и на негативни реакции особено кај другите етнички заедници..Но тоа не е се. Годинава на првиот училишен ден во велешкото основно училиште „Панко Брашнаров“имаше „изненадување“ за првачињата.
Во отсуство на владиката Агатангел кој се прослави во време на короната кога попови качени на камиончиња ги прскаа улиците со крстена вода и босилок во епархијата сега на 2 ри овој месец како што им објасни директорката на школото со тропање на камбаните „ги повикувале“ првачињата и другите ученици на првиот училишен час. Не е јасно дали директорката се консултирала за средновековен обичај камбаните да тропаат за тревога во случајов за почеток на училишната година или идеата и е од владиката Агатангел кој е познат по воведување црковни обичаи од средниот век. Во видеата снимено е тропањето на камбаните и говорот на директорката која објаснува дека со ова ги повикале првачињата и другите ученици на првиот училишен час.
Нејасно е дали министерката Јаневска била запознаена дека старата велешка камбана ќе тропа и ќе повикува на првиот училишен час а директорката на училиштето „Панко Брашнаров“ во говорот посветен за добредојде на првачињата ќе се пофали дека камбаната тропала за да ги пречека учениците на почетокот на школската година.