13.8 C
Скопје
30/03/2023 15:20
МАКТЕЛ

   

(ВИДЕО) Ковачевски на свечената академија посветена на Св. Сава: Почитта кон различностите нѐ прави да бидеме обединети во заедничката идеја за мир и единство

    

  

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски вечерва имаше обраќање на свечената академија, која се одржа по повод одбележувањето на Св. Сава – националниот празник на српската заедница во Република Северна Македонија.На свеченоста присуствуваа Милош Вучевиќ, заменик-претседателот на Владата на Република Србија и министер за одбрана на Република Србија, Славјанка Петровска, министерка за одбрана на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, претставници на дипломатскиот кор, претставници на политички партии, граѓански организации, здруженија, како и бројни гости од земјава и од странство.Премиерот Димитар Ковачевски упати најсрдечни честитки по повод празникот Св. Сава, со желба за долговечно чествување.
Во продолжение го пренесуваме интегралното обраќање на премиерот Димитар Ковачевски:

 

„Дозволете ми од мое име и од име на Владата да ви го честитам денешниот празник, Св. Сава, националниот ден на Србите во Република Северна Македонија и во таа чест да ви упатам најсрдечни честитки со желба денешниот ден да се слави долговечно.Одбележувањето на Св. Сава, националниот ден на српската заедница, за нас и за нашата држава значи негување на сите вредности по кои духовниот и интелектуалниот творец на идејата за српската државотворност ќе остане запаметен во историјата на народите на овие простори.Основоположникот и првиот архиепископ на Српската православна црква, Св. Сава учеше на трпеливост, помирување меѓу луѓето, ширење на љубов и почит кај народот. Неговото учење се засноваше на вера и вистина. Понесен од таа идеја, тој се откажа од сите земски задоволства и богатства, за да може да го искуси духовното, она кое го остави како свое наследство на генерациите кои доаѓаат.

  

А, неговото наследство не е мало. Бидејќи вредностите за кои се бореше и ги застапуваше Св. Сава и неговото учење за почит кон другите и избор на мирот пред конфликтот, денес е аманет и за сите народи кои денес живеат пошироко од границите на неговата матична држава, Србија. Аманет за сите народи кои водејќи се од принципите на добрососедство и соживот, избираат да градат мир, взаемна доверба и меѓусебна соработка.
Токму затоа сме денес овде. Да ги негуваме тие вредности кои во светот нѐ истакнаа да бидеме препознатливи по почитувањето на културните вредности на сите народи кои живеат овде. Мултикултурализмот е наш посебен белег низ вековите, со помош на кој денес ги уживаме благодетите на мир и сожителство, трасирајќи стабилна иднина и за следните поколенија.

    

Валоризацијата на овие вредности и негувањето на почитта кон другите и почитта кон различностите нѐ прави да бидеме обединети во заедничката идеја за мир и единство. Само така, обединети во различностите, можеме да одиме напред како општество, но и заеднички, како народи кои живеат во регион, преполн со предизвици.
Еден таков голем предизвик беше корона кризата, кога Република Србија ни помогна со доставување на неопходните првични количини на вакцини во тоа време, за што сме искрено благодарни на српскиот народ што во такви тешки моменти ни подадоа рака и ни помогнаа да се справиме со кризата.

Сега сме соочени со поинакви предизвици, кои, се надевам заеднички ќе ги надминеме преку заеднички иницијативи кои ќе ни отворат нови видици на патот кон Европската Унија. Такви видици сега се отвораат преку нашата заедничка иницијатива Отворен Балкан, која е политика на отворени врати.Нашите врати, вратите на Република Северна Македонија секогаш ќе бидат отворени за сите народи кои се пријателски, а еден од тие народи е и нашиот братски, српски народ. Нашата заедничка иднина зависи од сите нас. Без разлика колку и да сме различни, сепак, имаме една цел кон која сите се стремиме – просперитетен, отворен и современ Балкан, ослободен од предрасуди, омраза и непријателства.

Да градиме пријателства, да градиме мир во нашите држави и во нашето соседство, а преку тоа да придонесуваме и кон мирот во светот.
Овој ден кај мене секогаш буди исклучително среќни чувства бидејќи јас потекнувам од Куманово исто и како нашиот вечерашен домаќин г. Стоилќовиќ, министерот за внатрешни работи и дел од другите гости кои ги гледам тука. Се сеќавам како нашите баби, нашите мајки во Куманово, на овој ден одеа во нашите православни храмови за да осветат колач за нивните деца, нивните внуци да имаат добри академски успеси.
Нека бидат вечни името и славата на Свети Сава, националниот празник на Србите во државава и насекаде низ светот“.

   

Најново

Синдикатите и Министерството за здравство се договорија, се очекува потпишување на анексот на колективниот договор

Sase Ivanovski

Скопје повторно остана без нови автобуси, градскиот Совет по вторпат ѝ кажа „не“

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Уште десет лица се вклучени во случајот со силување малолетничка и изготвување детска порнографија

Sase Ivanovski

Народниот правобранител алармира: За брз кредит од 9.000 денари биле наплатени 75.752 денари?!

Sase Ivanovski

СДСМ: Антонио Милошоски е осудено лице во Германија, близок соработник на Груевски, обвинет во случајот Моќник, главен предводник на политички мотивираната лустрација и докажан извор на лажни вести

Sase Ivanovski

„Тиквеш“ прогласена за компанија со најголем раст на извозот во регионот

Sase Ivanovski

Арсовска со повик до советниците да престанат со блокади, да работат за граѓаните, а не за политичарите

Sase Ivanovski

Јовески: Кандидатите покажаа резултати и беа примени на академијата

Sase Ivanovski

ФОКУС: Битка по битка, Мијалков ја добива војната – Од 6 предмети за кои бил осуден, 5 предмети „висат“, единствено „Трезор“ не може да застари

Sase Ivanovski

ГЛОБАЛНОТО ЗАТОПЛУВАЊЕ Е ФАКТ, САМО ЌОРАВ И БУДАЛА НЕ МОЖЕ ДА ГО ВИДИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СТОИЛОВ СЕ ИЗНЕРВИРА И СО БОКСОВИ ПРЕТЕПА КОМИТА КОЈ МАВАШЕ СО КАМЕЊА ПО ЏКЕМБАРИТЕ

Sase Ivanovski

Директорот Тасевски на финалната презентација на проектот „Анализа на работни позиции – униформиран полициски службеник и полициски инспектор“

Sase Ivanovski

Ковачевски утре во Белград на средби со Вучиќ и Брнабиќ

Sase Ivanovski

Професорот Трајко Славески вели дека владата веќе нема идеја како да ја сопре инфлацијата и презема нелогични мерки кои се непазарни и неприменливи во економските практики

Sase Ivanovski

Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога, приведено едно лице

Sase Ivanovski

Јавното обвинителство и MВР потпишаа Протокол за соработка

Sase Ivanovski

Обвинителството постапува за тунелот во „Идризово“, но во моментов не може да соопшти детали

Sase Ivanovski

ШАСИЈА OPEL GSE: ИЗВОНРЕДНА КОНТРОЛА И УДОБНОСТ ПРИ ВОЗЕЊЕТО

Sase Ivanovski

По големите загуби кај Бахмут, Русите планираат да регрутираат уште 400.000 војници кои ќе се борат во Украина

Sase Ivanovski

ТЕЛМА: Барлет Џафери доби диплома за завршена Академија, не сакаше да даде изјава по церемонијата која Габер ја сокри од јавноста

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛЕНИН ПОТЕКНУВАЛ ОД БОГАТО СЕМЕЈСТВО, КЛУЧЕН МОМЕНТ ВО ЖИВОТОТ БИЛА СМРТТА НА НЕГОВИОТ ТАТКО И УБИСТВОТО НА СВОЈОТ БРАТ ОД СТРАНА НА КРАЛСКАТА ВЛАСТ

Sase Ivanovski

Кластер од интернет терористи се виновни за бомбите – МВР се уште не ги апси, но ги следи и трага по нивните мотиви

Sase Ivanovski

ФОТО НА ДЕНОТ

Sase Ivanovski

БРУКА: Скопска апелација ја одложи јавната седница за „Титаник 2“ за 13 април, гонењето на Мијалков дотогаш застарува

Sase Ivanovski

Фон дер Лајен: За односите меѓу ЕУ и Кина одлучувачки ќе биде ставот на Пекинг за војната во Украина

Sase Ivanovski

Јанчева: ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска да ја отстапат реконструкцијата на Универзална сала на Владата

Sase Ivanovski

Арсовска: Како градоначалник ниту можам ниту сакам да ја донесам одлуката за отстапување на Универзалната сала на Владата

Sase Ivanovski

Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан го прогласи „Алкалоид“ за водечки инвеститор во регионот

Sase Ivanovski

Јовески за случајот со шестгодишната Јана: Го немаме извештајот од обдукцијата, се уште обезбедуваме докази

Sase Ivanovski

Поради проблеми со срцето, папата Франциск хоспитализиран во Рим, откажани состаноците за утре

Sase Ivanovski

Условна казна затвор од две години за Зоранчо Митровски за случајот Империја, треба да плати и отштета од 1,5 милиони евра во Буџетот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДВЕ РАБОТИ ГО НАПРАВИЛЕ СТАЛИН МОНСТРУМ СПОСОБЕН ДА НАРЕДИ УБИСТВО НА 20 МИЛИОНИ РУСИ: ПРЕДАВСТВОТО НА СВОЈОТ ИДОЛ МАЛИНОВСКИ И СМРТТА НА ПРВАТА СОПРУГА

Sase Ivanovski

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КАКОВ САТРАП: ВО ПОСЛЕДНИОТ ГОВОР НА СТАЛИН ВО ПАРЛАМЕНТОТ НА СССР, ДИКТАТОРОТ СЕ ПОФАЛИЛ СО ЛИКВИДАЦИИТЕ НА БОГАТИТЕ И НЕПОДОБНИТЕ??!

Sase Ivanovski

Сенатот гласаше за укинување на правото на Белата куќа да одлучува за војна или мир

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПАНДЕВ ЗА ПРЕСТОЈОТ ВО НАПОЛИ: ФУДБАЛЕРИТЕ СЕ КАКО БОГОВИ ВО ГРАДОТ, ТРИ ГОДИНИ НЕ СУМ ПЛАТИЛ СМЕТКА ВО РЕСТОРАН, ЕДНА БАБА КОМШИКА СЕКОЕ САБАЈЛЕ НИ НОСЕШЕ ПОЈАДОК

Sase Ivanovski

ГЕРИЛА АКЦИЈА НА СДСМ ПРИЛЕП: Лихварски сакате да го задолжите Прилеп!

Sase Ivanovski

ДИМЧЕ АПАСИЕВ: НАЈЛОШ ПРОГНОЗЕР НА СИТЕ ВРЕМИЊА

Sase Ivanovski

НИКОЛОВСКИ: Денес го објавуваме јавниот оглас за практиканти и за истиот први ги запознав едни од најдобрите студенти на земјоделскиот, шумарскиот и ветеринарниот факултет

Sase Ivanovski

НАЈДОБАР МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ДОСЕГА: Во мандатот на Спасовски четири покачувања на плата и пет бонус плати исплатени на вработените во МВР

Sase Ivanovski

ШОКАНТЕН ПОСТ НА ЛИДЕРОТ НА МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ, ПЕТАР БОГОЈЕСКИ: АКО САКААТ МУСЛИМАНСКИТЕ ДЕВОЈКИ ДА НОСАТ ШАМИИ ВО ШКОЛО ДА ОДАТ ВО ИРАН ИЛИ САУДИСКА АРАБИЈА?!?!

Sase Ivanovski

ЌЕ СЕ ИЗВИНИ ЛИ МИЦКОВСКИ ЗА ТОА ШТО ГО ПЛАШЕШЕ НАРОДОТ ДЕКА ЌЕ БИДЕМЕ НА СВЕЌИ ПОД ДЕБЕЛИ ЈОРГАНИ?!

Sase Ivanovski

Откако стана дел од бразилската NC Групација, Галеника забележа значителен деловен раст и меѓународна експанзија

Sase Ivanovski

ФЕИТ отвори ФабЛаб за студентите

Sase Ivanovski

ДУИ категорично ги демантира лажните вести на Алсат и Фокус дека сме преговарале со Груевски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ШЕФОТ НА ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА: СИТЕ ОШТЕТЕНИ ОД ЛАЈОНЕС ДА ДОЈДАТ И ДА ПРИЈАВАТ КАЈ НАС

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АДВОКАТКА ПИВОВАРОВА: ОШТЕТЕНИТЕ ОД ПИРАМИДАТА ЛАЈОНЕС МОЖЕ ДА СИ ГИ ПОВРАТАТ ПАРИТЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОШТЕТЕНИ ГРАЃАНИ СВЕДОЧАТ КАКО ИЗГУБИЛЕ СТАНОВИ ВО ИЗМАМАТА ЛАЈОНЕС

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЕ СТЕГА ОБРАЧОТ ОКОЛУ БАНДАТА НА ЗОРАН ВИТАНОВ: СУДОТ ВЕЌЕ ДОНЕСЕ ДВЕ ПРЕСУДИ ВО КОРИСТ НА ИЗМАМЕНИ ОД ПИРАМИДАТА ЛАЈОНЕС

Sase Ivanovski

Не е унапреден судијата Енвер Беџети кој го „чуваше“ во фиока предметот за Мијалков

Sase Ivanovski

Костовски: Секој храбар политичар мора да гледа во иднината барем 10 години нанапред

Sase Ivanovski

Тамара и Јана не почиваат мирно, правдата треба да биде задоволена, порачаа скопјани

Sase Ivanovski

Владата одлучи да донира хеликоптери на Украина

Sase Ivanovski

Уставен суд екстремно им ги зголемил платите на функционерите?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПО ПАУЗА ОД 2 МЕСЕЦА ПОРАДИ ЗДРАВСТВЕНИ ПРОБЛЕМИ, ЈАКИМОВСКИ СЕ ВРАТИ ВО ЈАВНОСТ

Sase Ivanovski

Маричиќ: Продобивки од ЕУ, а не политизација – тоа го бараат граѓаните од сите политичари и сите партии

Sase Ivanovski

Снимки со дрон од протестот за Јана, граѓаните бараат оставки

Sase Ivanovski

Зеленски тврди дека една западна држава донирала противвоздушен систем кој не функционира

Sase Ivanovski

Ѓоргиевска се дружеше со првата дама на Австрија

Sase Ivanovski

ОСМАНИ: Лансираме нова платформа – Западен Балкан КВАД 100% усогласеност со надворешната политика на ЕУ

Sase Ivanovski

Спасовски на трибина на Факултетот за безбедност: Со низа законски механизми до поквалитетно извршување на полициската работа

Sase Ivanovski

Победи младата мајка Филимена, која ја избркаа од работа додека беше на породилно и ѝ ги бараа парите назад

Sase Ivanovski

Ќе се бираат над 30 нови судии во 13 основни судови

Sase Ivanovski

ИН ВИТРО ЛЕКАРИТЕ ЛАЈК ДИС: Жените во ЕУ сѐ покасно го раѓаат првото дете

Sase Ivanovski

Димитриеска Кочоска: Кога СДСМ е на власт резултатите во економијата се поразителни, ниту нивните „мерки“ не помагаат

Sase Ivanovski

Синот на Џафери и другите сопруги и ќерки ги добија дипломите – медиумите не беа поканети

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОВАА ЗЕЛКА БИЛА АМБАСАДОР ВО БРАЗИЛ – БОЦЕВСКИ: ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО НЕ ЈА ЗГОЛЕМИ БЕЗБЕДНОСТА НА ДРЖАВАТА

Sase Ivanovski

Димитриеска Кочоска: Власта не се бори против сивата економија, ДДВ-то не се собира според планираното, со буџетот направија вештачка слика која не може да се реализира

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВРЕМЕ БЕШЕ НЕКОЈ ДА СЕ СЕТИ: ИЗМИСЛИЈА ЖЕНСКИ ЧЕВЛИ НА КОИ МОЖЕ ДА СЕ СТАВААТ РАЗНИ ГОЛЕМИНИ И ФОРМИ НА ШТИКЛА

Sase Ivanovski

Претрес во кумановско, пронајдена дрога

Sase Ivanovski

НАРОДОТ СЕ КРЕНА НА НОЗЕ И ПОБЕДИ: Постигнат е договор во Израел, одложена е судската реформа

Sase Ivanovski

МИЦКОВСКИ УСПЕА ДА ПРОМАШИ И НА ТЕМАТА СТРУЈА, ЗНАЧИ ЧОВЕКОТ Е ТАБУЛА РАЗА!

Sase Ivanovski

АНАЛИЗА: Увоз на работна сила – “меч со две острици”

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КУРТОНИТЕ СЕ СКАРАА ЗА ДРАЖА МИХАЈЛОВИЌ

Sase Ivanovski

Министерот за правда Кренар Лога и министерката за правда на Австрија, Алма Задиќ потпишаа заедничка изјава за зајакнување на соработката во делот на реформите во правосудството

Sase Ivanovski

Годишнина на македонската Агенција за разузнавање, претседателот Пендаровски беше запознат со хибридните закани

Sase Ivanovski

Северина е виновна за навреда на социјален работник, може да оди и во затвор

Sase Ivanovski

Лукаревска: Растот на платите и пензиите доказ дека имаме реални и остварливи решенија за граѓаните

Sase Ivanovski

Екс пратеник на ХДЗ виновен за силување, оди 2.5 години во затвор

Sase Ivanovski

Португалија на шест месеци се откажува од наплатата на ДДВ на основните прехранбени производи

Sase Ivanovski

Leave a Comment