21.8 C
Скопје
29/03/2024 15:53
МАКТЕЛ

      

(ВИДЕО) КОВАЧЕВСКИ СО ШАХ МАТ ЗА МИЦКОВСКИ: НАМЕСТО ВО СКАПИ ХОТЕЛИ ДА ПРАВИ ОТЧЕТИ, ОТИДЕ ВО СТРУМИЦА И ПУШТИ ВЕЛЕЛЕПНА ГРАДИНКА ЗА 300 ДЕЦА

      

Ковачевски: Со изградба на нови градинки, инвестираме во подобри услови за грижа и ран детски развој
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска и со градоначалникот на Општина Струмица, Коста Костадинов денеска во Струмица присуствуваа и се обратија по повод новоизградената градинка со капацитет од 307 деца од предучилишна возраст. Градинката „Виножито” е најголемата установа за ран детски развој изградена во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги кој го спроведува Министерството за труд и социјални услуги со финансиска поддршка на Светска банка и воедно најголемата во Струмица.

Покрај тоа што со градинката се решава долгогодишниот проблем со сместувачки капацитети во предучилишното образование во градот и неговата околина, новиот објект обезбедува современи просторни услови за престој на децата прилагодени на нивната возраст и на образовниот метод за учење преку игра. При градбата се имплементирани највисоки стандарди за енергетска ефикасност. Со сите овие современи инсталации значајно се намалуваат редовните трошоците за работа на градинката и се влијае врз намалувањето на емисиите на јаглерод диоксид во воздухот. Во продолжение интегралното обраќање на премиерот Ковачевски во целина:

„Денеска е навистина убав ден, тука во Струмица и овие прекрасни, насмеани лица кои што се тука околу нас е затоа што навистина правиме убава работа за децата, меѓутоа не само за децата туку и за родителите кои што ќе имаат навистина одлични услови каде да бидат згрижени нивните деца.
Струмица денеска добива нова градинка, ново катче за најмалите. Градинката „Виножито“ е најголема во Струмица и единствена со капацитет од 17 воспитни групи, во која ќе се згрижат над 300 деца.


Драго ми е што како Влада, придонесуваме за убаво, среќно и безгрижно растење на децата. Ние посветено работиме на долгорочно инвестирање во децата.Наша цел е да им обезбедиме на децата подобро образование, но и да ја подигнеме стапката на што поголема вклученост на најмалите во предучилишно образование. Со наша поддршка досега се отворени 72 градинки, во кои се згрижени околу 4.800 нови деца.

Фактите покажуваат дека, како Влада убедливо имаме направено најмногу инвестиции во градинките во историјата на државата. За прв пат 10 населени места добија градинки, а клонови на јавни установи се направени во уште 17 населени места. Ние можеби не важиме за Влада која прави споменици и која не инвестира во стиропор и за тоа може да не критикуваат, меѓутоа важиме за Влада која што инвестира во трајни вредности во државата, а тоа е високо образование, средно образование, основно образование и секако предучилишно образование на децата.

Бидејќи, секое дете има право на градинка, тоа не е место каде децата се само згрижени, таму се дружат со своите врсници, уште во најраниот период да развиваат вештини и знаења, се подготвуваат да се вклучат во образовниот систем. Ние како Влада, тоа право му го гарантираме на секое дете дека може да најде место каде што би ја почнал својата претшколска образовна активност.

Со отворањето на нови градинки обезбедуваме место за вклучување на сите деца во предучилишно образование, бидејќи тоа предучилишно образование не само што е добро за децата, туку е добро за родителите. Многу често сум сведочел лично дека голем број семејства не можат да ги усогласат работните обврски, бидејќи нема каде да ги остават своите најмали и нема кој да ги чува додека тие се на работа. Сите овде се согласуваме дека тоа е голем проблем за едно семејство добро да функционира.


Затоа фокусот на оваа Влада е правење на градинки, бидејќи изградбата на нови градинки, згрижувањето на децата овозможува родителите и таткото и мајката да можат да се вклучат во работни обврски било во јавниот, било во приватниот сектор. Затоа како Влада водиме сметка со изградба на нови градинки да бидат опфатени рамномерно сите градови и места каде има потреба од згрижување на деца. Во време на економска, претходно и на здравствена криза, како Влада обезбедивме поддршка за изградба на вакви големи инфраструктурни објекти.

Така, на децата без разлика на местото на живеење им обезбедуваме добар предучилиштен образовен процес, им овозможуваме добар старт на децата, но секако овозможуваме поквалитетен семеен живот. До крајот од годината треба да завршат градежните работи на уште 10 нови градинки, а до крајот на 2023 година, на уште 15 градинки. Да потенцирам дека овде не завршува овој проект, Владата е отворена да помогне на секоја општина, така што оние општини кои сакаат да аплицираат за изградба на нова предучилишна установа, може да го направат тоа преку Министерството за труд и социјална политика.

Вложувањето во градинки, во вакви установи за предучилишна возраст е економска мерка, бидејќи со отворањето на предучилишни образовни институции, отвораме нови работни места. Како Влада, вложуваме и во воспитниот и стручен кадар во градинките. Со доаѓањето на СДСМ на власт, вработените во градинките добија за околу 21% повисока плата.

Ние сме Влада која ги слуша и решава и проблемите на граѓаните, пензионерите, работниците, компаниите. За мене како човек кој доаѓа од приватниот сектор, социјалниот дијалог е клучен за унапредување на работничките права, тоа го практикувам и сега како Премиер, меѓутоа и во иднина, бидејќи социјалниот дијалог е тој кој што може да донесе уште поголем напредок за сите групи во општеството.

Владата што ја предводам го докажува тоа, Министерството за труд и социјална политика и СОНК во мај годинава, потпишаа измени и дополнувања на Колективниот договор за вработените во дејноста згрижување и воспитание, со што веќе од септември, плата на воспитувачките, негувателите и стручниот кадар во градинките ја покачивме за 15%. Со Законот за минимална плата, покачување доби и техничкиот персонал.

Сите овие потези кои ги направи оваа Влада, од зголемувањето на минималната плата и покачувањето на пензиите, до финансиската поддршка во време на криза за најранливите, до субвенционирањето на струјата за 5 пати во однос на она што би го плаќале граѓаните доколку немаше таква субвенција, сето тоа е во насока на обезбедување поквалитетен живот, меѓутоа и во насока на покажување на солидарност, бидејќи ова е време на помош за оние кои што се најранливи категории на граѓани. Сите тешки одлуки кои што ги донесовме исто така потврдуваат дека ние си ја сакаме државата и се грижиме за нејзиниот напредок.

Сакам овие деца кои денес се тука во оваа градинка, кога ќе пораснат да останат во земјава, да си ја градат иднината тука, дома, во земја членка на ЕУ. Доста беше нашите деца да сакаат да живеат во ЕУ, меѓутоа тоа право да го прават во туѓи држави кои што се членки на ЕУ. Време е да ги донесеме одлуките кои што се пред нас и конечно нашите деца да живеат и работат во ЕУ, ама тука, во наша европска Македонија. Нивните родители да гледаат можност за просперитет и за развој за себе и за своите деца. И на тоа ќе инсистирам секогаш и затоа и секојдневно носиме одлуки кои нѐ носат чекор напред кон подобар и побогат живот за сите граѓани. Од најмалите, до најстарите.

Затоа и грижата за децата е највисоко во приоритетите на оваа Влада. Нивната заштита и заштитата на нивните права е заедничка одговорност на сите, затоа сакам да упатам порака до пратениците за што побрзо донесување на Предлог законот за изменување на Законот за детска заштита што е во собраниска процедура. На крајот, посакувам многу убави денови поминати во новата градинка, многу игра, многу другарства кои ќе траат цел живот и многу детска смеа, а на директорката, на сите воспитувачи кои ќе работат тука им посакувам успешна работа, успешна кариера и да обучат исто како што тие се врвни воспитувачи, нови воспитувачи кои што ќе работат.“

   

    

Најново

Герасимовски: Работнички се враќа на победничките патеки

Sase Ivanovski

Свечена заклетва на триесет слушатели на курсот за офицери на Армијата на Република Северна Македонија, Петровска им порача дека стануваат дел од семејството кое се грижи за безбедноста на земјата

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ ВЕТУВА ПОВЕЌЕ МАКЕДОНСКИ ФИЛМОВИ И ТВ СЕРИИ

Sase Ivanovski

Девет лица приведени во Таџикистан поради поврзаност со нападот во Москва

Sase Ivanovski

Мицотакис: Од 1 април минималната плата се зголемува на 830 евра

Sase Ivanovski

КУМАНОВСКИОТ ВЛАДИКА НА МПЦ ЈА БЛАГОСЛОВИЛ ЛИСТАТА НА ВМРО ДПМНЕ?!

Sase Ivanovski

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки ме наклеветил, се откажав од паричниот надомест

Sase Ivanovski

Белгиските и чешки разузнавачи открија мрежа на руската пропаганда во Европскиот парламент

Sase Ivanovski

Протест на 8. април, на 20.000 здравствени работници нема да им се усогласат платите со порастот на минимална плата

Sase Ivanovski

Петрушевски: Спречувањето на високото ниво на криминал и борбата против корупција се клучни принципи на ВМРО-ДПМНЕ од кои нема да остапиме

Sase Ivanovski

Портпарол на терористичката „Исламска држава“ го пофали нападот што го изврши во концертна сала во московскиот регион

Sase Ivanovski

УКРАИНА Е САМО ВРВОТ НА ЛЕДЕНИОТ БРЕГ Лавров раскажа како можела да се избегне актуелната војна

Sase Ivanovski

Таравари на панел дискусијата за интеграција на лицата со попреченост

Sase Ivanovski

Николоски: Ангажманот на Венко Филипче во 4-ката е потенцијална лидерска битка во СДСМ, Филипче да одговори за неговата улога при набавката на вакцини, модуларната болница, и случајот Онкологија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АСИСТЕНТКАТА НА МИЦКОВСКИ СЕ ИЗНАМАЧИ ДА ГИ НАМЕСТИ ДА СЕ СЛИКААТ НОВИТЕ КОАЛИЦИСКИ ПАРТНЕРИ НА ВМРО ДПМНЕ: ТРАЈАНОВ, АНГЕЛОВ, БРАТ ЉУБЕ, СОЛЗА, БОГОЈЕСКИ МЕЃУ НОВИТЕ КОАЛИЦИСКИ ПАРТНЕРИ НА ВМРО ДПМНЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АНГЕЛОВ: ВО СРЕД ВОЈНА 2001-ВА, ГО НОСЕВ МИРКО ПОПОВ ДА ИМ ПРАВИ ТЕХНО ЖУРКА НА ТИГРИТЕ ВО КАРАУЛАТА НА ГОЛАК ПЛАНИНА

Sase Ivanovski

Платформа 1198 на ВМРО-ДПМНЕ: Негување на стратешкото партнерство со САД, полноправно членство во ЕУ, евалуација на досегашната работа на амбасадорите и конзулите, формирање на совет  за економска дипломатија и економски промотори

Sase Ivanovski

Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Платформа 1198“ фокусот е во реализација на капитални инвестиции во износ од 3 милијарди евра, ниски и рамни даноци и намалување на стапката на невработеност на 7.5%

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГЕНЕРАЛ АНГЕЛОВ ГО СПАСИЛ ОД НАПАЃАЧИ СИНОТ НА ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО ДПМНЕ, НАУМ СТОИЛКОВСКИ, КОЈ ПОТОА ГО СМЕНИЛ ЛОШОТО МИСЛЕЊЕ ЗА НЕГО ДЕКА Е НЕСТАБИЛЕН

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АНГЕЛОВ: СУДИРОТ СО ГРУЕВСКИ И ЕКИПАТА НЕГОВА БЕШЕ ЗАТОА ШТО НЕМАА СЛУЖЕНО ВОЈСКА И НА ВОЈНИЦИТЕ ГЛЕДАА СО ПОТСМЕВ, МИЦКОВСКИ Е ДРУГА ПРИКАЗНА, ТОЈ ГИ ЦЕНИ БРАНИТЕЛИТЕ

Sase Ivanovski

Претседателот Пендаровски прими делегација од Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори

Sase Ivanovski

Клековски: ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот, уставни измени под бугарски диктат нема!

Sase Ivanovski

Мицкоски: Балансерот за вработување до сега се злоупотребуваше и фрустрираше, потребно е да се напредува според квалитет

Sase Ivanovski

Димитриеска Кочоска: Програмата 1198 на ВМРО-ДПМНЕ предвидува создавање на фер услови во бизнис секторот, кратење на непотребни финансиски средства, нулта толеранција за криминал и корупција

Sase Ivanovski

„САМО СЕ ШЕГУВАВМЕ“ Уапсени трите лица во БиХ кои барале пари во замена за информација за исчезнатата Данка

Sase Ivanovski

АТИНА СЕ СМРАЧИ ОД САХАРСКА ПРАШИНА Песочните бури носат и до 100 милиони тони пустинска прашина

Sase Ivanovski

СОПРУГОТ НА ДРАГАНА МИРКОВИЌ ВЉУБЕН ДО УШИ ВО 15 ГОДИНИ ПОМЛАДА ЖЕНА Заедно живеат на две локации, едната е во Хрватска

Sase Ivanovski

Димитриевски:  Македонскиот е мал народ, но голем во срцето

Sase Ivanovski

Тепачка во болница во Карпош, вработени физички се пресметале

Sase Ivanovski

KitKat чоколадата повлечена од продажба

Sase Ivanovski

Најчевска: Ова се тие кои се залагаат за владеење на правото и европските вредности?

Sase Ivanovski

34 санкции за прекршоци на возила кои вршат јавен превоз на патници

Sase Ivanovski

Нова програма за европска иднина на СДСМ: 3,5 милијарди евра капитални инвестиции

Sase Ivanovski

НА ФЕЈСБУК ПОВИКУВАЛ НА НАСИЛСТВО КОН ЛГБТ ЗАЕДНИЦАТА Жител на Демир Капија е условно осуден на една година затвор

Sase Ivanovski

ПОСЛЕДЕН РАБОТЕН ДЕН ЗА ПРАТЕНИЦИТЕ Ќе се одржи седница за инаугурација на новиот претседател, нов Парламент до 28 мај

Sase Ivanovski

НАПРАВИЛ ДИВ ПАРКИНГ НА БИТ ПАЗАР: Кривична пријава за узурпација на недвижности

Sase Ivanovski

ЏИЛ БАЈДЕН СТАНА ПИСАТЕЛКА Првата дама на САД напиша книга за мачката во Белата куќа

Sase Ivanovski

ПРЕСВРТ ВО ПОТРАГАТА ПО 2-ГОДИШНАТА ДАНКА Ова не е класично киднапирање, истрагата насочена кон родителите

Sase Ivanovski

СЕЧЕЛ ГУМИ НА АКТИВИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ ВО РОСОМАН Лице блиско до градоначалникот од СДСМ оштетило возила

Sase Ivanovski

Зајкова: Легализацијата на употребата на канабис ќе донесе ред и економски придобивки за државата

Sase Ivanovski

Средба Џафери – Коцевски: Ефикасност од институциите за фер избори

Sase Ivanovski

Собранието со 78 гласови ,,ЗА” го донесе Предлог законот за измени и дополнување  на Законот за извршување на  санциите

Sase Ivanovski

Измама тешка 11 илјади евра: Им ветил дека ќе им отвори фирма во Дубаи

Sase Ivanovski

Каевски: Чекаме трето дете со сопругата, затоа ме нема на листата

Sase Ivanovski

Абазовиќ: Да бев премиер, Црна Гора немаше да гласа против Косово во Советот на Европа

Sase Ivanovski

Мицкоски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ со обновливи извори на енергија ќе обезбеди поголемо и поквалитетно снабдување со електрична енергија за граѓаните

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дудуш: Мене ме избркаа од СДСМ

Sase Ivanovski

ДАЛИ ТРЕБА СО ДЕТЕКТОР ЗА ЛАГИ ДА СЕ ПРАВИ ВЕТИНГ НА МАКЕДОНСКИТЕ СУДИИ И ОБВИНИТЕЛИ?! Тринаесетта сесија на Работна група – 4, Поглавје 24: Правда, слобода и безбедност „Темелни права, правда и слободи преку призмата на механизмот за владеење на правото на Европската Унија“

Sase Ivanovski

Страотна несреќа во Кичево – Три млади лица загинаа во сообраќајка утрово

Sase Ivanovski

Кривична пријава против тројца вработени во МВР, дозволиле застарување на дисциплинска постапка против нивен колега осомничен за злосторничко здружување

Sase Ivanovski

Уапсени пет лица од гостиварско, украле добиток и го продале

Sase Ivanovski

Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор

Sase Ivanovski

Зеленски побара Конгресот на САД да ја деблокира помошта за Украина

Sase Ivanovski

Шефот на пропаднатата крипто банка доби 25 години затвор- ја направил најголемата измама

Sase Ivanovski

Ја завршуваме третата успешна недела од едукативниот караван на ЈП Лајка!

Sase Ivanovski

Крај за ,,затворскиот туризам”, осудениците отсега нема да можат да избираат каде ќе ,,лежат”

Sase Ivanovski

Ванковска: Дури и да го смениме Уставот, вакви нема да не примат во ЕУ

Sase Ivanovski

ЈСП: Регистрирани се инцидентни технички проблеми кај одреден број корисници при валидирање со мобилен телефон (185) или со мобилната апликација „Скопска“

Sase Ivanovski

Апликацијата „Телеграм“ блокираше илјадници налози поради повици на терористички напади

Sase Ivanovski

ОВА Е БИЗАРНО ДО КОСКА: Папата им ги изми нозете на 12 затворенички во Рим

Sase Ivanovski

Има расположение за мастер дебата меѓу кандидатите за претседател, планот е таа да биде до 10 април

Sase Ivanovski

Започнува 19-то издание на АКТО фестивалот за современи уметности

Sase Ivanovski

Пендаровски: Соживотот е наша најголема вредност, а Ифтарската вечера е можност за негово продлабочување

Sase Ivanovski

Битиќи: Во најмалку три сектори ќе се воведе 7-часовен работен ден

Sase Ivanovski

Ванковска: Преспанскиот и Бугарскиот договор се колонизаторски договори

Sase Ivanovski

Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Скопје организираше трибина за учеството на Македонија во меѓународните односи и враќање на дигнитетот на дипломатијата и заштита на Македонските национални интереси

Sase Ivanovski

Демири и Манолева: Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба за вакцинации и две нови амбулантни возила – зајакнати капацитетите во изминативе години

Sase Ivanovski

Претседателскиот кандидат Арбен Таравари го претстави вториот дел од кабинетот на претседателот

Sase Ivanovski

Нема легализација на дивоградби со новиот Закон за управување со Охридскиот регион, вели министерката за култура

Sase Ivanovski

Уште еден приведен за убиството на матичниот лекар во Железара

Sase Ivanovski

Сарамандов: Во општина Гевгелија се гради нов пазар, спортски објекти, парк како и изградба на булевари

Sase Ivanovski

Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци и ќе има пари за се што треба, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите

Sase Ivanovski

Герхард Шредер ги повика Франција и Германија да преземат иницијатива за решение во Украина

Sase Ivanovski

Откриена дупка на местото каде исчезна малата Данка: Итно се упатија пожарникари – сите треперат и го чекаат исходот

Sase Ivanovski

Се огласи возачот на „Пунтото“ кое е снимено на камера кога исчезнала Данка: Го видов девојчето, беше во дворот на соседот

Sase Ivanovski

ГИ НЕМА ВЛАТКО ЃОРЧЕВ, ИЛИЈА ДИМОВСКИ, АНЕ ЛАШКОСКА И ИГОР ЈАНУШЕВ, ИЗНЕНАДУВАЊЕ Е ВИСОКОТО МЕСТО ЗА ВНУКОТ НА МАРЈАН ЃОРЧЕВ – ВМРО-ДПМНЕ ГИ УТВРДИ ПРАТЕНИЧКИТЕ ЛИСТИ Еве кои се кандидатите за пратеници на опозицијата за новиот парламентарен состав

Sase Ivanovski

1 МИЛИЈАРДА ЕВРА ЗА ОПШТИНИТЕ ЗА ЕДЕН МАНДАТ Мицкоски вети годишна помош од 250 милиони евра за локалните власти

Sase Ivanovski

Претседателот Пендаровски домаќин на Ифтарска вечера по повод Рамазанските пости

Sase Ivanovski

Николовски од кавадаречка Марена: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Sase Ivanovski

Општините ќе конфискуваат место да уриваат дивоградби

Sase Ivanovski
Вчитувам....