Ова меѓу другото денеска на прес-конференција го изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Таа посочи дека „не се случило тоа еднаш, 11 пати биле прекршувањата, 11 пати! Па дали е ова нормално, секако дека не е! За дел од овие фирми кои склучиле картел и Царинската управа открила затајување данок во износ од 1,8 милиони евра. Ова е вмровска шема во енергетиката како во мафијашки филм. Со картели. Само наместо фавели има бел дворец“.„Уште не е затворен скандалот со долгот на Божиновска гледаме дека има нов со картели и малверзации. Молчи Мицкоски, молчи Божиновска за долгот од 1 милион евра кон државната МЕПСО. Кој картел ги сврте 1 милион евра пари на граѓаните? Ова ли се тие менаџерски способности за што Мицкоски ја постави Божиновска за прв човек во енергетиката?“ рече Кузеска.