МАКТЕЛ

    

(ВИДЕО) Мицкоски до граѓаните: Ова е најтешкиот ден во мојот живот, нема да имам милост, секој кој е инволвиран во овој трагичен настан до последниот ќе одговара

      

Ми се кине срцето и немам сила да говорам денес. Скршен сум и мојот дух е срозен.
Јас во својот живот и во својата кариера сум се одлучил да делувам принципиелно, одговорно, чесно и отворено, без разлика на ризиците и без разлика на последиците кои тие ризици можат да ги донесат по мојот животен пат. Влегов во политиката да променам нешто. Наидов на систем длабоко корумпиран кој е создаван и негуван со децении, чиј дел се лица од сите партии, од секакви профили. Тој систем ако не се сруши оваа држава нема никогаш да ја биде и тој систем не може да се сруши лесно и брзо, затоа што е граден со децении, не со месеци и години.Јас чувствувам длабока огорченост, длабока одговорност за се што се случувало сите изминати децении, како и од тоа што го видов до сега и што не довело до вака тешка ситуација на државата, државата во која сме сите, и ова чувство е сега дотолку по длабоко, што ова се случи токму сега после нецели 9 месеци од како беше избрана оваа Влада којашто ја предводам јас.

Во нашата држава се случувале негирања и проблеми со државноста, суштествени проблеми за опстанокот на нацијата и државата, имавме и воена криза, вооружен конфликт, се случил пад на авион, потонување на брод, пат на хеликоптер, масакр на невини луѓе, деца кај Смилковско, се случувал тероризам како Диво Насеље, имало обиди за дестабилизација имало свесни подметнувања и сценарија, имало и големи и помали несреќи. Секоја со својата тежина и со свој интензитет на трагичност во себе. Но, ова е кулминацијата на еден лош, забревтан систем кој ги јаде нашите надежи, а покрај надежите и нашите соништа. Или ќе го победиме ние него или тој ќе оставиме да не победи нас. Победа над тој систем е можна само со одважност, доблест и принципи во кои веруваме, никако поинаку, не можеш да го излажеш тој систем, затоа што се храни од лагата и така станува посилен. Систем во кој погрешни луѓе носеле погрешни одлуки. Да знаете, само со одважност, доблест и личен пример, со лична жртва може да се избориме и да го победиме тоа зло. Тоа зло на корупција и злоупотреби на институциите, приватизирање на државата и уништување на се што е правично и нормално, зло во кое сите работеле и соработувале меѓу себе на штета на сиот нормален свет.

   

Оваа трагедија е потсетник колку животот е кревок и колку малку е потребно за една обична ноќ да се претвори во незамислива загуба.Веднаш беа преземени првите чекори за справување со последиците, а во моментов ги имаме информациите дека објектот каде се случи несреќата има фалсификувана лиценца, која била издадена март, 2024 за мито. Тоа е документ за работа на кабаре, кој е издаден нелегално, со оригинален печат на Министерството за економија и потпис на тогашните официјални лица на истото тоа министерство. Има тука многу прашања кои истрагата ќе ги одговори.Оттука, во сето ова што ни се случува и ни се случи, најпрво мора да има кривична одговорност за сите до еден инволвирани, без разлика кој од која институција е, на кое ниво, од која партија, од која професија итн., итн. до последниот. Очекувајте кога станува збор за одговорност, дека нема да има милост. Ќе мора да има одговорност со име и презиме.

Во хируршки прецизна акција на институциите. Без милост.
И второ, еднакво важно. Потребна е демонстрација на морална одговорност. И многумина ми велат народот знае дека Владата нема вина во ова, дека е нова Влада која влезе во костец со проблеми таложени со децении и систем на корупција кој е создаван со децении во државата, но јас ви велам без разлика на тоа, ние мора да бидеме пример кој ќе има значење и вредност и мора да има морална одговорност.
И јас по ова прашање немам дилеми, ниту пак ќе калкулирам. На мене не ми е потребна власт по секоја цена, но јас сум тука да се борам и да демонстрирам со личен пример како сметам дека треба понатаму, и што доколку се откажеме.Тогаш ќе дозволам ли да победи корумпираниот систем? Секако дека нема. Во наредните денови ќе преземеме низа на мерки и активности и одлуки кои ќе значат многу во борбата за оваа земја и во име на сите жртви на оваа трагедија и на нивните семејства. Тоа Ви го должам Вам, го должам и на семејствата на загинатите, и на медиумите и на секој еден човек во Македонија.

Денес најважно е да изразиме сочувство кон семејствата, да се молиме за семејствата на загинатите и повредените и за народот на Македонија. Да повикаме на заедништво и сплотеност и да се насочиме кон фактите и се она кое е важно за почеток на едно големо ресетирање на системот. Систем кој не вовлекува сите и сака да не проголта.Мора да демонстрираме ние како политичари нешто различно нешто цврсто и принципиелно, кое ќе може да го совлада овој систем кој ја проголтува нашата држава и е главна пречка и главна закана и опасност за тоа дали оваа земја ќе преживее или не. Или ќе нè биде овој пат или како држава ќе престанеме да постоиме. Овој пат нема да има повлекување.

И ги слушнав пораките од опозицијата. Не сакам да се политизира овој настан во смисла на тоа дека некој се обидува да набеди друга партија за одговорност. Ова не е меѓупартиска битка ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, туку ова е битка на чесните против нечесните и корумпираните од сите партии и сите институции. Ова го зборувам за сите чесни луѓе во Македонија, и во ВМРО-ДПМНЕ, и во СДСМ, и во Вреди, и во ДУИ и во други партии кои искрено сакаат државата да има ред и поредок. Без разлика на идеолошките разлики мора да се стави крај на корупцијата и да се срозат корумпираните и раскалашени луѓе кои ги злоупотребуваат институциите исто како што тие го срозија и прегазија ова што денеска го гледавме, а тоа се нашите души. Ова е борба против чудовиште кое ја проголтува иднината на земјата и зема со себе жртви. Ни ги зема најмилите. И победата врз него е наша обврска.

Ако има одговорност при непостапување во минатиот период ќе се преземат соодветни чекори. Ќе се разгледаат и испитаат од страна на институциите сите аспекти и сите проблеми кои доведоа до оваа трагедија без скрупули кон никого. Ќе се испитаат аспектите на контрола и се она кое јавноста оправдано го детектира како проблем и предизвик на општеството. Затоа велам, јас сум одлучен и ќе постапувам одлучно. Ќе има решителни чекори и одлуки. Ќе има чекори на кои јавноста не е навикната, но промените почнуваат од нас самите.Сакам да искажам една голема благодарност до докторите и целиот медицински персонал во земјава кој несебично се вклучи во укажување на помош на настраданите, како и благодарност за сите наши пријатели и соседни држави кои се ставија на располагање.Јас сум денеска скршен.Нема човек во Македонија кој не е скршен и со уништен дух после ова денес.Немам зборови што да кажам за да ја ублажам тагата и болката кај семејствата и кај сите граѓани, затоа што тоа е и моја болка.Бог да биде на помош на семејствата на починатите и повредените, и на сите граѓани на Македонија. Да ни дава на сите утеха и смирение во деновите пред нас. И да ја чува Македонија! Македонија мора да е посилна од корумпираниот систем.”

  

Најново

Поранешниот хрватски преговарач Дробњак: 2030 година е остварлива цел за членство на С. Македонија во ЕУ, ама клучни се резултатите

Sase Ivanovski

(ФОТО) Навивачите на Ренџерс ја искористија смртта на папата да го провоцираат најголемиот ривал

Sase Ivanovski

Новиот министер за образование на Србија на првиот работен ден дочекан со протест

Sase Ivanovski

Само седум жени во светот смеат да носат бела облека при посета на папата

Sase Ivanovski

Погребот на папата Франциск е закажан за 26 април

Sase Ivanovski

Харвард ја тужи администрацијата на Трамп

Sase Ivanovski

Во Македонија над 140.000 лица имаат дијабетес – аларм за посилни превенција и пристап до терапија

Sase Ivanovski

Ден на планетата Земја: Обновливата енергија е најмоќното оружје против климатските промени

Sase Ivanovski

АНАЛИЗА: Економијата со помал раст, инфлацијата и ценовниот притисок ќе се зголемат

Sase Ivanovski

Зеленски повторно мета на дезинформации – „купил“ рудник за платина вреден 1.6 милијарди долари

Sase Ivanovski

ИЈЗ: Во март едно лице починало од СИДА, а регистрирани се три случаи потврдени на ХИB

Sase Ivanovski

Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки

Sase Ivanovski

Дебата на КЕП и НСЕИ: Реформската агенда како стратешка рамка и конкретен чекор кон ЕУ

Sase Ivanovski

УЈП: ЗАСИЛЕНА ПОДДРШКА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДДВ – 04 ПРИЈАВИ – ПОГОЛЕМА ДОСТАПНОСТ И ЕФИКАСНОСТ ПРИ ПРОЦЕСОТ

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки

Sase Ivanovski

МЗШВ: Исплатени се 224.748.332 денари кон 7.826 лица за мерката 1.9 за остварено производство на овошје за 2024 година

Sase Ivanovski

Ограбен хотел во центарот на Скопје

Sase Ivanovski

(ФOTO) Славе Ристов кувар во ресторанот Шалом во Струмица демантира дека бркал врски преку газдата Дано и достави доказ дека казна платил

Sase Ivanovski

Уништен е Рибарскиот прстен на папата Францис

Sase Ivanovski

Девет месеци не им е асвалтирана главната улица, жителите на Волково бараат итно санирање

Sase Ivanovski

Шестмина повредени во сообраќајка кај Пресека

Sase Ivanovski

МВР предупредува: Не отворајте, лажни пораки во име на ЕВРОПОЛ и полицијата

Sase Ivanovski

Потрошувачката кошничка за април повисока за 836 денари во однос на март

Sase Ivanovski

Партијата „Вреди“ ќе има претседателство од 23 члена

Sase Ivanovski

ЦУК: Гори градската депонија во Демир Хисар, засега пожарот е под контрола

Sase Ivanovski

Влада: По 1. мај средба Мицкоски – Таравари

Sase Ivanovski

Кривичен суд не ја прифаќа гаранцијата на Асмир Јахоски, тој останува во притвор

Sase Ivanovski

Екс потпретседателот на СДСМ Битиќи ограбен за Велигденските празници. Му украле златен накит и пари

Sase Ivanovski

Рејтингот на Трамп е најнизок откако по втор пат стана претседател

Sase Ivanovski

Граѓанска иницијатива за нов почеток во Кочани: Им должиме на загинатите

Sase Ivanovski

Без струја делови од општините Ѓорче Петров, Карпош и Сопиште

Sase Ivanovski

„Извини Зоки морално (ли) беше!“: Културните работници излегоа на протест

Sase Ivanovski

Левица предлага дуплирање на роковите за застарување за кривични дела за функционери

Sase Ivanovski

Инспекторатот на Општина Карпош провери 50 градби и изрече 26 казни

Sase Ivanovski

( ВИДЕО ) Манасиевски: Владата на СДС тврдеше дека нема да има нови блокади кон ЕУ за билатерални прашања, сега се демантирани и од ЕУ

Sase Ivanovski

Грција ја започна сезоната со цени исти како лани: Целта ни е туристите пак да ни дојдат, а не да ги боли глава од сметката!

Sase Ivanovski

Цените на бензините и дизелот остануваат непроменети

Sase Ivanovski

Мемов: ЗНАМ размислува за самостојни советнички листи но и соработка со ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова: Папата ќе го паметам по неговиот извонреден ум, мудрост, топлина и едноставност

Sase Ivanovski

„Да ја напуштат Владата и да се обединиме“: Села со понуда до Вреди

Sase Ivanovski

ДУИ реагира што на интернет страниците на МВР, Министерството за транспорт и енергетика нема албански јазик

Sase Ivanovski

Комерцијална банка со задоволство го пушти во употреба новиот портал за Интернет банка – online.kb.mk

Sase Ivanovski

Тешка кражба во домот на Битиќи, украден е сеф

Sase Ivanovski

Заврши доказната постапка во судскиот процес за пожарот во модуларната болница, завршните зборови во мај

Sase Ivanovski

ОБЈАВЕН КОНКУРС ЗА ИЗРАБОТКА НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА ЛОГО НА СОБРАНИЕТО

Sase Ivanovski

МЕП Муртезани: „Реформската агенда е патоказ кој не е создаден за Брисел, туку пред сè за граѓаните што ги претставуваме, чија доверба е темелот на нашата демократија“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Застојот на интеграциите за Македонија е губење милијарди евра поддршка од ЕУ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Добро утро, добар ден на светскиот ден на планетата Земја со оваа глетка од Градски парк Моментот го забележа и овековечи Сара Марковска

Sase Ivanovski

КАДЕ ДИГИТАЛНИТЕ НОМАДИ САКААТ НАЈВЕЌЕ ДА ПРЕСТОЈУВААТ? САРАЕВО И ДУБРОВНИК МЕЃУ ОМИЛЕНИТЕ ДЕСТИНАЦИИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЕ ШИРИ ЛИ ТОКСИЧНА ПЕПЕЛ ВО БИТОЛА? ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОТВОРИ ИСТРАГА

Sase Ivanovski

Движењето ЗНАМ за наша Македонија започнува со средби со граѓаните, членовите и симпатизерите со кампањата „ЗАЕДНО ПОВЕЌЕ ЗНАЕМЕ“

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ги бранат бугарските позиции кои се од најголема штетност врз македонскиот народ

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведени две лица од тетовско затоа што управувале возила со брзина поголема од дозволената

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се занимава со сè и сешто, шета од тема на тема, само не дава одговор дали Филипче и Заев имаат златни визи за Дубаи

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: 2252 сообраќајни прекршоци во празничниот викенд, 1018 за брзо возење

Sase Ivanovski

СДСМ: Тошковски да не ги штити неговите началници – за трагедијата во Кочани мора да има одговорност

Sase Ivanovski

(ВИДЕО+ФОТО) Филипче: Ако се обединиме на патот кон ЕУ, нема пречка која нема да ја совладаме

Sase Ivanovski

Ал Гор: Администрацијата на Трамп го прави она што го направија нацистите

Sase Ivanovski

Шестмина повредени во сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид, меѓу нив и две деца

Sase Ivanovski

Волгринс се реши, ќе плати 300 милиони долари казни – издавал лекови на рецепт без потврдена легитимност!

Sase Ivanovski

„Животот е крв“ – МаксБет организира крводарителска акција во Скопје

Sase Ivanovski

Мајка и ќерка се степале на регионалниот пат Кичево-Битола

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Прв напад од ајкула на плажа во Израел, пливачот брзо се изгуби во длабочините

Sase Ivanovski

Египет и Катар претставија нов мировен предлог за Појасот Газа

Sase Ivanovski

Ватикан објави фотографии од папата Франциск положен во ковчег

Sase Ivanovski

Нацистички знамиња со кукасти крстови осамнаа во Шведска на роденденот на Хитлер

Sase Ivanovski

Дебата во Собранието за придобивките од Реформската агенда 2024 – 2027

Sase Ivanovski

Граѓанската иницијатива „Кочани“: Системот што нѐ уби живее преку нас – време е за промена

Sase Ivanovski

Вработените во Министерството за култура на протест поради неисплатените плати

Sase Ivanovski

Доживотен затвор за сторителот на масакрот во Ел Пасо, Тексас, кој уби 23 лица

Sase Ivanovski

Расфрлано ѓубре на сите страни на Кејот „13 Ноември“

Sase Ivanovski

Трамп го „започна процесот“ на замена на Пит Хегсет

Sase Ivanovski

15 г Ачибадем Систина + хипербарна комора

Sase Ivanovski

Одеса и Киев може да паднат во руски раце, предупредува американскиот генерал Весли Кларк

Sase Ivanovski

На „Табановце“ и „Богородица“ се чека еден час за влез во државата

Sase Ivanovski

Зеленски: Украина стои на понудата да не ја напаѓа цивилната инфраструктура

Sase Ivanovski

Група студенти и граѓани сè уште ја блокираат РТС

Sase Ivanovski

Москва: Руските сили во близина на Покровск ликвидираа група платеници од Португалија

Sase Ivanovski

Сообраќајна несреќа кај Петровец. Нема тешко повредени

Sase Ivanovski

Израелските сили од раните утрински часови убија најмалку 14 лица во Појасот Газа

Sase Ivanovski
Вчитувам....