Во средно училиште во Виндер, недалеку од Атланта во американската држава Џорџија имало пукање во кое според американските медиуми, има неколку жртви. МСНБЦ на Х објави дека според првичните информации во престрелката загинале најмалку две лица, а најмалку четворица се ранети. Други американски медиуми јавуваат дека има повеќе жртви, меѓу кои може да има и ранети и убиени. Осомничениот е уапсен, соопштија властите.
Полицијата и итните медицински служби интервенирале во средното училиште Апалачи во округот Бароу околу 10:23 часот „за пријавен активен напаѓач“, се вели во соопштението од Канцеларијата на шерифот на округот Бароу. Учениците се евакуирани и пристапот до училиштето е блокиран.