На социјалната мрежа Телеграм вчера осамна видео-снимка од воз натоварен со воена инженерска опрема и возила, за која се тврди дека е дел од воената помош од Македонија наменета за Украина.
На снимката што ја објавува прорускиот канал @Ryabar, кој го води извесен Дејан Бариќ од Србија, се тврди дека возот со инженерска опрема тргнал од Скопје на 7 ноември и преку Бугарија се упатил кон Украина. На 9 ноември возот стигнал во бугарскиот град Русе, го поминал граничниот премин со Романија, па се упатил преку романска територија кон областа на Одеса, тврди каналот повикувајќи се на свои извор.
На снимката се гледаат повеќе од десет различни типови возила, вклучувајќи оклопни возила за спасување Т-55, камиони М-35, оклопни возила Ленд ровер, возила за итна медицинска помош, булдожери и дигалки…
Каналот уште тврди дека во придружба на опремата патувале и припадници на украинската армија, кои биле сместени во патнички вагон. Оваа пратка наводно требало да стигне во Украина уште во август, но поради проблеми кои не се наведени, транспортот доцнел.
Од министерство за одбрана за Канал 5 денеска изјавија:
- Овие шпекулации се дел од хибридната војна на Русија со ширење на лажни вести, на која остро се спротиставуваме. Одлуката за четврда донација кон Украина од наша страна се уште не е донесена, се уште се анализира и се прават консултации во владата и со меѓународните партнери, кога ќе биде донесена таква одлука јавноста ќе биде известена.
Инаку оваа вест е комична ако се знае дека ние немаме пруга од Македонија за Бугарија, па тој воз би требало да оди преку Србија што е невозможно ако се знае дека Србија не би дозволила таков транспорт поради блискоста со Русија, па тој воз би требало да оди преку Солун. Исто така комично е дека ние имаме толку многу опрема да наполниме цел воз, кога ние кубуриме со такви камиони, она што го имавме а не го користевме се старите тенкови Т-72 кои се расипани и за кои треба делови а кои ги имаат во Украина затоа што тие се произведуваа во Украина и од таму ги купивме пред 20 години.
Волку многу опрема цел воз, може да прати само голема држава како Бугарија, Грција, Полска, Хрватска, значи држави кои се поголеми и побогати од нас. Ние на Украина може да и помогнеме со дипломатска поддршка и евентуално со земјоделски производи кои би ги пребиле со нивно жито или останато што тие го имаат како струја на пример затоа што имаат 20 нуклеарки.