Утрово во центарот на Минхен, во близина на Нацистичкиот центар за документација и Генералниот конзулат на Израел, дошло до пукање, при што едно лице било убиено.
„Во областа Каролиненплац, полициските сили пукаа кон сомнително лице и лицето беше погодено“, извести полицијата на социјалната мрежа Икс.
Не е познат идентитетот на убиениот. Полицијата соопшти дека полицајците на терен забележале лице кое изгледа носело оружје. Имало пукање во кое едно лице е убиено. Полицајците не се повредени. Засега нема информации за можни други осомничени. Полицијата ги повика граѓаните да ја избегнуваат областа. Сообраќајот е блокиран на местото на настанот.
На социјалните мрежи е објавено видео на кое се слушаат бројни истрели.
Schüsse vor dem israelischen Generalkonsulat in München. Das NS-Dokuzentrum ist direkt nebenan. pic.twitter.com/k1r819o9Rj
— Ronen Steinke (@RonenSteinke) September 5, 2024