Денеска од 20.30 часот ќе се игра третиот натпревар од финалната серија во АБА лигата меѓу Партизан и Црвена звезда. Црвена звезда ја има првата „меч топка“ за титулата во регионалното натпреварување, а Партизан ќе се обиде со првиот триумф да ги одржи надежите за пехарот. Непосредно пред третиот дуел се случи скандал, имено дојде до тепачка меѓу кошаркари на двете екипи, Џејмс Нанели од Партизан и Стефан Лазаревиќ од редовите на Црвена звезда. На почетокот на видеото се гледа како Нанели го удира Лазаревиќ кој го држи Американецот за маицата, по што и двајцата паѓаат на подот. Не е јасно што се случувало пред конфликтот, освен што се знае дека двајцата кошаркари имаа конфликт на крајот од вториот натпревар од финалната серија. Кога двајцата паднаа на подот, соиграчите од двата тима истрчаа да ги раздвојат кошаркарите.
Partizan ve Kızılyıldız oyuncuları arasında yaşananların görüntüleri ortaya çıktı.pic.twitter.com/d0yOCvmZqq https://t.co/XFgS4x9EMi
— Euroleague Basketbolu (@EBasketbolu) May 19, 2024