Вака изгледаше ЕВР Гази Баба пред целосна реконструкција на полициската станица.
Притоа, во овој 78-ми реконструиран објекти, како и за претходните реновирани објекти, запазени се сите современи стандарди, вклучително и стандардите за енергетска и еколошка ефикасност и заштеда. Со Буџет од МВР, како што е нашата пракса изминативе години, беа издвоени 27 милиони денари.
Инфраструктурата на било која институција е без дилема еден од главните предуслови за нејзино ефикасно и квалитетно работење и со тоа е сосема разбирлив нашиот стремеж на надминување на претходните состојбви и да воспоставиме модерни инфраструктурни стандарди на функционирање.
Продолжуваме со концептот на материјално-техничко подобрување на условите за работа на сите наши организациони единици.