Поранешниот директор на болницата во Тетово, Флорин Бесими и поранешниот економски директор на болницата во Тетово, Артан Етеми осудени се на казна затвор од 1 година и 6 месеци, но казната е условна, нема да одат затвор ако во период од три години не сторат ново кривично дело. Осудените треба да платат и парична казна од 4.000 денари.
Одговорниот за ковид центарот, докторот Бобан Вучевски, кој беше обвинет по членот 206 за кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ , е ослободен од обвинението.
Пред малку во тетовскиот суд беше објавена пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово во која на 8 септември 2021 година живи изгореа 14 луѓе, а десетици беа повредени.
Во вестите на Телма во 12.30 се јави Данијела Билбилоска