Тешка сообраќајна несреќа вечерва се случи на булеварот „Мајка Тереза“, пред влезот на Клиничкиот центар. Според информациите од терен, во несреќата учествувале четири возила.
Неофицијално, судирот се случил меѓу два автомобили, по што оштетени биле и паркирани возила. Дел од булеварот е затворен, а полицијата го пренасочува сообраќајот.
Неофицијално, неколку лица се пожалиле на полесни повреди, но засега нема официјална потврда.