МАКТЕЛ

     

(ВИДЕО) Тоа што го добивте од Србите е лажен томос и срам за Црквата – интервју со десната рака на вселенскиот патријарх

      

Митрополитот на Имврос и Тенедос, г. Кирил, десна рака на вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј и одговорен за нашето црковно досие, во прво интервју за македонски медиум, ја пренесува перспективата на Вселенската патријаршија од каде што МПЦ-ОА очекува томос за автокефалност и прифаќање од севкупната православна екумена. Според Вселенската патријаршија, Охридска архиепископија е жртва на поголема игра на Русија за која валканата работа ја одработува Православната црква на Србија.

„И тука Русите, растревожени да не ја изгубат и оваа земја – затоа што, за жал, тоа е целта, наметнувањето на Русија на оваа земја – ги натераа Србите, брзо-брзо, брзо-брзо, да го дадат тој псевдотомос“, вели г. Кирил во интервјуто за „360 степени“.

360 степени“: Има ли Православната црква денес официјален став за прашањето за автокефалност? Што велат каноните и традицијата?

Г. Кирил: „Треба на почетокот да кажеме дека ќе водиме искрена и чесна дискусија, без да криеме работи и без да кажеме работи што се неточни. Од четвртиот Вселенски собор имаме веќе одредено дека првопрестолна патријаршија е Рим, постариот Рим. И со оглед на тоа што се прави пренесување на главниот град на империјата, новиот Рим, Константинопол, ги има точно сите, ама баш сите привилегии и предности што ги има патријархот на Рим. Нему, (на Константинополскиот), Четвртиот вселенски собор со каноните му ја дава привилегијата, му ја дава можноста, му ја дава, во наводници да кажеме, „власта“ да применува некои работи, како, на пример, темата на првиот. Тоа е една многу голема тема што не ја разбираме лесно, но и во последно време, можеби затоа што на некои така им одговара, ја имаме ставено во контекст на историската привилегија – дека историска привилегија е константинополскиот да биде прв, всушност, вселенски патријарх. Потребата од првиот е суштинска, и е чисто духовна, догматска, литургиска и секако, ги има и следните импликации: освен да претстои, првиот има право да свикува сеправославни, да свикува големи и врховни собори, да свикува, да речеме, собор на претстојатели – првиот го има ова право. Има право на таканареченото еклитон (апелација), да разгледува предмети во разни цркви, коишто доаѓаат во ќор-сокак. И настапува патријархот со Патријаршискиот синод на Вселенската патријаршија, за да го испитаат тоа прашање, и во рамките на свештените канони и на каноничноста на Црквата, го даваат токму решението кога некоја помесна Црква ќе стаса во ќор-сокак. Впрочем, тоа се случи и овде. Архијереите на оваа земја, откако дојдоа во ќор-сокак кога Србија не ги признаваше, кога ги екскомуницираше, кога ги затвораше, кога… кога… кога…, што направија? Знаејќи многу добро дека вселенскиот патријарх го има правото, упатија еклитон до вселенскиот патријарх и го замолија и му рекоа: „Помогнете ни и дајте ни го решението преку каноничноста и правдата што произлегуваат од Црквата“. Значи, покрај сѐ друго, Вселенската патријаршија и вселенскиот патријарх го имаат и правото за автокефалија. Сите цркви, сите цркви до денес, кои се создадени по древните, историски патријаршии – петте патријаршии: Рим, Константинопол, Александрија, Антиохија, Ерусалим – сите останати добија автокефалност и патријаршиско достоинство од Константинопол. Вселенската патријаршија и вселенскиот патријарх беше тој кој даде автокефалија.“

„360 степени“: Според ова што го кажавте, дали со томосот доделен од Српската православна црква, нашата Црква има автокефалност? Што значи тој документ?

Г. Кирил: „Тоа е провокација, тоа е, дозволете да се изразам така, срам за Црквата. Додека сите стари патријаршии и стари автокефални Цркви и поновите никогаш не направиле такво нешто, сега дојде една од новите патријаршии, веројатно најмалиот според редот на патријарсите, Порфириј, српскиот, и го направи овој голем престап, да даде автокефалност. Кому? На една црква која, за жал, над 50-60 години ја држеа во изолација, ја мачеа, ја обвинуваа, ја клеветеа, ја озборуваа со најлоши зборови, основаа друга црква во рамките на оваа црква, за да можат да ги контролираат состојбите и сл. И кога видоа дека работите почнуваат да земаат еден друг замав, – со ставот на Руската црква, за жал, Србите се приклучија кон Руската црква, станаа орган на Руската црква и по налог на Руската црква – го направија овој голем престап: да ја дадат таа лажна хартија – та тоа нема суштина, тоа е лажен томос, никој го нема признаено, баш никој, освен Русија, која од конкретни причини го стори тоа.

И за жал – тоа нè растажува нас – што некои архијереи овде не ја разбраа играта што ја играат Русите со Србите. Се разбира, тоа е една многу долга приказна, за тоа што точно се случи во текот на целиот овој период, за да стасаме до каде што стасавме, но како што ви кажав, мораме со искреност и со чесност да му кажеме на народот, за и народот да ја дознае вистината. Кога со години Вселенската патријаршија се обидуваше да најде решенија, тие што нè туркаа в ѕид беа самите Срби. Кога се склучи Преспанскиот договор и заврши прашањето со името, патријархот веќе, по консултација со владата овде, со владата на Грција, ги молеше, буквално ги молеше Србите да дојдат и да седнеме на маса, за да изнајдеме решение. Пишувавме писма до блаженоупокоениот патријарх на Србија, Иринеј, за да дојдат, да разговараме за ова прашање. И тој не ни одговори. Патријархот (вселенски) не сакаше да направи нешто игнорирајќи ги Србите, од љубов и од почит. Патријархот ја почитува и сака секоја држава, секоја земја, секоја нација, секој народ; ги признава неговите права, го признава нејзиниот територијален интегритет, го признава идентитетот, националниот идентитет на една држава. Патријархот не настапува, за да се вмеша и да стане окупатор. Не. Вселенската патријаршија сака да даде решенија и да помогне помесните цркви да излезат напред, да бидат слободни, за да можат и тие да им помогнат на луѓето, на народот. Затоа што тоа е мисијата на секоја помесна црква.

Пишувавме, значи, писма, не ни одговараа. Умира блаженоупокоениот патријарх на Србија, Иринеј, доаѓа Порфириј. Му напишавме едно, му напишавме две (писма), не одговори. Третиот пат му подрековме: „Видете, ако не ни одговорите, ќе бидеме принудени да продолжиме самите“. Тука работите малку натежнаа. И ни пишува едно писмо, кое поскоро беше малку невкусно исмевање кон вселенскиот патријарх. Тој напиша: „Да, да се сретнеме и да разговараме, но сега не можам, затоа што одам во термални бањи на терапија. Исто така, и архиепископот Стефан, и тој ќе оди во термалните бањи на терапија“. И иако ни го напиша ова писмо, ние дознаваме – бидејќи денес сè се дознава лесно – дека тие имале тајна средба во Ниш, каде што биле договарани работи одзади грбот на Вселенската патријаршија и со укажувања од Руската црква. Тоа се нечесни работи. И тогаш, значи, Вселенската патријаршија рече: Го искористувам правото на еклитон (апелација) што го побараа јерарсите на Охрид. Им давам каноничност. Дека се канонски, немаат проблеми, ги признаваме. И тоа беше едно многу големо нешто. Помислете само, толку години луѓето живееја во раскол овде, и епископите, свештениците, монасите, монахињите, се вршеа свети таинства, венчавања, крштевања, погребенија, божествени литургии, хиротонии… под претпоставка „шизматички“. Патријаршијата постапи според икономија и рече: Го признавам сето тоа. Заради тоа што се направени во името на Света Троица и заради тоа што нема догматски проблем со конкретните клирици и јерарси, сето ова го признаваме и продолжуваме сега, за да го решиме прашањето, еклисиолошко и црковно. И тука Русите, растревожени да не ја изгубат и оваа земја – затоа што, за жал, тоа е целта, наметнувањето на Русија на оваа земја – и ги натера Србите, брзо-брзо, брзо-брзо, да го дадат тој псевдотомос, којшто сѐ друго, освен што помогна. Во стварноста ја зароби овдешната Црква на Охрид, бидејќи никој не ја призна оваа автокефалност.“

   

„360 степени“: Неколкумина владици во неколку наврати јавно ја обвинија Вселенската патријаршија дека поставува „невозможни услови“ за доделување томос за автокефалност и тоа во однос на именувањето на Црквата, нејзината дијаспора, формирање на патријаршиски егзархат, одземање на одредени цркви и манастири и сл. Која е вистината?

Г. Кирил: „Она што повторно нè боли, нè соблазнува, се сите оние, за жал, фалсификувани лаги што цело ова време кружат и ги замрзнаа сите тие напори кон каноничноста. Се зборуваше дека Патријаршијата доаѓа за да ја пороби Црквата. Воопшто, ама баш воопшто не е така. Згора на тоа, Патријаршијата, кога би имала таква цел, би можела да каже – што? „Господа, вие сте митрополија на Српската црква, ве признавам како митрополија на Српската црква“. И дотаму, доволно. Како што впрочем е и сега. Затоа што сега во стварноста Охридската црква е една митрополија на Српската црква, како што е, на пример, Архиепископијата на Америка за Патријаршијата, Архиепископијата на Австралија за Патријаршијата, автономната Црква на Крит за Патријаршијата – така таа не е автокефална црква. Со што и како делува како автокефална црква? И во што постапила Охридската црква како автокефална, без да праша или без да го направи она што ѝ го наметнуваат Русија и Србија? Доаѓа (вселенскиот) патријарх и вели: „Не, чеда! Треба да бидете слободна црква. Да бидете признати како автокефална, слободна Црква“. Затоа што секоја држава, слободна држава, секоја слободна земја има право да има своја црква. Како што се има создадено статус квото досега толку векови. Значи, слободата на една црква е дел од идентитетот на слободата на државата. И слободата на црквата ја помага слободата на државата, на нацијата, на родот.

Името. Патријаршијата не доаѓа за да наметне никакво име. Но, доаѓа за да каже: внимавајте, ќе ставиме нешто што нема да биде национално, ќе биде чисто црковно. И што прави? Го дава именувањето Охридска архиепископија. Една историја од илјада години, Охридска архиепископија! Илјада години! Размислете за тоа! Доаѓа кај една црква што е оформена денес и ѝ дава историја од илјада години. Еве – вели – ова е твојата историја. Тоа сте вие. И не сакаат. Не сакаат!“

„360 степени“: Дали има и кој е главен услов за томост да дојде од Вселенската патријаршија?

Г. Кирил: „Мислам дека треба да тргнеме од прашањето за признавање и сослужение со Украинската црква. Да се признае петнаесеттата црква, за да продолжиме кон шеснаесеттата.“

   

Најново

Унгарија воведува нови ригорозни закони и казни за дилерите на дрога

Sase Ivanovski

Почина поранешниот претседател на Уругвај, омилениот и скромен Пепе Мухика

Sase Ivanovski

САД санкционираше параван-фирма на Иран која заработувала милијарди преку шверц на нафта

Sase Ivanovski

Нови Сад: Ученици ѝ испратија писмо на поддршка на професорка која во притвор штрајкува со глад

Sase Ivanovski

Скоро секој шести работник на „Нисан“ ќе биде отпуштен

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Украинската војска тврди дека уништила руски ракетен систем вреден 45 милиони долари

Sase Ivanovski

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Овластен е Мицкоски да предложи нови кадровски решенија, одењето на Таравари значи паѓање на уште една маска на коалицијата на криминалот

Sase Ivanovski

Бела куќа: Саудиска компанија ќе инвестира 20 милијарди долари во вештачка интелигенција во САД

Sase Ivanovski

Песков: Руската делегација ќе ја чека украинската страна в четврток во Истанбул

Sase Ivanovski

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Sase Ivanovski

Македонските граѓани кои планираат да патуваат од аеродромот во Тирана, на 15 и 16 мај треба да пристигнат 3 часа пред летот

Sase Ivanovski

Анализа на Си-Ен-Ен: Деловните врски на семејството Трамп со Блискиот Исток се зголемија повеќе од трипати

Sase Ivanovski

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ нема да соработува со некој што е близок со ДУИ

Sase Ivanovski

Се сакаа си делеа комплименти на крај ни најавеното кафе за збогум ќе го немале

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Првиот милијардер во Албанија го споделува своето патување

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кој профитира, а кој губи од „раситнувањето“ на владината коалиција – Меџити го обвинува Таравари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Томовски: Доцниме, но државните возила наскоро ќе добијат таблички во боја

Sase Ivanovski

Автокампот Рино во Струга е надобро рангираниот во Македонија

Sase Ivanovski

Ножеви и мачета пронајдени во автомобил на Табановце, приведени Романци

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дали Крис Павловски ја бара гробницата на Александар Велики?

Sase Ivanovski

22 ОД 34 ОПШТИНИ ВО ГРАДОВИТЕ НЕ ГО ИСПОЛНУВААТ СТАНДАРДОТ ЗА ОЗЕЛЕНОСТ, УТВРДИ ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА

Sase Ivanovski

Кумановец измамен за над 100.000 евра. „Купувале“ фиктивни станови

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Свинската маст се враќа на трпезата: Научно оправдана и здрава

Sase Ivanovski

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА СПОРТ ДОНЕСЕ ИСТОРИСКА ОДЛУКА, ОФИЦИЈАЛНО ГО ПРИЗНА ММА СПОРТОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Sase Ivanovski

Муцунски: Економската и трговската соработка во фокус на средбата со државниот секретар Хакан Јеврел

Sase Ivanovski

Шест бугарски државјани осудени за шпионажа во корист на Русија во Обединетото Кралство

Sase Ivanovski

Меѓународната организација за цивилно воздухопловство утврди дека Русија го соборила летот MH17 во 2014 година

Sase Ivanovski

Васил Јованов осуден на 12 години затворска казна

Sase Ivanovski

Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

Sase Ivanovski

Операта „Набуко“ на сцената на НОБ на 19 мај во рамки на „Мајски оперски вечери“

Sase Ivanovski

Вучиќ: Многумина во ЕУ не ја одобруваат мојата посета на Москва, но се надевам дека ќе имаат разбирање

Sase Ivanovski

Депардје доби 18 месечна условна затворска казна за сексуален напад на две жени

Sase Ivanovski

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

Sase Ivanovski

Семејството на Кулакова повикува на протест по пресудата на Васил Јованов

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ со рокада во образованието и во здравството?

Sase Ivanovski

Худолин: Средствата од Планот за раст се префрлаат по спроведувањето на реформите, а не однапред

Sase Ivanovski

Скопјанец осомничен за измама со фиктивна продажба на станови

Sase Ivanovski

Играта „Dune Awakening“ е во фаза на отворена бета

Sase Ivanovski

Контраспин: Таравари до вчера беседеше дека Мицкоски со право бара гаранции за во ЕУ

Sase Ivanovski

Пренџов: Ќе видиме дали некој од неговите ќе му верува на Таравари и дали ќе поднесат оставки од функциите кои ги извршуваат

Sase Ivanovski

Пренџов: Сè додека оваа актуелна политичка генерација предводена од премиерот Мицкоски е на чело на државата, Али Ахмети и ДУИ нема да бидат дел од Владата

Sase Ivanovski

„Гуш и бац е љубов“: Ден кога децата учеа, се играа и се поврзуваа без предрасуди

Sase Ivanovski

Влада: Усвоена е информацијата за набавка на инсулин и друга медицинска терапија за дијабетичарите, ќе се градат и реконструираат 30 спортски сали во основните и средни училишта

Sase Ivanovski

Јаневска: растат платите во образованието, инвестираме во инфраструктурата и во нови наставни програми и учебници

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен велешанец, управувал возило под дејство на алкохол и физички нападнал полициски службеник

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведено едно лице

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Досега не се разговарало за размена на ресори, Таравари пак се интересираше само за бизниси и за Груби и за Заев

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тошковски: Размена на искуства, знаење и силна поддршка од Обединетите Арапски Емирати во градење на модерна, успешна и напредна полиција

Sase Ivanovski

Министерство за финансии: Димитриеска-Кочоска во Брисел на 11. Економски и финансиски дијалог со ЕУ – Реформите остануваат клучни за конкурентноста на европската економија во контекст на сегашните геополитички случувања

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Заменик министерот за внатрешни работи Исени оствари средба со турскиот амбасадор Н.Е.Фатих Улусој

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Kривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување

Sase Ivanovski

ЈП Комунална хигиена-Скопје: ДЕМАНТ НА ИЗЈАВА НА ДЕЈАН МИТЕСКИ

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, партија која ја распродаваше државата како на попуст во трговски центар, зборува за надворешна политика

Sase Ivanovski

Средба Жаклина Пешевска, со полковничката Антониела Станковска-Будимир: Заложби на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во унапредување на жените во одбраната

Sase Ivanovski

Одземена лиценцата на Агенцијата што кобната ноќ ја обезбедуваше дискотеката „Пулс“ во Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Обвинителот Марковски за пресудата од 12 години: Денешниот ден за Обвинителството е поголема победа, Обвинителството го задржува правото на жалба и да бара повисока казна

Sase Ivanovski

Јермак: Отсуството на Путин во Истанбул ќе биде „последен сигнал“ дека Москва не сака завршување на војната

Sase Ivanovski

Девојката со Путин не му е ќерка, креирана е со вештачка интелигенција

Sase Ivanovski

Ерол Ризаов: Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

Sase Ivanovski

Приведена скопјанка осомничена за измама при продажба на стан

Sase Ivanovski

Во Индија 14 лица починаа откако испиле отровен пијалок

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Влада составена само за лични интереси е логично да се распаѓа

Sase Ivanovski

Кошта на средба со Вучиќ: Топката е на ваш терен

Sase Ivanovski

СДСМ: Целосен дебакл на надворешната политика – Владата не знае каде тера

Sase Ivanovski

Јаневска: Премиерот ќе одлучи дали ќе бидам министерка за здравство

Sase Ivanovski

Косовското собрание ниту во 15-тиот обид не успеа да избере претседател и потпретседатели

Sase Ivanovski

Нема да има реконструкција, туку само смена на министри, велат од Владата

Sase Ivanovski

Отстранета дивоградба на улица Киро Крстевски – Платник, просторот ќе се намени за граѓаните

Sase Ivanovski

Јаневска: Лажните дипломи се јавна тајна, но тешко се докажува криминалното дело

Sase Ivanovski

Приведен велешанец кој возел пијан и нападнал полицаец

Sase Ivanovski

Србија им објави војна на фалсификаторите на мед

Sase Ivanovski

Фрчкоски за кривичната пријава: Срамен притисок врз критичарите на власта

Sase Ivanovski

Шведски дипломат осомничен за шпионажа е уапсен во Стокхолм

Sase Ivanovski

Владата со суперапликација ќе ги доближува услугите до граѓаните

Sase Ivanovski

Жерновски: Ниедна политичка партија не напушта Влада која е успешна – АА не е било која партија, туку главниот senior partner

Sase Ivanovski

Четири бугарски минерални води аплицираат за поголема европска заштита

Sase Ivanovski

Семејството на Фросина повикува утре на протест по пресудата за Васил Јованов

Sase Ivanovski

Индиски возачи управуваат со македонската градежна механизација

Sase Ivanovski

Политичкиот егоизам предизвикува блокада на Косово

Sase Ivanovski

(ФОТО) Градското собрание Хилверсум во Холандија

Sase Ivanovski
Вчитувам....