Недостоинствено и атак врз сестринската професија. Ваква реакција упатија од Унијата на здруженија на медицински сестри на преодното решение матични лекари во мали места до 2000 жители да можат да работат без медицинска сестра договорено на вчерашниот состанок помеѓу првите луѓе на Фондот за здравство и ЗПЛРМ. Претставниците на сестрите денеска реагирале и до директорот на ФЗО и договориле средба на која како што велат ќе ги кажат нивните аргументи меѓу кои: медицинсински сестри не се јавувале на огласите на концесионерите зошто им биле нудени минимални плати.
– На средбата со директорот на ФЗО ќе си ги кажеме сите аргументи, изјави м-р Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата на здруженија на медицински сестри.По вчерашниот состанок беше кажано дека ова е времено решение да работат без сестри ќе важи 2 години, за да матичните во мали места не ги затворат ординациите бидејќи не можеле да најдат медицински сестри. Во меѓувреме тие имаат обврска на секои 6 месеци да објавуваат огласи.