Голем број од обожавателите на британската пејачка Адел (36) ги оценија нејзините концерти во Минхен како „апсолутен потсмев“ кон нив. Имено, тие платиле до 350 евра за билет, а морале да стојат на столчиња за да ја видат сцената. Посетителите на концерот во арената „Минхен Месе“, кои сакале да бидат што поблиску до својата омилена пејачка, не можеле да видат ништо бидејќи пред нив стоеле луѓе. На ТикТок се појави видео, кое е прегледано 1,5 милиони пати, на кое се гледа како обожавателите се качуваат на своите столчиња за да ја видат сцената.
„Платив 316 фунти и не можев да видам ништо. Моите пријатели беа на седишта кои чинат 60 фунти и имаа подобар поглед од мене. Бев бесен“, гласи еден коментар на видеото.
@annabel_imhof #adele #b5 #view #munich #adeleaccess
♬ Funny video “Carmen Prelude” Arranging weakness(836530) – yo suzuki(akisai)
„Обезбедувањето им нареди на луѓето да се симнат од столовите, па сите бевме на исто ниво. Тоа беше апсолутен потсмев. Ги платив сите тие пари и едвај видов нешто“, гласи друг коментар.
Овој проблем се повторува уште откако Адел ја започна својата едномесечна серија концерти во оваа арена, која е со капацитет од 80.000 луѓе минатата недела. Многу обожаватели, кои веќе купиле билети за нејзините концерти, изразија загриженост дали ќе можат да видат нешто од нивните седишта.
Нина Френси, обожавателка која мораше да дојде на концертот во инвалидска количка, исто така се пожали дека тоа е „најлошото искуство во нејзиниот живот“, пишува „Дејли мејл“.
„Организацијата на транспортот по концертот беше ужасна. Не размислуваа за излезот на лицата со посебни потреби“, напиша таа на Икс.