Филологот Николај Вавилов во емисија на каналот „Русија 1“ изјави дека украинскиот јазик не постои. Тој открива кои се нивните планови за децениите кои доаѓаат. Тој вели дека Русија не е изолирана и дека има поддршка од земји како Индија, Југоисточна Азија, Африка и Латинска Америка. „Украинскиот е дијалект на рускиот јазик. Украинскиот јазик не постои. Има само украински дијалект. Ви требаат две недели да го изучите овој дијалект. Во суштина, зошто Западот толку се плаши од нас? Ако Западот не направи ништо, за 10, 15 или 20 години ќе ја вратиме целата територија. Ќе им се придружиме на сите оние нации што тврдат дека се независни во еден голем руски дом.
Што значи тоа? Во Европа со 500 милиони жители, ќе има колектив од 200 милиони луѓе што зборуваат руски, кои може мирно да полагаат право на Балканот, Полска и така натаму“, изјави рускиот филолог.Тој вели дека има 80 милиони Германци, вклучително Пакистанци, Турци и Арапи. Додава дека има 60 милиони Англичани, вклучително и Пакистанци и други. „Ќе се појави водечка нација во Источна Европа. Западот нема да може да направи ништо“, рече филологот. Ова не е првпат Русија да го спори украинскиот јазик, но и нација. Украина тврдеше дека аспирациите на Русија се поголеми, а од истото се плаши и Полска. Кирил Стремусов, кој беше руски функционер во окупираната област Херсон во Украина пред да загине објави видео во кое тврдеше дека Прага, Варшава и Будимпешта се „руска земја“.
Solovyov and his guests doing more freebie promos for NATO https://t.co/CWEnQZX6n8
— Cathy Young 🇺🇦 (@CathyYoung63) November 28, 2022