Над 100 лица се водат како исчезнати во североисточна Индија откога обилните дождови предизвикаа излевање на глечерското езеро, што доведе до поројни поплави, кои го зафатија Сиким на Хималаите, при што загинаа најмалку 19 луѓе.Како што објави Си-ен-ен, нивото на водата на реката Теста во Сиким, што го подигна нивото на водата за пет сантиметри, и браната „Чунгтанг“, позната како браната „Теста 3“, која е дел од голем хидроенергетски проект во државата, исто така беше однесена.
Оштетени се пречистителни станици, па оневозможено е и снабдувањето со вода за пиење.
Еколошки чувствителниот регион на Хималаите е подложен на поројни поплави и лизгање на земјиштето, а научниците велат дека екстремните временски услови стануваат сè почести и поинтензивни со брзите климатски промени.
A devastating flood disaster in the Indian Himalayas has claimed the lives of at least 40 people after a glacial lake burst its banks earlier this week. #india #sikkimfloods https://t.co/jj8DE3RTag pic.twitter.com/GhScfMYPR8
— ILKHA (@IlkhaAgency) October 6, 2023