21.8 C
Скопје
21/03/2025 14:20
МАКТЕЛ

    

(ВИДЕО) Ѓорѓи Петрушев во „Бизнис-клуб“: „Националниот совет за извоз ќе помогне во едукацијата на компаниите и во нивните напори за извоз“

      

Во најновата епизода на подкастот „Бизнис-клуб“ гостин на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески е Ѓорѓи Петрушев, генерален директор на најголемата млекарница во државава, „Млекара“ АД Битола („Бимилк“). Петрушев претставува редок пример на кадар кој својот професионален развој го поминал и во државниот и во приватниот сектор. Во подкастот Петрушев зборува за напредувањето во професионалниот живот, кој го започнал во јавниот сектор, од самостоен соработник во Агенцијата за санација на банки преку раководител во Македонската банка за поддршка на развојот до државен секретар во Министерството за економија на Република Македонија и за неговата одлука да премине во приватниот сектор.

Првото вработување во приватниот сектор му е во Групацијата М6, каде што бил задолжен за напредокот и за ребрендирањето на „Тиквеш“, како и за трансформацијата на производството од наливно вино до вино во шише – производ со додадена вредност. Според него, работата во Агенцијата за санација на банки му помогнала во градењето на неговата личност како професионалец, преку неговиот ангажман за намалување на долгот на државата од емисијата на државните обврзници, со кој бил саниран билансот на „Стопанска банка“ Скопје, која во тој период сè уште не била приватизирана, според примерот на Словенија, која го поминала тој процес. Тој ги истакнува „Пивара“ АД Скопје и „Тиквеш“ Кавадарци како позитивни примери за добри побарувања. „Пивара“ АД Скопје претставувала првиот затворен случај во Агенцијата кој успеал максимално да ги искористи придобивките и веднаш да го затвори својот долг. Соработката со „Пивара“ АД Скопје му овозможила да увиди како функционира една добро организирана и структурирана компанија.

   

Во разговорот со Азески тој истакнува дека за економски развој на државата од голема важност е соработката меѓу државниот и приватниот сектор, а прв таков обид на една маса да седнат и јавниот и приватниот сектор се остварил преку формирањето на Националниот совет за претприемништво, при што државата имала можност да ги искористи искуството и добрите практики на приватниот сектор. Според него, денес тоа продолжува со формирањето на Националниот совет за извоз, со кој претседава претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески, а со него на иста маса седат премиерот на Владата на РСМ, претставници на бизнис-секторот и претставници на државните институции и таму ќе се одвива јавно-приватниот дијалог, ќе се третираат области и прашања поврзани со извозот и ќе се канализираат сите предизвици и пречки со кои ќе се соочуваат компаниите во своите извозни активности, не само во регионот, туку и пошироко.

„Националниот совет за извоз, кој започна со работа, навистина ќе обезбеди форум на кој нема да се зборува само за политики, процедури и барања, туку компаниите ќе се едуцираат и ќе им се помогне во нивните извозни напори, а извозот е потребата на оваа земја. Ние сме толку мала економија што сами за себе апсолутно не сме доволни“, изјави Ѓорѓи Петрушев. Во продолжение на подкастот зборува за пробивањето на винаријата „Тиквеш“ на регионалните пазари и пошироко и за отворањето винарија во Франција. Според него, рецептот за успех е поголема присутност на светските пазари преку поорганизиран и заеднички настап на компаниите, со поддршка од државата и од Комората, како и моќта на харизмата и на интеракцијата со луѓето. Посебно го истакна примерот со германската канцеларка Ангела Меркел, која одела, соработувала и ги предводела мешаните државни стопански делегации во претставувањето на нивното производство заради освојување нови пазари. Петрушев во разговорот со Азески изјави дека државата нема стратегија за поддршка на македонските брендови и дека постои мислење оти компанијата може сама да работи зашто веќе има силен бренд. Запрашан од аспект на човек кој работел во јавната администрација зошто нема интерес бргу да се решаваат предизвиците за кои постојано зборува Стопанската комора, како што се 1) борбата против корупцијата и сивата економија, 2) брзата гасификација на државата и 3) инвестициските и извозните активности на компаниите кои можат да обезбедат континуиран економски раст на државата од над 4 %, Петрушев објасни дека се потребни акција и брза операционализација на она што го предлага Комората како гласноговорник на бизнисот. „Млекарница“ АД Битола, како водечка млекарска компанија во државава, за своите активности за општествена одговорност годинава беше наградена со Орден на мирот од Детската амбасада за сите деца во светот. Компанијата е основана во 1952 година и опслужува повеќе од 1 милион потрошувачи со безбедни и нутритивни млечни производи. Во својата повеќе од 70-годишна традиција континуирано инвестира во својата база на сурово млеко, модерна технологија, ESG и во иновации на производите.

  

Најново

ХАМАС ИСПУКА РАКЕТИ КОН ТЕЛ АВИВ Израел започна копнена операција во Газа

Sase Ivanovski

Нема потреба никој да собира пари, лекувањето 99 отсто е бесплатно, вели Таравари

Sase Ivanovski

Одреден 30 дневен притвор за Бектеши и 12 лица за пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Уште двајца повредени во пожарот во Кочани транспортирани во Шведска

Sase Ivanovski

Орбан ја блокира заедничката изјава на ЕУ за Украина:„Нема да дозволиме унгарските семејства да ја платат цената на војната“

Sase Ivanovski

Таравари: Десет пациенти ќе бидат пуштени од болница

Sase Ivanovski

Министерството за дигитална трансформација апелира на одговорност, професионалност и заштита на медиумите и медиумските работници

Sase Ivanovski

Сопругата на Бектеши: Уапсен е за оттргнување на вниманието, тој не бил причина за пожарот, сакаат да ја префрлат вината

Sase Ivanovski

Сите луѓе на Кочани кои требало да знаат за дивата дискотека

Sase Ivanovski

ТИЈАНА ОТКРИВА ВО КАКВА СОСТОЈБА Е ПАНЧО: Бил надвор од животна опасност

Sase Ivanovski

АКО ПОСТОИ АЛБАНЕЦ КОЈ СЕ РАДУВА НА ОВАА ТРАГЕДИЈА, ТОЈ НЕ Е АЛБАНЕЦ, ТОЈ НЕ Е ЧОВЕК: Уредникот на ТВ 21 тврди дека огнометот е провокација

Sase Ivanovski

ХИДРАНТИ НЕМА, ЦРЕВАТА НИ ГИ КРАДАТ, ПА МОРА ДА ГИ ЧУВАМЕ ЗАКЛУЧЕНИ: Не дај боже во зграда да избие пожар, пола ден ќе се бара каде е клучот

Sase Ivanovski

Изградба на пречистителна станица во Скопје: Пари досега само за „раздвижување“

Sase Ivanovski

По трагедијата во Кочани, Бугарија ќе ги проверува сите ноќни клубови во Бугарија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Цел Истанбул на нозе поради апсењето на Градоначалникот

Sase Ivanovski

(Видео) Голем пожар во трафостаница во Лондон, илјадници домови останаа без струја

Sase Ivanovski

СРБИТЕ МАСОВНО ДАРУВААТ КРВ ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ МАКЕДОНЦИ КОИ СЕ ЛЕЧАТ ВО НИШ И БЕЛГРАД

Sase Ivanovski

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ СПРОВЕДУВА ЗАСИЛЕНИ АКТИВНОСТИ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ДИВИТЕ ДЕПОНИИ ВО ПОВЕЌЕ СКОПСКИ ОПШТИНИ

Sase Ivanovski

Уапсен државјанин на Турција – криумчарел мигранти од Египет

Sase Ivanovski

Угостителите во Карпош да си ги подготват документите, инспекторите тргнаа во контрола

Sase Ivanovski

Сергеј Шојгу во Северна Кореја на средба со Ким Јонг Ун

Sase Ivanovski

Истрага за 27 физички и 3 правни лица за пожарот во „Пулс“ – Кочани

Sase Ivanovski

Притвор од 30 дена за 13 осомничени за трагедијата од Кочани – меѓу нив Бектеши, Трајковски, Максути

Sase Ivanovski

Зошто Европа и светот молчат за студентските протести во Србија?

Sase Ivanovski

Во САД егзекутирани двајца осуденици на смрт, едниот убил 8-годишно девојче

Sase Ivanovski

Грците ќе го проверуваат патот на субвенциите од 1986 година до денес!

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Хитроу затворен, пожар во трафостаница го остави лондонскиот аеродром во мрак

Sase Ivanovski

Тимот за интервенции во кризи на Комората на психолози на состанок со пожарникарите во Кочани кои учествувале во гасење на пожарот

Sase Ivanovski

Блумберг: НАТО ќе побара од Европа и Канада да ги зголемат воените капацитети за 30 отсто

Sase Ivanovski

ВМА-Белград: Ако има потреба, стоиме на располагање за дополнително сместување на повредени од Кочани

Sase Ivanovski

Преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ евакуирани 38 повредени од пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Додик: Или нов договор или да се разделиме

Sase Ivanovski

Експлозија во складиште за нафта во Русија по напад на украински беспилотни летала

Sase Ivanovski

Израел го смени шефот на тајната служба кој ги истражуваше корупциските скандали на Нетанјаху

Sase Ivanovski

Најмалку 85 лица загинаа во синоќешните напади во Газа

Sase Ivanovski

Хуманитарен концерт „Без зборови“ на Филхармонијата на 27 март

Sase Ivanovski

Половина од село Сопиште без вода поради дефект

Sase Ivanovski

РУСИЈА НАЗНАЧИ ПРЕГОВАРАЧИ ЗА УКРАИНА Еве кои луѓе ќе зборуваат во името на Путин

Sase Ivanovski

СТАБИЛНО И СОНЧЕВО, НО НАУТРО СТУДЕНО Еве какво ќе биде времето денеска

Sase Ivanovski

Кочани ќе биде лидер на отпорот како што е лидер во тагата

Sase Ivanovski

Најмалку 20 луѓе загинаа, а 6.500 се повредени во прославата на „огнениот фестивал“ во Иран

Sase Ivanovski

Сум наоѓал брашно наместо прашок во противпожарни апарати, вели Стојчевски од Здружението на инженери за заштита

Sase Ivanovski

Тортевски: Сега на најскап начин плаќаме за нашето „имам човек“ и „знаеш ли кој сум јас?“

Sase Ivanovski

Меџити ветува правда за Кочани, но и за „Беса транс“, модуларната болница и Ласкарци

Sase Ivanovski

Кина егзекутираше четворица Канаѓани, што предизвика огромен меѓународен гнев

Sase Ivanovski

Побаран 30 дневен притвор за Крешник Бектеши

Sase Ivanovski

Томовски: Досега покриени трошоци за 142 лица од семејства на повредени од пожарот на лекување во странство

Sase Ivanovski

Лидерите на ЕУ се согласија за мобилизирање на 800 милијарди евра за одбраната во следните четири години

Sase Ivanovski

Клековски: В понеделник првите враќања на пациенти кои се лекуваа во странство, го дефинираме планот за следните фази на рехабилитација

Sase Ivanovski

Франција на граѓаните им испраќа „прирачник за преживување“ во случај на војна

Sase Ivanovski

Клековски: Македонското здравство максимално пожртвувано го прифати првиот бран на сите повредени пациенти

Sase Ivanovski

Кумановец загина при експлозија на плинска боца

Sase Ivanovski

Британските разузнавачи објавија шокантни бројки за загинати руски војници

Sase Ivanovski

Србија и Унгарија ќе склучат воен сојуз, пишуваат српските медиуми

Sase Ivanovski

Спокој за настраданите

Sase Ivanovski

Израелската војска тврди дека го убила шефот за внатрешна безбедност на Хамас

Sase Ivanovski

Семејството на починатиот: Докторот беше пијан! – Таравари: Доколку се утврди неодговорност, ќе му се одземе лиценцата

Sase Ivanovski

Сашо Стошевски – нов директор на Општа болница Куманово

Sase Ivanovski

Сообраќајка во Кисела Вода: Повреден мотоциклист

Sase Ivanovski

Соседите тагуваат со нас

Sase Ivanovski

ЕУ РЕШИ ДРАМАТИЧНО ДА ЈА ЗАЈАКНЕ ОДБРАНАТА Во следните 4 години ќе бидат вложени 800 милијарди евра

Sase Ivanovski

ПОЖАР БЕСНЕЕ ВО ПЕЛАГОНИЈА Гори крајречна трска кај селата Брод и Гнеотино

Sase Ivanovski

КИНЕЗИТЕ ОД ВСЕЛЕНАТА МОЖАТ ДА ВИДАТ КАКВА БОЈА НА ОЧИ ИМАТЕ Најмоќната шпионска камера снима човечки лица од 100 километри

Sase Ivanovski

ТЕПАЧКА ВО ЦЕНТАРОТ НА ЛЕСКОВАЦ, ЗАИГРАЛЕ НОЖЕВИ Момче избодено пред очите на својот татко

Sase Ivanovski

Клековски: Од понеделник веќе ќе бидеме посветени на процесот на постепено враќање и рехабилитација на пациентите од странство

Sase Ivanovski

Важна победа за Црвена Звезда: Го сруши лидерот во Евролигата среде Атина!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Илјадници луѓе и вечерва на улиците на Истанбул, Ердоган апси за објави на социјалните мрежи

Sase Ivanovski

Србија и Унгарија ќе склучат воен сојуз, пишуваат српските медиуми

Sase Ivanovski

Таравари: Рехабилитацијата на децата ќе биде долг процес, ќе трае со месеци

Sase Ivanovski

Голем пожар кај Битола, пожарникарите се борат со огнот покрај Црна

Sase Ivanovski

Европа сака да ни ги расипе преговорите со Америка, се жали Русија

Sase Ivanovski

„Одликувајте го херојот Јован“: Граѓани бараат државен орден за момчето кое спаси 21 живот во Кочани

Sase Ivanovski

Жена од скопско натепана од сопругот, користел тврд предмет

Sase Ivanovski

Рекорд во американскиот спорт: Бостон селтикс продаден за 6.1 милијарди долари!

Sase Ivanovski

РАКОМЕТАРКИТЕ ЌЕ ИМААТ ТЕШКА ЗАДАЧА Еве со кои селекции се паднавме во иста група

Sase Ivanovski

АПСЕЊЕТО НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ИСТАНБУЛ ДОВЕДЕ ДО НАЈГОЛЕМИТЕ ПРОТЕСТИ ВО ТУРЦИЈА ВО ПОСЛЕДНИТЕ ГОДИНИ

Sase Ivanovski

„ГРИНПИС“ СЕ СООЧУВА СО БАНКРОТ ЗАШТО МОРА ДА Ѝ ПЛАТИ ОТШТЕТА НА НАФТЕНА КОМПАНИЈА ОД 660 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Sase Ivanovski

Уапсени тројцата градоначалници на Општина Кочани: Ратко Димитровски градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ , Николче Илијев од редовите на СДС, и доскорешниот Љупчо Папазов

Sase Ivanovski

Руски агенти ја истражувале безбедноста од пожари во германската фирма за оружје пред да подметнат пожар

Sase Ivanovski

ДУРИ И СО ЗАШТИТНА ПП ОПРЕМА НЕ БИ МОЖЕЛО ДА СЕ ИЗДРЖИ ВНАТРЕ ПОДОЛГО ВРЕМЕ: Пожарникарите ги објаснуваат фазите на пожарот како оној што се случи во Кочани

Sase Ivanovski
Вчитувам....