На фејсбук-страницата „Тетово вчера, денес и утре“, објавена е снимка на која се гледа како автобус на градскиот превоз стои на булеварот, не можејќи да помине поради паркиран во втората коловозна лента, кој го блокира булеварот.
Полицајците реагирале веднаш и ја повикале „пајак“-службата за да се ослободи сообраќајот на булеварот „Илинден“, кој е една од најфреквентните градски сообраќајници. „Пајакот“ морал да се враќа во рикверц по булеварот, за да стигне до џипот. Ваквото паркирање е секојдневие во Тетово, каде се случува да има паркирани коли дури и на кружните текови низ градот.