Викендичката-ресторан на Исмет и Елвира Памиќ, кој се наоѓа веднаш до Прокошкото езеро (Босна и Херцеговина), ги нуди сите удобности на планински одмор. Покрај неверојатната глетка, нивните кулинарски вештини ги оставаат сите без здив – од јагнешко и бурек под вршник, до пилешко на скара, секое јадење е вистинско уживање. По таков оброк, домашно планинско кафе и тулумба се совршен крај. Дел од шармот на ова доживување беше и помошта на нивните ќерки Адна и Хајрија. Со својата љубезност и топлина, Адна се грижи да се чувствувате како дома. Нејзиното присуство дополнително го разубавува времето поминато на Прокошкото езеро, пишува pressmediabih.com.
Адна Памиќ е 20-годишна девојка која од својата 9-та година заедно со своите родители се грижи за ресторанот за чесна заработувачка. Таа е единствената на езерото која мајсторски ги прави најдобрите пити под вршник, јагнешко, бурек и други јадења по нарачка. Имено, таа е студентка во прва година на Правниот факултет во Сараево, а летната сезона ја поминува работејќи на езерото и како што вели „Моите родители беа тука за мене кога ми требаше, сега сум јас тука за нив да им помогнам“.