Во болницата во Кочани и попладнево има родители кои сè уште не знаат каде им се децата.
Во таква траорна атмосфера никој ниту сакаше, ниту пак беше во состојба да даде изјави или да разговара со медиумите. Единствено неколку млади момчиња кажаа дека дошле само да видат што се случува и да помогнат ако нешто треба.
Директорката на кочанската болница најави дека подоцна ќе даде изјава за медиумите, но од она што можеше да се види, голем број роднини со полиција беа внесувани внатре во болницата, каде што им беа соопштувани страшните вести.