21.8 C
Скопје
21/03/2025 14:20
МАКТЕЛ

    

ВИСТИНОМЕР: УСАИД е „прогласена за умрена“, сеирџиите може да здивнат!

      

Бурата од реакции по укинувањето на УСАИД во светот не поминува без класичниот говор на омраза „на стероиди“ кај нас, кој еруптира со невидена „креативност“, па дури и повици за воведување на цензура во медиумите и обвинувања за корисниците на помошта дека се странски агенти. Секако дека не е забрането да се критикува работата на УСАИД, но ако ги разгледаме сите проекти што Агенцијата ги има финансирано во земјава, не може, а да не се види бенефитот за граѓаните, пишува Вистиномер. Пишуваат: Стојан Синадинов, Матеј Тројачанец

 

Замрзнувањето на финансиската помош на граѓанскиот и невладиниот сектор преку Агенцијата за меѓународен развој на САД, USAID (или УСАИД, како што е одомаќинето во медиумите) предизвика бура од реакции во земјава, со тотално спротивставени ставови. Независна агенција на владата на САД за администрирање на цивилна странска и помош во развојот е формирана во 1961 година од претседателот Џон Ф. Кенеди – најпрвин од Конгресот на САД како Foreign Assistance Act, а потоа со извршна наредба од Кенеди – со цел да обедини неколку дотогаш постоечки организации и програми за странска помош под една агенција.

Имплементира програми за глобално здравје, помош при катастрофи, социоекономски развој, заштита на животната средина, демократско владеење и образование. Со просечни годишни исплати од околу 23 милијарди американски долари од 2001 година, УСАИД е една од најголемите официјални агенции за помош во светот и сочинува повеќе од половина од целата американска странска помош – највисока во светот во апсолутна вредност во долари. УСАИД има мисии во над 100 земји, пред сè во Африка, Азија, Латинска Америка, Блискиот Исток и Источна Европае описот на портфолиото на УСАИД на Википедија од 2001 година.

   

Агенцијата вработува повеќе од 10.000 луѓе, таа е најголемиот давател на хуманитарна помош во светот, а податоците за 2023 година – според извештајот на непартиската Конгресна служба за истражување – велат дека распределила 40 милијарди американски долари на проекти низ светот, што претставува околу 42 отсто од вкупната хуманитарна помош на Обединетите нации. Во 2024 година, буџетот на УСАИД изнесувал само 0,3 проценти од вкупните федерални трошоци, што претставува намалување од 0,5 проценти во 1980 година.

Фото: УСАИД

 

Укинувањето на УСАИД

Техномагнатот Илон Маск, како фронтмен на претседателот Доналд Трамп во мисијата за намалување на федералната администрација, е челник на новоформираното Одделение за владина ефикасност DOGE (Department of Government Efficiency). Трамп во јануари ја замрзна речиси комплетната помош за странство, а Маск на почетокот на февруари изјави дека е започната процедурата за укинување на УСАИД. „Честејќи“ ја УСАИД со квалификации како како „змиско гнездо на радикални леви марксисти кои ја мразат Америка“, „зло“ и „криминална организација“, Маск ја рашири теоријата на заговор против Агенцијата на социјалните мрежи, првенствено на својата „Х“.

Повеќето од 160-тина објави на Маск за УСАИД се одговори на неколку мали, но влијателни проверени профили, многу од нив користат псевдоними. Најпопуларните – вклучително и објавите од Wall Street Apes, Kanekoa the Great, Chief Nerd и Autism Capital – се прегледани стотици милиони пати, засилени од Маск и неговите 216 милиони следбеници, според X метриката. Како што се шират теориите, тие се препакуваат и во многу случаи се додаваат за да се надополнат тврдењатапишува Ен-Би-Си Њуз.

Медиумот во анализата вели дека прегледот на профилите на сметките на „Х“ ја открива долгата крстоносна војна против УСАИД како злонамерна сила, бустирајќи ги теориите на заговор.

Моделот е сличен на оној што се играше со таканаречените „Датотеки на Твитер“ во 2022 година, кога селективно врамени наративи и интерни документи ставени надвор од контекст беа искористени како оружје за да ги засилат наводите за голем заговор за цензура на владата. А веројатно ќе продолжи и под Трамп и Маск, кои имаат историја на трговија со невистинипишува Ен-Би-Си Њуз.

На 12.02.2025 е разрешен генералниот инспектор на УСАИД, Пол Мартин, и тоа преку имаил порака. Таа процедура за укинувањето на УСАИД делува хаотично (сајтот на Агенцијата е нефункционален од 27 јануари, вработените беа испратени на принуден одмор, а по неговиот завршеток им е забранет влезот во канцелариите. Вршител на должноста администратор на Агенцијата е државниот секретар Марко Рубио, а сегашните планови се УСАИД да биде припоен кон Стејт департментот. Ставањето на УСАИД под Стејт департментот се толкува како губење на атрибутот „независна“ од профилот на Агенцијата. Сето тоа предизвика реакција од Демократите во Конгресот на САД кои најавија чекори против одлуките на Трамп за УСАИД.

Какви и да се превирањата во новата американска администрација и нејзината нова политика кон светот, тоа не може да помине без спротивставени реакции на социјалните мрежи кај нас. Секако, најострастените веќе „го прогласија УСАИД за умрена“ – по несмасниот пример на некогашниот поглавар на Исламската верска заедница реисот Сулејман Реџепи, кој во улога на доктор во уште во 2020 го прогласи корона-вирусот за мртов – не штедејќи притоа на пцости и вулгарности (тука и тука), неретко прогласувајќи ги домашните корисници на помошта од УСАИД за предавници и шпиони чија цел е да се уништат „традиционалните вредности“.

Меѓу најагилните пцујачи спаѓаат добро познатите ликови со нивниот уште подобро познат говор на омраза и дискриминација со најширок дијапазон (овде, овде и овде) кои деновиве се ставени во турбо-погон, на кои им терцираат „сезнајните“ сеирџии (овде, овде и овде) кои во функционирањето на УСАИД во С. Македонија гледаат само теорија на заговор чија цел била да се продаде името на Грците и да се склучи штетен договор со Бугарија, а попатно и да му наштети на образованието на младите.

Тој говор на омраза „на стероиди“ еруптира со невидена „креативност“ која повикува дури и на воведување на цензура во медиумите за ТВ емисиите и проектите на Јавниот сервис МРТ, веројатно како демократска мерка наменета против „странските агенти“.

Од друга страна, пак, не е неочекувано што сиве овие критики за трошењето пари од УСАИД одат паралелно со штетните дезинформации и проруско влијание. Овие наративи вообичаено ги сместуваат функционерите на УСАИД како вистински странски агенти од висок профил (овој пат на американската ЦИА) кои роварат низ земјава и го рушат безбедносниот систем. Тие се сосема комплементарни со ставовите дека Русија е победник во војната во Украина:

Путин си зема земји од Украина, Трамп си зема природни богатства од Украина. Ете така функционираат договорите меѓу воените и нуклеарните суперсили, а уште повеќе, Трамп доаѓа од бизнисот и како искусен бизнисмен, знае дека ќе мора да прави бизнис со Путинпишува Јанко Бачев, лидер на отворено проруската партија Единствена Македонија, во објава на социјалната мрежа Фејсбук.

Наспроти произволните и непоткрепени обвинувања (овде и овде) дека САД „истуриле“ милиони долари кои завршувале во џебовите на македонски државјани и ,,помакедончени” американски бирократи кои воопшто не гледале проблем да финансираат одредени медиуми и така некако да отворат пат за контрола под превезот на слобода, независност, како и тврдењата дека со тие пари била финансирана „Шарената револуција“ и одржувана коалицијата на СДСМ на власт, на социјалните мрежи сепак можат да се пробијат и разумните гласови за реалните ефекти од помошта на УСАИД, меѓу кои и оној на професорката Жанета Трајковска од Институтот за комуникациски студии:

Груевски ја напушти Македонија, ама неговите манири не ја напуштија државата, останаа во неговите поддржувачи и извршители кои ги немаше со години, беа скриени во некои дупки. Ги следам како се ситат што УСАИД затвориле оти нема да ги финансираат нивните „непријатели“ по идеологија, демек готово, крај е за овие невладини и медиумски организации (оти тие се најважните, а не поддршката што ја даваше УСАИД за школи, болници, за културна заштита, за економија, законодавство итн). Недраги, овие организации или најголем дел од нив работеле и во време Груево, и во време Заево и во време Бранково и во време Љупчево, а еве и во време Мицково и ќе продолжат да работат. Тоа е накратко приказната, на ваша жал и завистпишува, меѓу другото, Трајковска во нејзиниот статус на Фејсбук.

Бенефитите на помошта од УСАИД ја гледаат и други, набројувајќи ги проектите преку кои е овозможен развојот на општините, невладиниот и граѓанскиот сектор (овдеовде и овде), без разлика на тоа што актуелниот премиер Христијан Мицкоски не може или не сака да види и да признае дека ќе има државни институции коишто ќе бидат засегнати од одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за привремен прекин на проектите што ги финансираат САД во Северна Македонија.

 

Од граѓаните за граѓаните

Секако дека не е забрането да се критикува, но ако ги разгледаме сите проекти што УСАИД ги има финансирано во Македонија, не може, а да не се види бенефитот за граѓаните. Проекти за претприемачи и бизниси, граѓанско учество, деца со пречки во видот, земјоделие, енергетика, потоа проекти од кои имале многу граѓани директни и индиректни придобивки. Сите овие проекти биле транспарентни и до замрзнувањето на Агенцијата ажурно се објавувале на интернет-страниците на УСАИД. Според Александар Кржаловски, кој е еден од лидерите на невладиниот сектор во земјава, замрзнувањето на помошта од УСАИД ќе влијае врз граѓанскиот сектор, но нема да го уништи. Тој смета дека државата со пасивноста кон регулирањето, го препушти овој сектор на странско финансирање, при што се зголеми и зависноста од финансиска помош од надвор.

Словенија на пример воопшто немаше странска поддршка на локалното граѓанско општество, па делумно и поради тоа, но и поради свесноста на државното раководство таму, дека тој сектор е значаен за развојот на државата, уште веднаш го презеде или продолжи и го зголеми финансирањето на овие организации. За илустрација, издвојувањата за граѓански организации од буџетот на Словенија минатата година се доближи до 600 милиони евра или четири проценти од 15 милијарди евра вкупен буџет. А кај нас цела деценија не надминува околу 10 милиони евра, додека буџетот достигна 6 милијарди евра за оваа година и е дуплиран за една декада, т.е. не е ни 0,2 проценти од државниот буџет, анализира Кржаловски во интервјуто за „Республика“.

Тој вели дека иако средствата од УСАИД се големи (околу 30 милиони долари годишно), сепак изнесуваат околу 20 проценти од вкупните годишни приходи на граѓанските организации.

Тоа влијание нема да е пресудно за понатамошното нивно функционирање. Освен можеби на некои кои се целосно зависни од тие средства. Но, сѐ уште не е јасно што точно ќе значи таа наредба на претседателот Трамп и колкав ефект ќе има во Македонија – ќе треба да почекаме да изминат предвидените три месеци за оценка на активните програми, па да се види што ќе опстои, а што ќе биде прекинатосмета Кржаловски.

Според Кржаловски, наметнатата ситуација треба да ја зајакне потребата за поодржливи извори на финансирање од други донатори, како Владата, корпоративниот сектор, бизнисите и граѓаните. Како и да е, времето ќе биде најдобриот тест дали граѓанскиот сектор може да функционира според моделот – од граѓаните за граѓаните.

  

Најново

ХАМАС ИСПУКА РАКЕТИ КОН ТЕЛ АВИВ Израел започна копнена операција во Газа

Sase Ivanovski

Нема потреба никој да собира пари, лекувањето 99 отсто е бесплатно, вели Таравари

Sase Ivanovski

Одреден 30 дневен притвор за Бектеши и 12 лица за пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Уште двајца повредени во пожарот во Кочани транспортирани во Шведска

Sase Ivanovski

Орбан ја блокира заедничката изјава на ЕУ за Украина:„Нема да дозволиме унгарските семејства да ја платат цената на војната“

Sase Ivanovski

Таравари: Десет пациенти ќе бидат пуштени од болница

Sase Ivanovski

Министерството за дигитална трансформација апелира на одговорност, професионалност и заштита на медиумите и медиумските работници

Sase Ivanovski

Сопругата на Бектеши: Уапсен е за оттргнување на вниманието, тој не бил причина за пожарот, сакаат да ја префрлат вината

Sase Ivanovski

Сите луѓе на Кочани кои требало да знаат за дивата дискотека

Sase Ivanovski

ТИЈАНА ОТКРИВА ВО КАКВА СОСТОЈБА Е ПАНЧО: Бил надвор од животна опасност

Sase Ivanovski

АКО ПОСТОИ АЛБАНЕЦ КОЈ СЕ РАДУВА НА ОВАА ТРАГЕДИЈА, ТОЈ НЕ Е АЛБАНЕЦ, ТОЈ НЕ Е ЧОВЕК: Уредникот на ТВ 21 тврди дека огнометот е провокација

Sase Ivanovski

ХИДРАНТИ НЕМА, ЦРЕВАТА НИ ГИ КРАДАТ, ПА МОРА ДА ГИ ЧУВАМЕ ЗАКЛУЧЕНИ: Не дај боже во зграда да избие пожар, пола ден ќе се бара каде е клучот

Sase Ivanovski

Изградба на пречистителна станица во Скопје: Пари досега само за „раздвижување“

Sase Ivanovski

По трагедијата во Кочани, Бугарија ќе ги проверува сите ноќни клубови во Бугарија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Цел Истанбул на нозе поради апсењето на Градоначалникот

Sase Ivanovski

(Видео) Голем пожар во трафостаница во Лондон, илјадници домови останаа без струја

Sase Ivanovski

СРБИТЕ МАСОВНО ДАРУВААТ КРВ ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ МАКЕДОНЦИ КОИ СЕ ЛЕЧАТ ВО НИШ И БЕЛГРАД

Sase Ivanovski

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ СПРОВЕДУВА ЗАСИЛЕНИ АКТИВНОСТИ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ДИВИТЕ ДЕПОНИИ ВО ПОВЕЌЕ СКОПСКИ ОПШТИНИ

Sase Ivanovski

Уапсен државјанин на Турција – криумчарел мигранти од Египет

Sase Ivanovski

Угостителите во Карпош да си ги подготват документите, инспекторите тргнаа во контрола

Sase Ivanovski

Сергеј Шојгу во Северна Кореја на средба со Ким Јонг Ун

Sase Ivanovski

Истрага за 27 физички и 3 правни лица за пожарот во „Пулс“ – Кочани

Sase Ivanovski

Притвор од 30 дена за 13 осомничени за трагедијата од Кочани – меѓу нив Бектеши, Трајковски, Максути

Sase Ivanovski

Зошто Европа и светот молчат за студентските протести во Србија?

Sase Ivanovski

Во САД егзекутирани двајца осуденици на смрт, едниот убил 8-годишно девојче

Sase Ivanovski

Грците ќе го проверуваат патот на субвенциите од 1986 година до денес!

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Хитроу затворен, пожар во трафостаница го остави лондонскиот аеродром во мрак

Sase Ivanovski

Тимот за интервенции во кризи на Комората на психолози на состанок со пожарникарите во Кочани кои учествувале во гасење на пожарот

Sase Ivanovski

Блумберг: НАТО ќе побара од Европа и Канада да ги зголемат воените капацитети за 30 отсто

Sase Ivanovski

ВМА-Белград: Ако има потреба, стоиме на располагање за дополнително сместување на повредени од Кочани

Sase Ivanovski

Преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ евакуирани 38 повредени од пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Додик: Или нов договор или да се разделиме

Sase Ivanovski

Експлозија во складиште за нафта во Русија по напад на украински беспилотни летала

Sase Ivanovski

Израел го смени шефот на тајната служба кој ги истражуваше корупциските скандали на Нетанјаху

Sase Ivanovski

Најмалку 85 лица загинаа во синоќешните напади во Газа

Sase Ivanovski

Хуманитарен концерт „Без зборови“ на Филхармонијата на 27 март

Sase Ivanovski

Половина од село Сопиште без вода поради дефект

Sase Ivanovski

РУСИЈА НАЗНАЧИ ПРЕГОВАРАЧИ ЗА УКРАИНА Еве кои луѓе ќе зборуваат во името на Путин

Sase Ivanovski

СТАБИЛНО И СОНЧЕВО, НО НАУТРО СТУДЕНО Еве какво ќе биде времето денеска

Sase Ivanovski

Кочани ќе биде лидер на отпорот како што е лидер во тагата

Sase Ivanovski

Најмалку 20 луѓе загинаа, а 6.500 се повредени во прославата на „огнениот фестивал“ во Иран

Sase Ivanovski

Сум наоѓал брашно наместо прашок во противпожарни апарати, вели Стојчевски од Здружението на инженери за заштита

Sase Ivanovski

Тортевски: Сега на најскап начин плаќаме за нашето „имам човек“ и „знаеш ли кој сум јас?“

Sase Ivanovski

Меџити ветува правда за Кочани, но и за „Беса транс“, модуларната болница и Ласкарци

Sase Ivanovski

Кина егзекутираше четворица Канаѓани, што предизвика огромен меѓународен гнев

Sase Ivanovski

Побаран 30 дневен притвор за Крешник Бектеши

Sase Ivanovski

Томовски: Досега покриени трошоци за 142 лица од семејства на повредени од пожарот на лекување во странство

Sase Ivanovski

Лидерите на ЕУ се согласија за мобилизирање на 800 милијарди евра за одбраната во следните четири години

Sase Ivanovski

Клековски: В понеделник првите враќања на пациенти кои се лекуваа во странство, го дефинираме планот за следните фази на рехабилитација

Sase Ivanovski

Франција на граѓаните им испраќа „прирачник за преживување“ во случај на војна

Sase Ivanovski

Клековски: Македонското здравство максимално пожртвувано го прифати првиот бран на сите повредени пациенти

Sase Ivanovski

Кумановец загина при експлозија на плинска боца

Sase Ivanovski

Британските разузнавачи објавија шокантни бројки за загинати руски војници

Sase Ivanovski

Србија и Унгарија ќе склучат воен сојуз, пишуваат српските медиуми

Sase Ivanovski

Спокој за настраданите

Sase Ivanovski

Израелската војска тврди дека го убила шефот за внатрешна безбедност на Хамас

Sase Ivanovski

Семејството на починатиот: Докторот беше пијан! – Таравари: Доколку се утврди неодговорност, ќе му се одземе лиценцата

Sase Ivanovski

Сашо Стошевски – нов директор на Општа болница Куманово

Sase Ivanovski

Сообраќајка во Кисела Вода: Повреден мотоциклист

Sase Ivanovski

Соседите тагуваат со нас

Sase Ivanovski

ЕУ РЕШИ ДРАМАТИЧНО ДА ЈА ЗАЈАКНЕ ОДБРАНАТА Во следните 4 години ќе бидат вложени 800 милијарди евра

Sase Ivanovski

ПОЖАР БЕСНЕЕ ВО ПЕЛАГОНИЈА Гори крајречна трска кај селата Брод и Гнеотино

Sase Ivanovski

КИНЕЗИТЕ ОД ВСЕЛЕНАТА МОЖАТ ДА ВИДАТ КАКВА БОЈА НА ОЧИ ИМАТЕ Најмоќната шпионска камера снима човечки лица од 100 километри

Sase Ivanovski

ТЕПАЧКА ВО ЦЕНТАРОТ НА ЛЕСКОВАЦ, ЗАИГРАЛЕ НОЖЕВИ Момче избодено пред очите на својот татко

Sase Ivanovski

Клековски: Од понеделник веќе ќе бидеме посветени на процесот на постепено враќање и рехабилитација на пациентите од странство

Sase Ivanovski

Важна победа за Црвена Звезда: Го сруши лидерот во Евролигата среде Атина!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Илјадници луѓе и вечерва на улиците на Истанбул, Ердоган апси за објави на социјалните мрежи

Sase Ivanovski

Србија и Унгарија ќе склучат воен сојуз, пишуваат српските медиуми

Sase Ivanovski

Таравари: Рехабилитацијата на децата ќе биде долг процес, ќе трае со месеци

Sase Ivanovski

Голем пожар кај Битола, пожарникарите се борат со огнот покрај Црна

Sase Ivanovski

Европа сака да ни ги расипе преговорите со Америка, се жали Русија

Sase Ivanovski

„Одликувајте го херојот Јован“: Граѓани бараат државен орден за момчето кое спаси 21 живот во Кочани

Sase Ivanovski

Жена од скопско натепана од сопругот, користел тврд предмет

Sase Ivanovski

Рекорд во американскиот спорт: Бостон селтикс продаден за 6.1 милијарди долари!

Sase Ivanovski

РАКОМЕТАРКИТЕ ЌЕ ИМААТ ТЕШКА ЗАДАЧА Еве со кои селекции се паднавме во иста група

Sase Ivanovski

АПСЕЊЕТО НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ИСТАНБУЛ ДОВЕДЕ ДО НАЈГОЛЕМИТЕ ПРОТЕСТИ ВО ТУРЦИЈА ВО ПОСЛЕДНИТЕ ГОДИНИ

Sase Ivanovski

„ГРИНПИС“ СЕ СООЧУВА СО БАНКРОТ ЗАШТО МОРА ДА Ѝ ПЛАТИ ОТШТЕТА НА НАФТЕНА КОМПАНИЈА ОД 660 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Sase Ivanovski

Уапсени тројцата градоначалници на Општина Кочани: Ратко Димитровски градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ , Николче Илијев од редовите на СДС, и доскорешниот Љупчо Папазов

Sase Ivanovski

Руски агенти ја истражувале безбедноста од пожари во германската фирма за оружје пред да подметнат пожар

Sase Ivanovski

ДУРИ И СО ЗАШТИТНА ПП ОПРЕМА НЕ БИ МОЖЕЛО ДА СЕ ИЗДРЖИ ВНАТРЕ ПОДОЛГО ВРЕМЕ: Пожарникарите ги објаснуваат фазите на пожарот како оној што се случи во Кочани

Sase Ivanovski
Вчитувам....