Американскиот пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф се сретна со рускиот претседател Владимир Путин и се враќа во САД, по што на американскиот претседател ќе му поднесе извештај за посетата, изјави американскиот советник за национална безбедност Мајкл Волц во интервју за Фокс њуз. Валц рече дека администрацијата на Трамп е „внимателно оптимистична“ по состанокот со украинските претставници во Џеда, Саудиска Арабија и најавата на Путин за условите за прекин на борбите во Украина. Трамп ќе донесе дополнителни одлуки откако Виткоф ќе го информира за исходот од разговорите во Москва, рече Волц. – Зборував со специјалниот пратеник Виткоф, кој штотуку се враќа од Москва и ќе дава оценки врз основа на кои претседателот Трамп ќе одлучи за понатамошните чекори.
Секако, двете страни имаат свои барања и ќе биде потребно одредено компромисно решение – изјави Волц. Тој нагласи дека не сака да открива дополнителни информации за медиумите пред Трамп да донесе официјални одлуки. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно потврди дека американски претставници пристигнале во Русија на преговори, наведувајќи дека се планирани „релевантни контакти“ меѓу двете страни. Исто така, беше објавено дека Волц телефонски разговарал со неговиот руски колега за потенцијален прекин на огнот во Украина.