11.8 C
Скопје
23/06/2025 04:29
МАКТЕЛ

   

Вицепремиерот Фетаи покажа добро владеење кон Мицкоски, во вторник Таравари ќе се збогува со функцијата

      

Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи најверојатно нема да поднесе оставка, бидејќи веќе изразил интерес да остане во Владата, нè брифираше функционер на ВМРО-ДПМНЕ. Фетаи два дена одбива да  коментира дали ќе поднесе оставка, откако не присуствуваше на состанокот на Алијанса за Албанците кога партијата донесе одлука да замине во опозиција. Во вторник, на 20 мај, ќе се одржи собраниската седница на која министерот за здравство Арбен Таравари и формално ќе се збогува од функцијата, брифира за „Слободен печат“ висок функционер од ВМРО-ДПМНЕ. Ресорот здравство останува кај владиниот партнер Вреди и, според брифингот, вицепремиерот Арбен Фетаи нема да му се придружи на Таравари, туку ќе остане дел од владиниот кабинет на Христијан Мицкоски.

Со Таравари во опозиција се очекува да заминат и замениците министри Флакрон Беџети и Елфете Исмаили. Неизвесно е само дали на масата на претседателот на Собранието Африм Гаши прво ќе стаса оставката од Таравари или барањето на Мицкоски за разрешување на министерот за здравство. Таравари за „Слободен печат“ потврди дека утре до Собранието ќе поднесе оставка од функцијата министер за здравство.

Арбен Таравари / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

   

Без оглед дали прва до Собранието ќе стаса оставката на Таравари или предлогот на премиерот за негово разрешување, точката на дневен ред како дополнување ќе се најде на првата нова собраниска седница, која Гаши веќе ја закажал за 20 мај.
Разликата меѓу оставка или разрешување на министерот за здравство е дека оставката на Таравари Собранието само ја констатира и министерот не мора да се обрати пред пратениците, додека за разрешување министер, Собранието води расправа што трае два дена, односно во зависност од бројот на пријавени пратеници. Фетаи најверојатно нема да поднесе оставка

Според функционерот од ВМРО-ДПМНЕ, вицепремиерот Фетаи најверојатно нема да поднесе оставка, бидејќи веќе изразил интерес да остане во кабинетот на премиерот Мицкоски. Фетаи не присуствуваше на состанокот на Централното претседателство, кога Алијанса за Албанците донесе одлука да заминат во опозиција. Таравари тогаш уверуваше дека се единствени и како претставници во Владата и како пратеничка група, и отсуството на Фетаи го правдаше со негово службено патување. Фетаи, пак, и вчера и денеска одби да коментира дали останува во Владата.

Арбен Фетаи, вицепремиер / Фото: Фејсбук

– Засега уште ништо не коментирам – вели Фетаи за „Слободен печат“ на прашањето дали и тој како неговиот лидер Таравари ќе поднесе оставка од вицепремиерската функција. По состанокот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржан прексиноќа, ни премиерот вчера не откри детали за тоа кој ќе седне во фотелјата на Таравари, дали ќе има размена на ресори со коалицискиот партнер во Владата, Вреди, односно дали ќе бара разрешување на сите функционери од АА. Премиерот побара трпение и рече дека следната недела сè ќе биде појасно.– Засега уште ништо не коментирам – вели Фетаи за „Слободен печат“ на прашањето дали и тој како неговиот лидер Таравари ќе поднесе оставка од вицепремиерската функција.

– Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа редовен состанок на кој разговаравме за актуелната економска и политичка состојба во државата. На состанокот, членовите на ИК на партијата ме овластија во периодот што следува, добив дозвола да номинираме нови имиња што ќе ги заменат имињата на оние што одлучија да одат во прегратките на Али Ахмети и на ДУИ, од партијата на Арбен Таравари – рече Мицкоски.
Христијан Мицкоски Фото Фејсбук: Мицкоски

По седницата синоќа, ВМРО-ДПМНЕ соопшти: – Овој чекор на Таравари беше оценето дека претставува уште еден доказ дека групата заштитници на криминалот и на корупцијата добива нови редови – уште една маска падна, уште една илузија беше разоткриена. На политичката сцена се појави нов, добро координиран марионетски квартет: СДС, Алијанса, ДУИ и Левица – различни имиња, но ист газда. Различни маски, но ист сценарист – информираа од партијата.

Билал Касами од Вреди, иако првично најави дека е можна промена на ресори со ВМРО-ДПМНЕ, вчера потврди дека секторот здравство останува кај Вреди. – Комбинациите што се прават во однос на поделба на одговорностите за водење на Владата се прават со политички договор, но и во согласност со капацитетите и кадрите што ги имаат одредени партии што се дел од владината коалиција. Министерството за здравство беше побарано од нас и поради тоа што го водеше член на досегашната коалиција, Арбен Таравари. Тој го побара тоа како ресор, а сега со неговото заминување, ние како Вреди сме подготвени да разговараме и за такви комбинации. Нема преговори во делот на Владата за рокади и, во моментов, сè додека нема нова ситуација, сите позиции што беа досега остануваат во Вреди – рече Касами.

bilal kasami
Билал Касами/ Фото – Општина Тетово

Изет Меџити од Вреди порача дека по заминувањето на Таравари од Владата, играта не е завршена, туку допрва почнува кога станува збор за пратениците и за легитимитетот што ДУИ го оспорува и бара предвремени парламентарни избори. – Што се однесува до пратениците, мислам дека играта не е завршена, играта е почната. Ако мислеа дека со заминувањето на Таравари играта е завршена, тогаш ќе видиме во иднина дека оваа игра ќе продолжи и ќе се игра на теренот на Европскиот фронт – рече Меџити. Меџити оцени дека Владата е стабилна и дека приоритет им се граѓаните, додека другите, алудирајќи на Таравари, мислат како да му олеснат на Ахмети. Ковачки: Таравари докажа дека не е стабилен човек За обвинувањата од владините партнери, од Алијанса за Албанците порачаа дека будно ги следат „тврдењата“ на ВМРО-ДПМНЕ за нивната партија и за нејзиниот претседател.

– За очекување е во овие тешки денови на оваа Влада во неволја, во целосно отсуство на политички аргументи, да има клевети од најапсурден вид. Смирено сме фокусирани на нашата работа кон октомвриската победа и не сакаме со никакви навреди или со псевдообвинувања да ја оптоваруваме ВМРО-ДПМНЕ, која во моментов има доволно маки. Самиот факт што ја напуштивме Владата по своја волја, јасно покажува колку малку сме корумпирани, а можеби тоа е незамисливо за некои партии на власт – велат од АА.
Драган Ковачки Фото: партија
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки бара Таравари јавно да одговори со што е уценет од „криминалното дуо СДС и ДУИ“. – Таравари дојде на власт со ветување пред граѓаните дека заедно ќе ги испратиме ДУИ во опозиција. Што се случи за само 10 месеци, за Таравари повторно да се врати во прегратките на ДУИ? Во недостиг на факти и аргументи, Таравари своето алиби за напуштање на владината коалиција го темели на ЕУ интеграциите и на албанските прашања кои, за разлика од порано, и тоа како се променети. Иако неговите констатации немаат никаква врска со реалноста, Таравари треба јавно да одговори со што е уценет од СДС и од ДУИ? Дали е нешто поврзано со бизнис или некаков друг вид мотив? Таравари докажа дека не е стабилен човек. Таравари сега треба јасно да каже пред граѓаните – како тоа ДУИ за 10 месеци од криминална и корумпирана партија, за него стана вистинска опција – рече Ковачки.

   

Најново

Капчан: По глобалните неуспеси, Трамп би можел да се сврти кон Србија и Косово

Sase Ivanovski

Германија, Франција и Велика Британија го повикуваат Иран да преговара за нуклеарен договор

Sase Ivanovski

Опожарен автомобил во Гази Баба

Sase Ivanovski

Ставров: Аматерски се работи на капитален проект како што е изградба на пругата

Sase Ivanovski

НАТО „внимателно ја следи ситуацијата“ во Иран, ЕУ повикува на мир и преговори

Sase Ivanovski

Киев: Американските и израелските напади се оправдани и испраќаат јасен сигнал

Sase Ivanovski

Едно лице починало од листериоза, две други заболеле, ИЈЗ повикува на внимателност со храната

Sase Ivanovski

Шумски пожари на грчките острови Хиос и Евија, евакуирани населени места и хотел

Sase Ivanovski

Рубио: Светот е побезбеден по американските напади врз Иран

Sase Ivanovski

Најмалку 20 убиени во нападот врз црква во Сирија, сторителот поврзан со ИД, велат властите

Sase Ivanovski

Филипче: Живеачката е на раб на достоинство, економски е Македонија понижена

Sase Ivanovski

Трајановски: Делницата од Врбјани до Охрид, со прекин кај Ботун, ќе биде пуштена во употреба до 11 или 12 јули

Sase Ivanovski

ФОТО | Ракетите на Иран погодија станбен комплекс во Тел Авив

Sase Ivanovski

Крвава свадба во Франција: Убиена невеста, тројца повредени во вооружен напад

Sase Ivanovski

11 МАКЕДОНЦИ ЧЕКААТ ДА ЗАМИНАТ ОД ИЗРАЕЛ Затворен аеродромот во Тел Авив, МНР подготвува план Б за евакуација

Sase Ivanovski

ИРАНСКАТА ГАРДА СО СЕРИОЗНА ЗАКАНА Американските бази во Бахреин и во Катар во опасност по нападот на САД

Sase Ivanovski

Предупредување до речиси 2 милијарди корисници на Gmail: Веднаш сменете ги лозинките

Sase Ivanovski

ПОРАКА ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КОЧАНИ, ВЕНКО КРСТЕВСКИ: Не биди новата Данела, не води војна со владата, не терај политичка кампања, биди конструктивен, помогни им на Кочанчани

Sase Ivanovski

СЕ ГЛЕДААТ ГОЛЕМИ КРАТЕРИ: САТЕЛИТСКИ СНИМКИ ОД НУКЛЕАРНИТЕ КАПАЦИТЕТИ КОИ БЕА ПОГОДЕНИ ОД АМЕРИКАНСКИТЕ БОМБАРДЕРИ

Sase Ivanovski

„ЗАПРЕТЕ ПРЕД ДА БИДЕ ПРЕДОЦНА“ Анкара ги предупредува САД и Иран

Sase Ivanovski

ЗЕМЈА НА ПРОСПЕРИТЕТ, РЕД, РАЗВОЈ, ПОЧИТ, ЧОВЕЧНОСТ, ВРЕДНОСТИ Таква Македонија ветува Христијан Мицкоски

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Поради политиките на СДС, Македонија 7 години беше понижувана, распарчувана и уништувана, ВМРО-ДПМНЕ ја враќа државата на вистинска патека

Sase Ivanovski

Почнува 46. Скопско лето

Sase Ivanovski

Демири: Над 70% од граѓаните живеат со под 500 евра плата месечно, тоа е понижување

Sase Ivanovski

Арапските држави изразија сериозна загриженост по американските напади врз Иран и повикуваат на преговори

Sase Ivanovski

Пластичен хирург утре во посета на повредните во пожарот во „Пулс“ кои се на рехабилитација во Пониква

Sase Ivanovski

Филипче: Во администрација се вработува само со списоци, сите останати граѓани се понижени и дискриминирани

Sase Ivanovski

Трајчулевски: Без план, без еден лист проект за железницата се задолжуваат скоро 2 милијарди евра

Sase Ivanovski

Филипче: Ова не е промената која граѓаните ја бараа, понижени се работниците, земјоделците и младите

Sase Ivanovski

ЛУКАШЕНКО НЕ ГИ УБИВА СВОИТЕ ПРОТИВНИЦИ КАКО ПУТИН Лидерот на белоруската опозиција, Сергеј Тихановски пуштен на слобода по речиси пет години затвор

Sase Ivanovski

Чупеска : ДПМНЕ со системски упади го руши владеењето на правото и ги игнорира меѓународните препораки

Sase Ivanovski

Филипче: Наместо сите да се интегрираме, очигледно ДПМНЕ сака еден по еден да го бараме патот кон ЕУ

Sase Ivanovski

Фрчкоски: Досега немало влада со полошо владеење

Sase Ivanovski

Мицкоски: Одредени политичари во Брисел повторно се обидуваат ги преформулираат македонскиот јазик и идентитет

Sase Ivanovski

Зеленски: Германски и чешки компании испорачуваат материјали во Русија

Sase Ivanovski

Советот за безбедност на ОН ќе се состане за американските напади врз Иран

Sase Ivanovski

Иран вели дека четворица припадници на ИРГЦ се убиени во израелски напад

Sase Ivanovski

Во Лондон десетици илјади луѓе се собраа во поддршка на Палестинците во Газа и против војната на Израел со Иран

Sase Ivanovski

Жена-возач 94 годишна, прегази осум лица на паркинг на супермаркет во Германија

Sase Ivanovski

Скопјанец ја повредил својата четиригодишна ќерка при семејно насилство, предложен притвор

Sase Ivanovski

Израел ја проширува офанзивата кон ракетни центри во Иран

Sase Ivanovski

Зошто Ормутскиот теснец е едно од најважните места за светската економија?

Sase Ivanovski

Макрон ќе свика состанок на безбедносниот совет по нападите на САД врз Иран

Sase Ivanovski

Израел го отвори воздушниот простор

Sase Ivanovski

Џеј Ди Венс: Не сме во војна со Иран

Sase Ivanovski

Иранското нуклеарно познавање не може да биде уништено, вели висок ирански функционер

Sase Ivanovski

Иранската Црвена Полумесечина соопшти дека нема жртви во американските напади врз нуклеарните постројки

Sase Ivanovski

Иранската влада вели дека нема опасност за жителите што живеат во близина на иранските нуклеарни постројки нападнати од САД

Sase Ivanovski

Ирански медиуми јавуваат за експлозија во покраината Бушер, каде што се наоѓа нуклеарен реактор

Sase Ivanovski

Холандските болници ја засилуваат употребата на вештачка интелигенција за подобра здравствена грижа

Sase Ivanovski

Македонија го презема претседавањето со ЦЕФ – министерката Димитриеска-Кочоска во работна посета на Црна Гора

Sase Ivanovski

Поради навреди и симболи на УЧК, Зенит го „откажа“ трансферот на Мирлинд Даку

Sase Ivanovski

Иранскиот парламент одобри затворање на Ормутскиот теснец

Sase Ivanovski

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсег: Со „Полноќен чекан“ ги уништивме нуклеарните планови на Иран

Sase Ivanovski

Телефонски разговор меѓу Рубио и Тајани, во фокусот конфликтот меѓу Иран и Израел

Sase Ivanovski

(Видео) ДРАМА ВО ЧАИР Арсовска со полициска придружба во Чаир, откриена зграда дивоградба од 12 ката со 50 станови Станарите се заканувале и им ги исекле гумите на возилата на инспекторите

Sase Ivanovski

Дел од вработените на Клинички ќе паркираат кај „Лимак“ – ново привремено решение за хаосот со паркирањето

Sase Ivanovski

ВИДЕО | 86-мина повредени во иранскиот напад над Тел Авив

Sase Ivanovski

Филипче: СДСМ останува на страна на граѓаните, Владата изгуби контакт со реалност

Sase Ivanovski

Бомбардер „Б-2 Спирит“ – гаѓа цели од 15 километри висина, чини 2.1 милијарди долари и може да лета до 11.000 километри нонстоп

Sase Ivanovski

Нападите врз Иран – најголемиот и најризичен чекор на Трамп во надворешната политика

Sase Ivanovski

Филипче: Подадов рака за вистински реформи во судството, но ВМРО-ДПМНЕ не го сака тоа

Sase Ivanovski

Филипче: Криминалот е двојно зголемен, граѓаните живеат во страв, нема ништо гордо во тоа

Sase Ivanovski

Билд: Германската влада ќе обезбеди средства за дополнителни 10.000 војници до крајот на годината

Sase Ivanovski

Иранскиот шеф на дипломатијата Арагчи оди во Москва за да се сретне со Путин

Sase Ivanovski

МАКТЕЛ ДОЗНАВА: ДОМ излегува од коалиција со СДСМ – ќе оди самостојно на локалните

Sase Ivanovski

Уапсен возач без дозвола и со 1,81 промили алкохол на патот Крушево – Прилеп

Sase Ivanovski

Тројца мажи се претставиле како полицајци и истепале кривопаланчанец сред Центар

Sase Ivanovski

Иран со итно писмо до Советот за безбедност поради нападите на САД

Sase Ivanovski

Најголема кражба на податоци досега: украдени лозинки од Google, Facebook и Apple

Sase Ivanovski

Николоски: Понудите за нови 120 автобуси се очекуваат до средината на јули

Sase Ivanovski

„Марш за ангелите“ со силна порака: Нерегуларностите во дискотеката „Пулс“ на институциите им биле познати пред трагедијата

Sase Ivanovski

Македонска амбасада во Израел: Затворен аеродромот во Тел Авив, активни се само морски рути за излез од државата

Sase Ivanovski

Приведен возач во Македонска Каменица, управувал возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

АХВ со остра реакција до в.д. градоначалникот на Кочани

Sase Ivanovski

НОВ ПАТ ЗА ГЕВГЕЛИЈА, БОГДАНЦИ, ВАЛАНДОВО И ЗА ДОЈРАН Модерна делница која го поврзува регионот со коридорот 10

Sase Ivanovski

„НЕКОИ ДРЖАВИ ЌЕ ГО ДАДАТ СВОЕТО НУКЛЕАРНОТО ОРУЖЕ НА ИРАН“ Еве што порача Медведев по американскиот напад

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЗАИГРАА ТУПАНИЦИ И СТАПОВИ НА ЈАДРАНСКА МАГИСТРАЛА Сообраќајно недоразбирање прерасна во улична тепачка

Sase Ivanovski

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако ова е почетокот на тотална војна помеѓу Израел и Иран, Америка не може да остане настрана

Sase Ivanovski

УАПСЕН РЕКЕТАР ВО ШТИП – СО ПРИСИЛА И УЦЕНИ МУ ЗЕЛ 4.500 ЕВРА Момче принудено да зема брзи кредити, да позајмува и да краде од татко му

Sase Ivanovski
Вчитувам....