Популарниот портал за гастрономија „Вкус атлас“ објави листа на најдобрите српски јадења врз основа на оценките на корисниците на оваа страница. На списокот има 72 јадења. Новопазарските мантии се на прво место, а како што е објаснето, станува збор за српско јадење со потекло од Нови Пазар, кое има вкус сличен на босанскиот бурек, но е сосема различен по формата – се обликува во мали топчиња кои се редат во тавче и се печат заедно. Тестото прво се расукува, се премачкува со путер, а потоа се филува со мелено говедско месо, се додава сол, бибер, кромид и малку масло.
Откако ќе се наполни, тестото се обликува во мали топчиња, се мачка во тавче, па традиционално се пече во стари рерни кои им даваат уникатен вкус и мирис. Мантиите обично се служи со јогурт, стои во описот на ова јадење на веб-страницата за гастрономски водич. На следното место е ајварот од Лесковац. Меѓу првите 15 јадења на оваа листа се „лесковачка скара“, „петровачки кулен“, „ужичка пршута“, сарма, плескавица, бурек со сирење, бела супа, пиротски колбас, крофни, грав.