Владата на денешната седница го задолжи Инспекцискиот совет на Република Северна Македонија итно да преземе мерки за решавање на статусот на општинските даночни инспектори преку издавање лиценци за работа, согласно Законот за инспекциски надзор, со што ќе се реши долгогодишниот проблем кој датира од 2019 година.
Со ова, Владата, како што информира, им овозможува на единиците на локална самоуправа преку општинските даночни инспектори, непречено да ги извршуваат своите работни задачи согласно законите и со тоа се подобрува инспекцискиот надзор врз даночните обврзници во единиците на локална самоуправа.
-На овој начин се придонесува кон зголемување на буџетот на општините, општините во градот Скопје и Градот Скопје. Со ова Владата дава поддршка за унапредување на самостојноста во функционирањето на општините, во интерес на подобар живот на граѓаните, соопшти владината прес-служба.