Владата ја разгледа и усвои информација за преземените активности за раскинување на Договорот за закуп на административно – деловен простор склучен помеѓу ХЕЈ ДООЕЛ Скопје и Акционерското друштво за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Република Северна Македонија.
„Овој договор кој е склучен за време на минатата влада предизвика силни контроверзни и нереални високи суми при што се споменуваа и одредени лукративни интереси“, се вели во владиното соопштение.
Договорот е во износ од 2,26 милиони евра во период од неколку години. Станува збор за изнајмување на деловен простор од приватната фирма, за кој лани ВМРО-ДПМНЕ, тогаш како опозиција, обвинуваше дека има директен судир на интереси. Владата не соопшти ништо повеќе за евентуалните последици од раскинувањето на овој договор по буџетот на државата.