4.8 C
Скопје
06/02/2025 23:18
МАКТЕЛ

   

ВЛАДИКАТА ЈОВАН: Охридска архиепископија е прифатливо име за МПЦ, но најголем проблем е признавањето на украинската православна црква

     

Пред две лета, Српската православна црква (СПЦ) го призна постоењето на МПЦ и со томос ја изедначи на себе, ставајќи крај на повеќедеценискиот спор.
Владееше уверување дека Вселенската патријаршија, со симнувањето на шизмата (отпадништво од црковната заедница) и српската црква со томосот, го расчистиле патот, православниот свет целосно да ги прифати Македонската православна црква и нејзините следбеници.

Оттаму изненадување е благ збор за да се опише аберот што стигна од Вселенската патријаршија оваа пролет. Нејзиниот митрополит господин Кирил, близок соработник на првиот меѓу еднаквите, екуменскиот патријарх Вартоломеј Први, преку ТВ-интервју порача дека српскиот томос, всушност, и не бил баш тоа.
Владиката Јован има уникатно искуство, одблиску ги познава приликите и во Цариград, но и дома. Две децении сослужувал и комуницирал со великодостоинствениците од православниот свет, на кои денес им „тежи“ зборот. Од друга страна, пак, бил и сега повторно е дел од највисоките структури на Македонската православна црква

   

Тој го нарече српскиот потег престап, алудирајќи дека томос може да даде единствено Вселенската патријаршија.
Поглаварот на МПЦ, господин господин Стефан, еден месец подоцна индиректно ги призна несогласувањата меѓу Скопје и Константинопол, како што клирот архаично ја нарекува Вселенската патријаршија, со седиште во денешен Истанбул.

За македонскиот архиепископ, неприфатливи се три услови на Вселенската патријаршија. Таа, според поглаварот, бара откажување од името Македонска православна црква, отстапување на македонската дијаспора и признавање на украинската црква.
За дилемата околу томосот и за условите што доаѓаат од седиштето на Вселенската патријаршија, градот некогаш прославен како Цариград, зборувавме со митрополитот крушевско-демирхисарски, Јован, во јавноста познат и по световното име Вранишковски.

Владиката Јован има уникатно искуство, одблиску ги познава приликите и во Цариград, но и дома.
Две децении сослужувал и комуницирал со великодостоинствениците од православниот свет, на кои денес им „тежи“ зборот. Впрочем, тоа го сведочи и заедничка фотографија на владиката и Вартоломеј. Од друга страна, пак, бил и сега повторно е дел од највисоките структури на Македонската православна црква.

Забавено време
Конаците на манастирот Св. Јован Златоуст | Фото: БИРН
Со епископот разговаравме во манастирот „Св. Јован Златоуст“, во подножјето од Баба Планина, под врвот Пелистер, каде што во еден од најжешките јунски денови сè уште имаше видливи делови под снег.

Манастирот со години беше седиштето на долгооспоруваната Православна охридска архиепископија (ПОА), која пред 20 години се отцепи од МПЦ со силен тресок од реакции на верниците и на граѓаните.
Оној што првпат доаѓа во манастирскиот комплекс, не може, а да не ги забележи конаците со различни интензивни бои. Со сина боја од истата палета се бојадисани и вратите, а шаренилото преовладува и на таванот во просторијата исполнета со планинска свежина, каде што нè прими владиката.
Ја прифаќа болеста како нешто што му се нашло на животниот пат. „Во животот имав можност да претрчам одредени работи, порано да ги доживеам. Некои работи сум ги завршил однапред и сега, и да заостанам малку, не е толку страшно.“

„Треба да дојдете наесен, да видите како манастиров се вклопува во пејзажот – секое ливче од дрвјата има различна боја“, објаснува владиката, борејќи се со зборовите и тешко гестикулирајќи.
Тој веќе неколку години е болен, се движи полека и само со помагало.
„Забавено ми е времето“, вели тој, не за да се пожали, туку да објасни како функционира.

Ја прифаќа болеста како нешто што му се нашло на животниот пат.
„Во животот имав можност да претрчам одредени работи, порано да ги доживеам. Некои работи сум ги завршил однапред и сега, и да заостанам малку, не е толку страшно.“
Објаснувајќи како се справува со здравствените предизвици, се наврати на минатото, на последното рочиште како поглавар на ПОА, кога беше обвинет за перење пари и подоцна осуден.

„И сто години да ме осудите, ништо нема да загубам, зашто немам нешто незавршено во животот“, му порачал на судијата.
Неговото враќање во МПЦ следуваше по српскиот томос. Оттогаш помина година во соработката со поглаварот и со колегите од синодот, која тој ја оценува како коректна, иако чувствува воздржаност од сите страни.

„Ја испитуваме ситуацијата“, додава тој.
„И има, и нема томос“
„Најтешко ми паѓа што се бара да се фати страна“ | Фото: БИРН
Дилемата дали има или нема томос не е едноставна, уверува владиката.

Вели не грешат ниту оние што сметаат дека МПЦ доби томос од српската црква, ниту, пак, оние што тврдат дека актот на признавање, сепак, треба да „дојава“ од Цариград.
Митрополитот ја сместува конфузијава во контекст на тоа дека, според него, православната конфесија во светски рамки е на крстосница.
„Ние сме на некое прекршување“, вели тој.

Сложенава и замрсена ситуација се должи на тоа што православниот свет практично веќе не е еден, туку имаме два паралелни центри, цариградски и московски, кои се конфронтираат по повеќе точки.
Прашањето на доделување томос е една од причините за раздор.
Не грешат ниту оние што сметаат дека МПЦ доби томос од српската црква, ниту, пак, оние што тврдат дека актот на признавање, сепак, треба да „дојава“ од Цариград
Православните цркви подолго време не успеваат да се договорат кој сега го издава томосот, дали мајката-црква, како во нашиот случај СПЦ, или Константинопол, како што било со векови.

Впрочем, пропаднал обидот да се прецизираат правилата.
Нашиот соговорник се навраќа на 2009 година, од кога датираат недоразбирањата. На собир во Швајцарија, помесните цркви не успеале да изберат една од двете понудени патеки до автокефалија.
Првиот предлог бил Вселенската патријаршија да е главен потписник и без неа да не може да се даде томос, а другите цркви да се само сопотписници, додека вториот предлог томосот да се доделува со консензус на сите цркви.

Но, немало договор и затоа не постои обврзувачко решение.
Овој глобален судир директно се прекршува во микрокосмосот на МПЦ. Во информираните кругови за црковните прашања, подолго време се зборува за поделба на владиците меѓу поддржувачи на Цариград и на Москва, дури се споменуваат и конкретни имиња.

Таа поделба повремено излегува и на виделина, кога владици што се против барањата на Патријаршијата ги нарекуваат неистомислениците „фанаридиоти“, а други јавно го „коригираат“ архиепископот Стефан, велејќи дека погрешно ги претставува барањата на Цариград.
На прашањето дали МПЦ-ОА може да се доведе во ситуација да избира кој од двата православни центри да се приклучи, и практично да влезе во пазарење кој ќе ѝ понуди подобри услови, владиката Јован вели дека тоа би било најнеодржливото решение.

„Најтешко ми паѓа што се бара да се фати страна. Или ќе бидеш на оваа, или ќе бидеш на онаа страна, тоа е најлошото за православието. Треба да се мисли на решение за следните 100 години. Тоа е само еден миг за црквата“, вели владиката.
„Охридска архиепископија е прифатливо име“
„Охридска архиепископија е прифатлив назив зашто со себе носи историја долга илјада години“ | Фото: БИРН
„Дијаспората е решен проблем. Не знам зошто го спомнуваат“, дециден е владиката.

Наспроти толкувањата, стравувањата и шпекулациите дека „Цариград ќе ни ги земе црквите во дијаспората“, реалноста е поинаква според она што ни го кажа митрополитот крушевско-демирхисарски.
За ова прашање е најден компромис. На сите цркви им се остава тие да ја раководат дијаспората, новина е што се создава координативен совет што ги вклучува црквите на конкретната територија.
Вселенската патријаршија е гркофонска црква, оттаму за неа и за елинскиот свет што вклучува уште неколку помесни и влијателни цркви, терминот „Македонија“ е срцепарателен

„И таму прв во тој совет е секогаш епископот од Вселенската патријаршија.“
Другиот компромис се води според вековниот принцип „еден град – еден владика“. Затоа владиките на различни цркви во ист град во дијаспората не смеат да носат иста титула.
„Српската црква го смени името на нивниот епископ во Германија, сега епископот се нарекува дизелдорфски, а тој од Вселенската патријаршија го носи името епископ на Германија.“

Што се однесува до вториот услов од Цариград, оној за името, владиката Јован смета дека Охридска архиепископија е сосема прифатлив назив зашто со себе носи историја долга илјада години.
Вселенската патријаршија е гркофонска црква, оттаму за неа и за елинскиот свет што вклучува уште неколку помесни и влијателни цркви, терминот „Македонија“ е срцепарателен, објаснува тој.
Митрополитот, како и одредени аналитичари, смета дека МПЦ може да испреговара подобар договор со Вселенска патријаршија од оној на државата во Преспа. Да добие некој вид двојна формула – дома во црковниот устав и во правниот промет да не се менува ништо, да стои името МПЦ-ОА, а за останатиот православен свет, македонската црква да е Охридска архиепископија.

„Сепак, тоа ќе зависи од вештината на преговарање“
Најголемиот проблем
Внатрешноста на манастирот „Св. Јован Златоуст“ | Фото: БИРН
Најголем проблем е признавањето на Украинската православна црква, смета владиката Јован.

Во православниот свет, прв противник на оваа црква е Московската патријаршија.
Меѓутоа, наспроти општото убедување дека проблемот со украинската црква има само геополитичка природа, малата МПЦ да не ѝ „брца в око“ на црковната велесила од Москва, нашиот соговорник нуди аргументација од доменот на религиската догма.

Украинската црква е неприфатлива, според неговото толкување, зашто една од трите групи што ја сочинуваат, го нема она што во црквата се нарекува апостолско премство.
Апостолското премство е непрекинатиот ланец на пренесување власт во црквата, кој почнува уште од првиот век, кога, според верувањето, апостолите што го следеле Исус Христос и потоа го ширеле неговото учење, ја предале својата улога на други свештеници, па тие на други, и од нив таа пракса продолжува до ден-денешен.
Наспроти општото убедување дека проблемот со украинската црква има само геополитичка природа, малата МПЦ да не ѝ „брца в око“ на црковната велесила од Москва, нашиот соговорник нуди аргументација од доменот на религиската догмаНа тој начин, Православната црква, како и Католичката, се повикува на директна непрекината линија на апостолско премство од две илјади години.

„На пример, за да стане некој ѓакон, мора јас да направам ракополагање, односно ѓаконот да го добие апостолското премство од некој што веќе го има. Таа група во украинската црква не добила апостолско премство.“Оттаму, вели владиката, не можат да се влечат паралели меѓу македонската и украинската црква, зашто МПЦ, сепак, го имала вековниот континуитет.
„Нам никој не ни го спори апостолското премство, зашто српскиот патријарх го предал уште во 1958 година. Не е истиот случајот во Украина.“
На прашањето, зошто, и покрај догматските недоследности, Цариград ја признала украинската црква, митрополитот Јован ги крева рамениците.

„Јас имав можност да разговарам со најголемиот теолог таму, кој ми беше и професор, сега е починат, Јован Зизјулас. Во еден долг дијалог ми одговараше на сите други прашања, но за ова прашање (н.з. признавањето на украинската црква) немаше одговор.“
„Само велеше – Цариград може да го направи тоа.“

Овој одговор, вели владиката, е неприфатлив за многумина во црквите.
„Руската црква, меѓу другото, се држи и за ова и вели чекај, ако ова вие го признаете – не сте православни“, вели владиката.
Разговорот го привршивме со порака за трпение од митрополитот Јован.
Тој ја разбира потребата да се затвори проблемот, конечно МПЦ да биде призната од сите и прифатена во православниот свет, меѓутоа, бара и разбирање дека овдешните проблеми, сепак, се рефлексија на нерешените односи генерално во православието.

 

Најново

Вицепремиерот Изет Меџити учествува на „Молитвениот појадок“ во Вашингтон

Sase Ivanovski

Претседателката Сиљановска-Давкова го прими раководниот тим на Државниот завод за ревизија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ ќе предложи законски решенија за поголема безбедност пред училиштата и во сообраќајот

Sase Ivanovski

Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата: Во одбраната и Армијата нема место за дискриминација по која било основа, партизацијата од претходно ја заменивме со почитување на законските процедури

Sase Ivanovski

М-р доктор Митко: На секој пациент му се посветувам максимално, му објаснувам во детали за неговата состојба и за тоа каков третман е потребен

Sase Ivanovski

Саудиска Арабија му одговори на Трамп: Нема добри односи со Израел без палестинска држава

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОТРЕБНИ СЕ СИСТЕМСКИ ПРОМЕНИ ЗА СООБРАЌАЈНА БЕЗБЕДНОСТ !

Sase Ivanovski

Иран ги пофали САД за намалувањето на финансирањето на странската помош

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп ги отфрли плановите за преземање на Газа по жестоките реакции

Sase Ivanovski

Арапско-американска про-Трамп група го менува името по изјавите во Газа

Sase Ivanovski

Мирчевски се шетал и возел луксузни возила на сметка на државата

Sase Ivanovski

Мицкоски најави иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет

Sase Ivanovski

Осигурителниот бизнис е обесправен, работи со стари цени од пред 17 години

Sase Ivanovski

Брат министер, брат началник, татко советник, цела фамилија Андоновски на функции – ќе реагира ли Антикорупциска на скандалите на ВМРО-ДПМНЕ, прашува СДСМ

Sase Ivanovski

И Груевски се офајди од УСАИД, работеше како консултант на српската влада, а го плаќаше американската агенција

Sase Ivanovski

Герасимовски: Обезбедуваме брза реакција и грижа за повозрасните центарци со проектот „Итно копче“

Sase Ivanovski

Алармантен пораст на нивоата на микропластика во мозокот

Sase Ivanovski

МКА 2000 со повик до консултанти за стекнување со звањето Сертифициран менаџмент консултант CMC®

Sase Ivanovski

Вицепремиерот Изет Меџити на Безбедносниот форум во Вашингтон: Северна Македонија, доверлив партнер на САД

Sase Ivanovski

Истрага за три лица кои се обиделе од двајца сопружници да изнудат 10.000 долари

Sase Ivanovski

Го зголемуваме интересот кај младите за воената професија, започна популаризацијата на воената професија

Sase Ivanovski

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Sase Ivanovski

Средба на министерот Мисајловски со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер

Sase Ivanovski

Македонско – норвешката одбранбена соработка се развива со засилено темпо, средба Мисајловски – Мелсом

Sase Ivanovski

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Sase Ivanovski

СДСМ: Брат министер, брат началник, татко советник – ќе реагира ли Антикорупциска на скандалите на ВМРО-ДПМНЕ?

Sase Ivanovski

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Судски совет да ги земе предвид аргументите за тесната поврзаност на судијката Алексовска Стојановска со СДС и да ја разреши од позицијата

Sase Ivanovski

СДСМ: Странските инвеститори си одат од земјава, „Аптив“ заминува од Бунарџик

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски ја руши потрошувачката кошничка, за да не ја покачи минималната плата

Sase Ivanovski

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Sase Ivanovski

ВЛЕН: Го зголемивме буџетот за енергетска ефикасноство студентските домови, го подобруваме студентскиот живот

Sase Ivanovski

ПРОДАЖНИ РЕЗУЛТАТИ НА PEUGEOT ЗА 2024 ГОДИНА

Sase Ivanovski

Министерот Мисајловски со новоназначениот амбасадор во земјава, Палминтери: силно посветени на македонско – италијанската соработка

Sase Ivanovski

Средба на министерот Тошковски со новоименуваниот италијански амбасадор, Н.Е. Паоло Палминтиери

Sase Ivanovski

Извршени претреси во Одделот за општи и заеднички работи во МВР

Sase Ivanovski

Левица: Беџети од Алтернатива бил директор на ПИОМ без согласност од Владата

Sase Ivanovski

Приведени двајца лихвари во Радовиш, следува соодветна пријава

Sase Ivanovski

Герасимовски: Исчистени улиците Никола Тримпаре и Павел Шатев

Sase Ivanovski

Средба Лимани – Светска Банка: Резултатите од заедничката работа се видливи – испорака на квалитетни услуги до граѓаните на кои навистина им се потребни

Sase Ivanovski

Утврдена е повреда на слободата на јавното изразување на мислата и правото на политичко дејствување на пратеникот Сали Мурати

Sase Ivanovski

Дурмиши: Извештајот на ревизорот констатирал низа прекершоци направени од претходното раководство

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ бара средба на сите собраниски партии за реформите во правосудството

Sase Ivanovski

КОЛКУ Е ДОСТА, ПРАША МИЦКОСКИ Премиерот револтиран од цените во маркетите и го разбира бојкотот на граѓаните

Sase Ivanovski

„ПОТРЕБНА Е НОВА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ“ Мизо во „Бизнис клуб“ открива како странците да ја изберат Македонија

Sase Ivanovski

ЦЕНИТЕ ГИ ДИКТИРААТ ДОБАВУВАЧИТЕ И ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ КОИ ИМААТ СЀ ПОГОЛЕМИ ПРОФИТИ Маркетите се први на удар, а никој не ги контролира цените на производите пред да влезат во продавница

Sase Ivanovski

„8 СЕПТЕМВРИ“ ЌЕ СТАНЕ РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР Владата сака да ги искористи капацитетите за да го растовари Клинички

Sase Ivanovski

Дурмиши: Легитимно е да има бојкот на маркетите

Sase Ivanovski

Извештај: Бугарија спроведе само седум од 28-те антикорупциски препораки на Советот на Европа

Sase Ivanovski

Гутереш повика да се избегне каква било форма на етничко чистење на Палестинците

Sase Ivanovski

Катастар со нова апликација – Граѓаните со еден клик ќе се информираат за својот предмет

Sase Ivanovski

Затворска казна за возач во Бугарија фатен со 3,04 промили алкохол

Sase Ivanovski

Шекеринска – Валтонен: НАТО и ОБСЕ играат клучна улога во изнаоѓањето дипломатско решение за војната во Украина

Sase Ivanovski

Коцевски: Лицето што го прегази девојчето се наоѓа во притвор и така ќе остане до крај

Sase Ivanovski

Џафери обвинува: Албанците се исклучени од клучни позиции и се деградираат искусни офицери

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „Топ тема“: Со прогресивното оданочување, ќе го немаше проблемот со солидарниот данок

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Студио 10 – Гостување на Страшо Ангеловски – претседател на „МААК конзервативна партија“

Sase Ivanovski

Железничката станица во Кочани тоне во молк – Пруга има, вработени исто така, но возови нема

Sase Ivanovski

Маж се самозадоволувал на улица пред две жени во Куманово

Sase Ivanovski

Филипче: Не смее правдата која ја бараат граѓаните да се претвори во нова партизација и окупација преку смена на Судскиот совет од власта

Sase Ivanovski

Здружение на судиите: Јавна осуда на судија не смее да се заснова на шпекулации

Sase Ivanovski

ОЈО Сопругата на Пеце Мирчески користела возила со шофер од фирма со која тој склучувал тендери

Sase Ivanovski

Објавен оглас за избор на 47 јавни обвинители

Sase Ivanovski

Западни весници загрижени и критични по објавата на Трамп за Газа

Sase Ivanovski

20-тина силни земјотреси ноќеска го тресеа Санторини -11.000 луѓе заминаа од островот

Sase Ivanovski

Дојави за бомби во училишта во Загреб

Sase Ivanovski

Силен земјотрес го стресе Санторини, над 11.000 луѓе заминаа од островот

Sase Ivanovski

Обвинителство бара притвор за Пеце Мирчевски

Sase Ivanovski

Пресметка меѓу двајца доктори во операциона сала во Клиничката болница во Штип

Sase Ivanovski

Загина пешак во Струмица, прегазен од камион

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Работниците на „Колска“ се уште чекаат декемвриска плата и К-15, најавена блокада на пругата

Sase Ivanovski

Филипче бара следните чекори и реформи во правосудството да се прават со консензус на сите партии во Собранието

Sase Ivanovski

Камбовски смета дека има обид за политички диктат во работата на Судскиот совет

Sase Ivanovski

Отпочнати претреси во канцеларии во кои се наоѓале документи за јавни набавки за сервисирање на возила од полоцијата и министерството

Sase Ivanovski

Тиииит! Инк: „Зошто 8 Март?“ – Отворен повик за едукатор(к)и

Sase Ivanovski

Мицкоски: Реновиран е Клубот на пратеници, а со Перински почнуваме со теренски активности по општините каде се градат капитални проекти

Sase Ivanovski

ОХРИД СОС: ЈАВЕН ИЛИ ПРИВАТЕН ИНТЕРЕС?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Петрушевски: Пеце Мирчевски ја користел СОЗР за личен профит, СДС го празнеле буџетот за тендери на блиски лица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: До 30 % повисоки сметки за струја, власта повторно удри по стандардот на граѓаните

Sase Ivanovski

Филипче: Потребен е консензус за реформите во правосуството, да не се случи нова партизација

Sase Ivanovski
Вчитувам....