Претставникот на Македонија на Олимписките игри, Владимир Егоров во првото коло ќе се сретне со Аман Шерават од Индија во борење категорија до 57 килограми.
Индиецот е петти носител, па македонскиот борач ќе има тешка задача уште на стартот. Борбите на програмата се утре со почеток од 11 часот, а Еговор се очекува да се бори околу 12 часот.