Владимир Нелоски е најсериозното име кое е во игра за шеф на кабинет на идниот премиер Христијан Мицоски. Нелоски е поранешен долгогодишен претседател на Унијата на млади сили, а сега е член на извршниот комитет и еден од најголемите соработници на мандатарот. Истовремено името на Игор Јанушев високо котира на листата на иден генерален секретар на Владата.
Телевизијата дека идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ ќе има пет вицепремиери. Останува засега нејасно и кој ќе биде на чело на прес службата во Владата и иден портпарол. Согласно новиот деловник, новата Влада мора да се гласа до утре на полноќ.