Иако граѓанските организации во Северна Македонија работат во една добра средина, владата сепак треба повеќе да ги вклучи во процесот на креирање политики. Ова, меѓу другото, беше истакнато во Извештајот на Европската Комисија за 2024 година за напредокот на Македонија кон ЕУ. Порталб.мк го анализираше извештајот за делот кој се однесува на граѓанското општество. Од Европската комисија велат дека Владата треба да ги зголеми напорите за интегрирање на ангажманот на граѓанското општество во приоритетните области и во консултативните активности.
Според ЕК, невладините организации имаат можност да се информираат и да учествуваат во Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, Националниот совет за интеграција во ЕУ и Советот за отворено владино партнерство. Покрај тоа се наведува и дека се потребни итни напори за продолжување на активностите на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество.
„Има итна потреба за развивање на еден одржлив пристап за вклучување на невладините организации во креирањето на политиките на национално и локално ниво и обновување на довербата и соработката меѓу засегнатите страни и повторно активирање на овој важен канал“, се наведува во Извештајот. Покрај транспарентноста на државното финансирање на невладините организации, од ЕК велат дека за правилна имплементација на постојната законска и финансиска рамка потребна е јасна институционална структура за соработка со граѓанското општество и спроведување и следење на владината стратегија за соработка со граѓанското општество 2022 -2024 година.
„Постојните правни и финансиски рамки сè уште треба да се изменат и имплементираат, особено за да се обезбедат одржливи механизми за обезбедување транспарентно јавно финансирање на невладините организации“, се вели во Извештајот. Меѓу другото, во извештајот се нагласува дека граѓанското општество продолжува да има корист од помошта на ЕУ, која им овозможува раст и развој во една поволна средина. ЕК нагласи дека невладините организации и понатаму се гласни и работат во борбата против дезинформациите, говорот на омраза, медиумите, човековите права и други. Исти забелешки за граѓанското општество ЕК имаше и во претходниот извештај. Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Северна Македонија на нејзиниот пат кон евроинтеграциите беше објавен на 30 октомври 2024 година. Целиот извештај можете да го прочитате тука.