Прво, станува збор за табла која е нарачана од претходното раководство на Агенцијата за државни патишта.
Второ, истата е веќе остранета и компанијата Гранит е задолжена веднаш да изработи нова во согласност со одредбите на Законот за употреба на јазиците, која ќе биде поставена на истата локација.
Трето, на иницијатива на Заменик директорот на Агенцијата за државни патишта, Назим Таипи ќе се спроведе интерна истрага за конкретниот случај која треба да утврди дали се работи за технички пропуст или смислена провокација со политичка заднина со цел предизвикување меѓуетнички тензии, слична на неколку други претходно кои успешно ги пресретнуваме.
Апелираме до јавноста со особена будност да проследува одредени медиумски информации во наредниот период, бидејќи како што ќе се обелоденуваат корупциските скандали на поранешни
владини функционери, очекуваме да има се’ повеќе обиди за внесување раздор.